Здрави рецепти

Дискусија во 'Рецепти' започната од CIA, 16 јануари 2013.

  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.025
    Не најдов оваква тема,па отворив нова.Бидејќи ние жените внимаваме на нашата линија,а воедно сакаме да готвиме и да јадеме,без да се здебелиме,тука да пишуваме здрави,вкусни рецепти од кои вагата нема да покаже некој килограм плус :)

    Еве од мене,јас денеска што си приготвив...си испржив црн леб на маслиново масло,претходно потопен во едно јајце изматено...го изедов со јогурт,а вие можете и да си изрендате растителен кашкавал врз лепчињата додека се топли,за да се растопи. :)
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.323
    Во малку маслиново масло, испржете сецкани пиперки, прелијте со домашен кечап и на тоа изматени јајца и чаша јогурт. Превкусно
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  3. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.399
    Женска супер е темата би било добро да споделуваме искуства за здравата храна коja придготвуваме дома, но jac во денешниов рецепт ке морам да те корегирам, намирниците кои ги наброja сами по себе се здрави, но зошто пржено интегрално лебче во jajце, без разлика што е маслиново.
    Под здрава храна се подразбира сурова храна односно зеленчук и овошje нетермички ( ниту идустриски) обработени, баша онакви какви што ни ги дала природата.

    Еве jac ke cподелам еден многу вусен оброк посебно за лубителите на кари од Ана ( сурова сензуална среда)

    Кари бургери

    Состоjkи:
    * 0.5 сушени домати
    *1.5 чаша сончоглед( киснет во вода мин. 2 часа )
    *1 лажица кари во прав
    *2 лажици маслиново масло
    *1 лажица мелено конопово семе
    *суви тревки и зачини по желба
    *Хималаjcka coл( но jac ja користам таа зелената од храна и вино)
    *сусам

    Сите состоjkи освен сусамот се мешаат, може и во блендер, се прават топчина, па се сплескуваат кофтина, се валкаат во сусам.
    Гарнир: се ставаат врз листови спанак или марула се додаваат домати, маслинка и брокула попрскана со таан сос ( 1 лаж. Таан, сок од половина лимон, 1 лаж. Мед 1 лукче и се додава вода по желба)

    Поздрав и избегаваjте прженици, одвоjте барем два дена во неделата на ваква храна, многу поодобро ке се чуствувате ;)
     
    На Anacid и CIA им се допаѓа ова.
  4. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    159
    има многу здрави рецепти на www.8ka.com.mk
     
  5. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    937
    Печеш во еден плех ориз, во друг плех печеш морков, брокула, грашок, компир + салата било каква .. убавина :mm:
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    9.352
    Допаѓања:
    54.497
    Пол:
    Женски
    Салата од брокула и морков рендан, само обарена брокула, изрендан морков, зачинети со маслиново и еден лимон, на отприлика китка брокула со големина на среден цитрон и два моркова, не посолувајте туку обарете ја брокулата со морка сол. Оваа салата е мојот ручек секој пат кога сум на овошје и зеленчук во диетава.
     
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.647
    Допаѓања:
    59.599
    Ова го јадевме со братучедите, обарена брокула и морковче, малку ги варите само, ги ставате во тавче и печете. Малку пред крај рендате растителен или обичен кашкавал, кој како си милува. Јас мислам и печурчиња да додадам, ама брокулата со кашкавалот дефинитивно нема утка. 8)

    Исто, омлет со брокула. Повторно малку ќе ја обарите, пропржите, и нели, поливање со јајце па пржење. Јас секогаш трупам зачини во омлетите, буковец, вегета, црн пипер, оригано, лук дури, така да се што ви оди, ставајте. :D

    Всушност, омлет со се можете да правите, и со печурки, и со пиперки, и со патлиџани, дури и на ајварот можете јајце да му ставите. (ова не знам колку е здраво со ајварчево)

    Наредно, еве за скробниот ден тие што држат УН, компири на коцкички, моркови, магдонос, лук ако јадете и кругови кромид. Сето тоа во тава, со зачини, зејтин, малку вода да не се залепат и се пече. Колку појадро ви се исечкани круговите кромид, мене ми се поубави, така карамелизирани стануваат. :geek:

    Печурки испржени само со малку зејтинче, црн пипер и мааалку црвен пипер, многу се убави. Од оние живите печурки мислам. Можете и пола лажица, лажица павлака со мала масленост, да згусне водичката што ја пуштаат, па се соединува како сос станува.
     
