1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здрави рецепти

Дискусија во 'Рецепти' започната од CIA, 16 јануари 2013.

  1. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Еве еден прекрасен сајт кој ја промовира здравата исхрана на еден невообичаен начин. Користени се многу продукти кои кај нас ги нема, но со мала модификација можете да добиете прекрасни идеи за здрави рецепти, особено за децата.
    http://www.thisrawsomeveganlife.com/
     
  2. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Ми треба нискокалоричен рецепт за соја и спанаќ....
    Купи си убавина и здравје,имаш додаток од Виталиа,рецепти.Баш таму има рецепт за интегрални стапчиња.И многу други рецепти...Интегрални шпагети со соја болоњезе,соини шницли,салата со соја....Слатки ствари...Колачиња,палачинки...Се нискокалорично и здраво :D
    [​IMG] Повели,наздравје! :D

    http://fbapps.kajgana.com/vitalia/r...ept/2012/october/53/zdravisolenistapcinja.jpg
    И овој....
     
  3. SmilerGirl

    SmilerGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2011
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Палачинки од банани
    потребно: 1 банана,2 јајца
    Во блендер ја ставате бананата и јајцата и правите течна смеса.Потоа ја пржите со малку маслиново масло(или обичен зејтин).Ако немате блендер можете со виљушка да ја испасирате бананата.Ако сакате можете да додадете цимет или нешто друго.
    Рецептов е супер бидејќи е здрав и се прави со само 2 состојки. :)
    [​IMG]
    (сликата е од интернет )
     
  4. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Ме мрзи да ја читам цела тема па ако може некој да ми предложи рецепт за вегетаријанска мусака, значи само со зеленчук или такво нешто, зашто и соја не јадам.
     
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    http://allrecipes.com/recipe/vegetarian-moussaka/

    http://www.epicurious.com/recipes/food/ ... aka-102153

    Не можев да најдам на македонски :?:
     
    На manja666 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. b.o.n.i

    b.o.n.i Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    1.137
    Здраво феминки :) Од неодамна купив трици :D Си реков ај имам слушано дека се здрави, ќе ги искомбинирам некако.. ама неможам да најдам некој добар рецепт на нет. Има ли некоја од вас која ги пригодтвувала некако, па да сподели рецепт, само да не биде некоја каша, тоа ич не ме привлекува :D


    Инаку да споделам рецепт со вас, кој си го правам од кутура- бургери од леќа: варам леќа, и во варивото ставам и цел кромид, цели пиперки и моркови. Се да се свари, па ги вадам после комидот пиперките и морковите и ги блендирам. Леќата ја цедам. Потоа пак ги соедниувам состојките, додавам јајце живо, едно или две зависи од количината, ставам презла, зачини по желба и правам плескавичиња. Во тавче на мрсна хартија ги редам плескавичињата, им попорскувам одозгора масленце да не бидат ептен суви, и ги печам. Некои гледам слично приготвени ги пржат, ама јас чим се трудам да бидат што поздрави, ги ставам да се печат. После добро одат со домат, сиренце, кисело млекко...или некој сос...
     
    На angela.kostova му/ѝ се допаѓа ова.
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.892
    Допаѓања:
    102.978
    Пол:
    Женски
    Здрава проја

    3 јајца се матат со миксер , се додава 1 филџан за кафе интегрално брашно, 1 ф. Ржано брашно, и 2 чаши бело брашно, се ставаат 2 шољи јогурт, 150 гр. Сирење, 1 лажица ленено семе, 1 пециво. Се истура во сад за печење претходно намачкан со маргаркн или зејтин и набрашнет, се пече додека се зацрви одозгора. По желба се додава интегрален сусам.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.317
  9. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    641
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Салата со буковки и наут

    Буковките претходно зачинети со зачин и малку масло испечете ги на скара или на тостер. Наутот може сами да го сварите или да користите готов од конзерва. Кинеската зелка убаво измиена исечете ја на парчиња, посолете ја, додадете го наутот и полијте ја салатата со маслото од макадамија и маслиновото, додадете го соја сосот и балзамираниот оцет. Нарендајте многу малку од свежиот ѓумбир. На крај врз салатата додадете ги потпечените буковки, исечениот кашкавал на коцки и наросете со пармезан.
    Потребно ви е: 1/2 кинеска зелка, 300 гр свежи буковки, 200 гр наут од конзерва, 20 гр свеж ѓумбир, 100 гр пекорино кашкавал, 10 гр пармезан, 2 лажици ладно цедено маслиново масло, 1 лажица масло од макадамија, 2 лажици светол соја сос, 3 лажици балзамиран оцет, малку сол.

    Пилешко со спанаќ

    Потребно:

    • 4 парчиња бело пилешко месо
    • 200 гр спанаќ
    • 25 гр сирење
    • 500 гр домати
    • 1 главица кромид
    • 2 лажици суви билни зачини
    Подготовка:

    Месото засечете го на неколку места така што ќе добиете џебови. Спанаќот пропржете го во малку масло со исецкан кромид, а потоа тргнете го од оган и додајте сирење исечено на коцки. Со оваа смеса наполнете го месото и џебовит затворете ги со чечкалица. Месото зачинете го. Во тава загрејте масло и во него испржете го месото.

    “Крем со јаболка и ореви”

    Брзо, вкусно и слатко… Направи го за една минута!

    Состојки:

    • 2 јаболка
    • 150гр ореви
    • 250 мл слатка павлака
    • 250 гр крем сирење со благ вкус
    • 2 лажици шеќер во прав
    • 1 кесичка ванилин шеќер
    • сок од лимон
    Подготовка:

    Јаболката исечкајте ги на парчиња, па прелијте ги со сок од лимон за да не потемнат.

