Освен јаткасто овошје , не знам дали има други здрави грицки , иако ни со нив не треба да се претерува зашто се многу калорични.
Абе јас иам една навика со тие грицките, не знам колку е здраво ама штетно не е Обланди многу јадам, ама не колачи туку така таблите обланди...напразно...и многу ми е убаво
Кога и да имаме дома секогаш јадам. Сум слушнала дека и сончогледот спаѓа во здрави грицки . Спојлер Иако има многу калории
Често јадам бадеми, ореви исто, а лешници, индиски ореви ( иако и тие ми се допаѓаат), фстаци, не јадам баш често.
колку јас што се разбирам такви не постојат....е сега гледам дека сте спомнувале бадеми, ореви исл.-ова не се грицки ова сеуште се плодови, не е нешто што е индустриски направено...
Здрави грицки кои ги јадам се: ореви, бадеми, лешници, ф'стаци, костени, сончоглед, семки од тиква, кикирики, соја, леблебии, пуканки, други јаткасти плодови, суви смокви, сув ананас, суви сливи, суви кајсии, суво грозје, сува брусница, урми, друго суво овошје,...