    На Puflice и CIA им се допаѓа ова.
  8. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    13.174
    Пол:
    Женски
    Пица-без грижа на совест.
    Доматно пире, кромид, пченка, шампињони, брокула. Згрешив што ставив сушени домати, многу подгореа.
    Малку кашкавал и многу маслиново масло
     

    Прикачени фајлови:

    • P1205249.JPG
      P1205249.JPG
      Големина на фајлот:
      73 KB
      Прегледи:
      1.982
    На irina91, elisabeta, slavica999 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    426
    Ауу, абре овај омлетов со брокула, мх мх каков е!
    Еве како го подготвив: Ги пропржив брокулата, малку шунка, немаше цело кругче и кажкавалот на загреан и растопен путер. Е во чинијата си ставив павлака малку зачинета со лута сол. И онаму каде што требаше да ми биде омлетот ставив една зденка и врз неа готовиот омлет. Абе прсти да излишеж!
    Инаку брокулата не ја барев, бидејќи зедов од онаа што ни е во туршијата. :)
    Алал да и е на членката погоре што ми даде ваква брилијантна идеја!
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.025
    Јас вчера си приготвив високопротеински оброк.
    Си направив омлет од две јајца и малку млеко,на маслиново масло потпржени и кога беше готово го ставив врз двопек и одозгоре изрендав малку биено сирење.Вкусно,брзо и здраво :)
     
    На SwanMay и the.child им се допаѓа ова.
  11. Andrina

    Andrina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    54
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    80.350
    Пол:
    Женски
    По 100 гр.од кикирики,ореви,бадеми,лешници,сусам,кокос,сончоглед,семки од тиква,суво грозје,суви сливи,суви смокви,суви кајсии,ленено семе,2 парчиња бразилско оревче,сок од 2 лимони,1 кг ливадски мед.Исецкајте во блендер и редете во тегла ред смеса,сок од лимон многу малку ,мед.Ова е за подобрување на имунитетот и ако не сте алергични на нешто од ова.Одлично е.И ситно сецкано и во блендер.
     
    На SwanMay, Hopeful, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Јас ќе споделам еден рецепт што се препорачува за регулирање и подобрување на крвта.

    Потребно е: 2 лимони, 1 главица цвекло, 3-4 моркови.
    Сите продукти се мијат и се сечат на мали парчиња (цвеклото треба да е лупено, лимоните со се кора) и се ставаат во блендер, па се блендираат и се добива погуста смеса. (Би требало да може да се направи и во соковник, па би дошло како сок или како каша).
    Смесата се засладува со мед, а може и со шеќер, кој како сака.
    Од ова излегува поголема количина, па се јаде неколку денови.
    Ако сакате еден оброк од ова, може да ја намалите количината на продуктите.

    И уште еден. Не е некој посебен рецепт, не е ни рецепт, туку мешавина од суви и јаткасти плодови што може да се јаде наместо грицки.
    Ми се каснуваше нешто, па сакав да е здраво и тоа што најдов дома тоа измешав и многу ми се допадна. Вкусно е, здраво и брзо заситува, а и ми остана уште, не можев да го дојадам цело.

    1 рака јатки од ореви, 1 рака суви сливи (јас ставив црни сливи) и пола пакетче суво грозје (околу 50-тина грама) ги измешав во подлабока чинија и добив здрава ужинка.
     
    На the.child му/ѝ се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    14.448
    Допаѓања:
    79.971
    Пол:
    Женски
    девојки дајте некој рецепт за интегрални стапчиња?
     
  15. Chimera

    Chimera Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    756
    Солени стапчиња со семки