    Изматетего сирењето со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер, а во друг сад изматете ја слатката павлака. Додадете ја павлаката во сирењето, матејќи со движење од горе на долу.
    Оревите исечкајте ги крупно, па распоредете ги во чашата. Одозгора ставете јаболко па крем. Наполнете ја чашата до врв, со повторување на слоевите додека не се потрошат состојките.

    Внесот на течности во телото е многу битен за одржување на балансот на организамот и неговото правилно функционирање. За да се чувствувате подобри, поенергични, полни со елан, денес Ви нудиме вкусен рецепт за Смути со банана, киви и Spirulina Pacifica.

    Ова вкусно Смути ќе ви помогне при подобрување на вашиот имунитет, добросостојба и ќе ви помогне да го подобрите вашето расположение, што за време на ваквите летни температура веруваме дека ќе ви биде одличен стимуланс за зголемување на вашата енергија во текот целиот ден.

    Рецепт за банана-киви Смути за подобрување на расположението.

    Потребни состојки:

    • 1 замрзната банана
    • 2 киви (исецкани на коцки)
    • 1 рака замрзната аронија
    • 1 чаша ќефир
    Состојките се мешаат во блендер заедно и пет минути пред да се создаде целосна хомогена смеса се додава една лажица Spirulina Pacifica.
    Овој вкусен напиток го препорачуваме да го пиете за време или пред оброк, а за да има најголем ефект најдобро е да се консумира пред ручек.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Рецепт за некои суви колачиња (сечени со модли), од поздрави состојки како ржано/интегрално брашно, цимет, црно чоколадо....?
    Има во здравата куќа многу вакви, ама никако да најдам рецепт за дома да ги направам.
     
  11. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1487941604743.jpg
    FB_IMG_1487941378245.jpg
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lav4ence.e.e

    lav4ence.e.e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    407
    Допаѓања:
    245
  13. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    На страната на Гореније
     
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Kиноа со печурки
    Потребни состојки:
    100 грама свежи печурки
    1 чешне лук
    1/2 лажица сува мајчина душица
    1 шоља киноа
    хималајска сол
    црн бибер
    куркума
    маслиново масло
    сок од лимон
    магдонос

    Киноата сварете ја на тивок оган.
    Откако ќе ја исцедите киноата, на тивок оган во тавче пропржете на маслиново масло лук и додадете му ги свежите печурки и зачините. За крај додадете малку цеден лимон и ситно исецкан магдонос.

    Сакам здрава исхрана и уживам да подготвувам здрави оброци, па ако имате некои брзи, здрави рецепти споделете. :)
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Ги пробавме, не ми се свиѓаат.
     
    На KuklickaMoja, Lovelybaby<3, Soncence3 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Нутела- здрава домашна варијанта

    Нема мерки, се става колку што планира да се изеде. Одлично е како намаз на палачинки.

    Таан
    Малку какао
    Мед
     
    На mira.mira, tina2018 и GirlVolley им се допаѓа ова.
  17. Dragonfly889

    Dragonfly889 Активен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2020
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    25
    Пол:
    Женски
    Еве некои интересни намази кои ги правам, може да се јадат за доручек или како комбинација
    со други јадења.

    Намаз од сончоглед
    - 200-300 грама чистен сончоглед се става во вода да одстои цела ноќ.

    Се процедува, и се блендира(или со рачен миксер) со пола цеден лимон, сол, сенф(по желба).

    Хумус

    -Може сиров Наут од пазар или конзервиран наут.
    Доколку користите сиров Наут треба да одстои во вода
    12 часа со малку сода во водата, и наредниот ден да се вари додека не омекне наутот.
    Сварениот наут се блендира со исцеден лимон, 1-2 лажици таан, 2-3 парчиња лук(по желба),сол,
    јас ставам и пола лажичка сенф.

    Макало со суви пиперки и кромид

    Сувите пиперки(количина по желба) се варат 30мин со 2-3 главици кромид.
    Смесата се блендира се додава масло, лукче, сол и малку кечап за поубав вкус.
    По желба можете да додадете и малку праз.
     
  18. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    650
    Пол:
    Женски
    Девојки има ли тема низ форумот со рецепти за здрава и протеинска храна како и домашни протеински шејкови за пиење за билдери? Доколку нема би можело ли да се отвори таква тема во категоријата со фитнес теми? Бидејќи тука има многу разно разни рецепти така да тешко е да се пронајде таква тема но доколку има пиштете ми линк. Јас барав неможев да најдам но за во фитнес темите сметам дека би било подобро тие рецепти да ги има во таа категорија.
    Зборот на темата ми беше да биде со цел да си помагаме сите ние кои вежбаме да се храниме здраво и да внесуваме протеини со домашни рецепти за оброци и шејкови. Секој што знае ќе пише некој рецепт (може и со слика од оброкот ) дали за храна или за шејк, рецепт кој за некого би било нешто ново.
    На пр јас понекогаш стварно немам идеја што да јадам и земам интегрални глупости од продавница.
    Сретнав само тема за протеински шејк но за тие во прашок што се купечки но за домашни рецепти не сретнав тема. Доколку има да не отварам дупли теми.
     
  19. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    12.814
    Пол:
    Женски
    Кажете ми некои рецепти кои се прават со соја сос. Немам идеа во што да го ставам.
     
  20. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    1.020
    Допаѓања:
    7.229
    Jas go stavam vrz bel oriz koga go jadam so pileshko.