    Состојки
    За тесто
    1 шоља млака вода
    1 1/2 шоља интегрално брашно
    1 шоља сенаменско брашно
    2 лажици кафеав шекер
    2 лажици маслиново масло
    1 лажичка сув квасец
    1 лажичка сол
    2 лажици ленено семе
    2 лажици сусам
    За посипување
    1/2 шоља сончоглед
    1/4 шоља сусам
    1/4 шоља ленено семе
    по вкус крупна морска сол
    Подготовка
    Од сите состојки за тесто, освен семките се замесува цврсто еластично тесто. Не треба да е пресуво, ниту да се лепи, па по потреба додадете 1-2 лажици вода или брашно. Додадете ги семките од групата состојки за тесто и измесете рамномерно да се распоредат. Оставете го да стаса, покриено со транспарентна фолија, 60 - 90 мин. Нема да се удвои, само малку ќе се надуе.
    Поделете го на два дела. Секој оформете го во топка.
    Секоја топка расучете ја на хартија за печење на големина 35 x 22 цм. Треба да е многу тенко, зошто инаку нема да бидат крцкави стапчињата. Попрскајте ја површината на кората со вода, посипете со 1/4 од мешавината на семки за посип, покријте со еден лист хартија и расучете, толку, колку да се залепат семките. Превртете ја кората заедно со хартијата, повторно попрскајте ја со вода, посипете со 1/4 мешавина со семки, покријте со хартија и расучете да се залепат семките.
    Заедно со долниот лист хартија префрлете ја кората на плехот од шпоретот. Исечете на стапчиња, малку раздвојте ги, посипете со крупна сол и оставете да стасаат 30 - 45 мин.
    Истото повторете го со втората половина од тестото.
    Рерната загрејте ја на 180Ц.
    Ставете ги да се печат околу 20 мин, малку да се заруменат, исклучете ја рерната, оставете ги уште 15 мин. Отворете ја рерната и оставете го стапчината до крај да се оладат во рерната. Јас печев во два плеха одеднаш, со вентилатор, со тоа што на половина печење ги ротирав плеховите и горе - долу и напред - назад.
    Ако не ги раздвојувавте стапчината пред печењето, откако се оладени искршете ги вдолж линиите каде сте сечеле.
    Чувајте ги во добро затворена кутија.
    За да бидат крцкави важно е тенко да го расукате тестото и добро да го испечете.
    [​IMG]
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EMILI1999

    EMILI1999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    51
    Пол:
    Женски
    Значи прашањево незнам каде да го сместам ај нека биде тука...
    Насабајле сум во школо постојано пра смена дека сум осмо одделение и да прашам што нешто здраво да јадам за доручек и така немам многу време а брзо огладнувам ????
     
  17. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    Еве од една страница најдов.

    Пица од босилек и домати

    Користење на пченично тесто во правењето на пица ги намалува калориите на половина. Сите состојќи треба да ги мешате и постепено да ги редите на тестото. Исто како и обичното правење на пица.

    Состојќи: брашно, лук, пршута, домати, босилок, пармезан, сирење, мелена црвена пиперка.

    Калории: 318
    [​IMG]


    Пица со сирење

    Оваа пица се прави со домашно тесто и бидејќи не се употребува многу зеленчук не заборавајте од страната секогаш да послужите зеленчук.

    Состојќи: домашно тесто, маслиново масло, сос за пица и сирење.

    Калории: 356
    [​IMG]


    Пица со зеленчук

    За да ја направите оваа пица користете веќе подготвена кора за пица.

    Состојќи: сос за пица,козјо сирење,печени пиперки и листови од спанаќ.

    Калории: 346
    [​IMG]


    :) :)
     
  18. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Кората на лимоните е неверојатно токсична, не си играјте (освен ако не се лимони од сопствено дворче). На кутиите убаво си пишува дека кората (и кај портокалите на пр) е токсична и не смее да се употребува во исхраната на луѓето.
     
  19. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Лионес фала за информацијата :) .
    Не знаев дека кората била токсична :o . Отсега нема да користам лимон/портокал со се кора.
    На кои кутии пишува за ова?

    За во рецептот тогаш, наместо лимонот со се кора, може да се исцеди и да се употреби сокот; или пак,
    лимонот да се излупи, па да се изблендира.
     
  20. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.796
    Тоа го пишува на кутиите во кои е спакуван. За да го преживеат транспортот, а и претходно, агрумите ги прскаат со едно чудо хемикалии.

    Еве нешто малку за тоа

    Domaćice koje koriste koru limuna za poslastice truju svoje ukućane.
    Petar Bogosavljević, predsednik Pokreta za zaštitu potrošača Beograd, tvrdi da je uzorkovanjem robe na tržištu u više navrata nailazio na limun na čijoj je originalnoj ambalaži stajala deklaracija sa upozorenjem da kora nije za ljudsku upotrebu.
    Problem je u tome što se te deklaracije, koje se uredno predaju na graničnim prelazima, kasnije na putu do potrošača izgube, tako da građani i ne znajući kupuju limun koji je tretiran pesticidima za zaštitu od truljenja. To je vrlo ozbiljan problem, koji može za neke potrošače biti i poguban.
    Novinari, obilazeći radnje i maloprodajne objekte u centru grada, pronašli su na nekoliko mesta agrume na kojima je na jedva vidljivoj deklaraciji između ostalog napisano da kora limuna, odnosno pomorandži, nije za ljudsku upotrebu.
    Da stvar bude gora, deklaraciju smo morali da čitamo bukvalno pod lupom jer je upozorenje napisano uz brojne slovne i gramatičke greške...
     
    На Hopeful и sunfemina им се допаѓа ова.