Оваа салата ми е омилена и обавезно еднаш неделно ја имам за ручек. Состојки: Туна,марула,патлиџан,тофу и кубети. Единствено тофуото го сечете на тенки парчиња и го ставате да се измаринира минимум 30 мин во соја сос, јаворов сируп и лук во прав. Потоа ја загревате тавата со малку маслиново масло и веќе маринираното тофу го карамелизирате околу 5-6 минути. На крај ги ставам сите намирници и додавам балсамико сос. На здравје .
Незнаев каде да го поставам прашањево па се надевам ке добијам одговор Подолг период вежбам дома, внимавам на исхрана но имам проблем со благото Јадев многу благо и некако ми е тешко да се одвикнам од него Не јадам количински многу но ако денес јас не земам еден ред чоколада ке ме убие нервоза Па затоа барам некој рецепт нешто со банани путер или овесни снегулки Се што барав по нет е со суви смокви или урми а јас тоа не го јадам Некоја ако има некоја идеа би ми било од корист
Бомбици од пасирани банани,од јаболка рендани торта со моркови имаш мал милион идеи за здрава исхрана.Што се однесува до чоколадо ако баш јадеш нека биде црно чоколадо тоа ем не е калорично ем е добро за здравјето
Во текот на еден ден, еден ред чоколадо и не е некој голем проблем. Изблендирај ги урмите и не се осеќаат во колачите.
Не дека сум нешо стручна на темава, ама според мене би било дали со чисто јунешко месо, дали мисиркино, без додаток на леб во смесата, може само белка од јајце да го врзе и зачини минимално, сол, бибер, буковец... кромид насецкан.
Домашни овесни колачиња: 150 гр. овесни снегулки 1/2 прашак за пециво 1 кафена лажичка цимет 1 кафена лажичка екстракт од ванила 1 прстофат сол 1 јајце 3-4 супени лажици млеко (може и растително) 1 зрела банана Засладувач по вкус (оригиналниот рецепт беше со 30 мл. јаворов сируп, бидејќи немам еднаш ставив браон шеќер - 3 супени лажици, другиот пат користев 2 супени лажици мед) 60 гр. суво грозје (или брусници или некое друго суво овошје, само ако е големо исецкај го) 70 гр. сецкани ореви (може да си ставиш бил кој јаткаст плод како лешници, бадеми или семки како сусам, сончоглед, тиква, само ако се сирови може прво малку да во тавче без зејтин да ги порумениш прво) (во оригиналната рецепта имаше и кокосов путер малку растопено, а може и зејтин некои 20-30 мл., имам пробано и масни и не масни, нема голема разлика) Суви состојки: пола од овесните снегулки измели ги во прав и измешај ги со другата половина несомелени овесни снегулки. Додај ги прашакот за пециво, циметот, солта (ако користиш шеќер и него). Додај ги сувите плодови и јаткастите плодови и семки. Мокрите состојки: Јајцето измати го со вилушка и додај му го млекото, екстрактот од ванила, а ако користиш мед и путер од кокос или масло и нив додај ги и измешај ги. Бананата испасирана со вилушка додај ја во смесата. Измешај ги сувите и мокрите состојки темелно додека не добиеш леплива смеса. На хартија за печење стави со лажица стави топчиња и обликувај ги во колачиња со дебелени од 1-1.5 см. Не нараснуваат така да нема да се залепат едно со друго во печењето. Се печат 20 минути на 180 степени. Смесата е доволна за 12 средни колачиња. Едно до две и ќе те заситат. Ако сакаш веганска варијанта, млекото замени го со растително млеко. Наместо јајце може да употребиш и мелен лен. Пред да почнеш со правењето на смесата стави во една чашка една кафена лажичка лен и измешај ја со малку вода, околу 4-5 кафени лажички вода (или од око додај, да ја упие водата..). Остави го 15-ина минути да набабри и да се згусне ленот. Ќе стане малку помазна и лигава смесата и тогаш стави ја во другите состојки според рецептот.
Подобра опција ти е црно чоколадо со над 70% какао. Чоколадите за готвење содржат многу повеќе шеќер, башка повеќето се од типот на шеќерни табли, јас лично почнав да ги избегнувам и за готвење, оти не се ни топат убаво, ниту пак имаат убав сјај кога ќе се стегнат како глазура, за разлика од темните чоколади. Односно, не се ни какви што беа порано, сменети се.
Предложете ми рецепти за здрав ручек. Што готвите на овој пекол кога не може ниту да се јаде? Варено или печено да е, само не пржено, веќе немам идеа.
Поховани пилешки шницли во рерна и печен зеленчук во рерна ( морков, тиквици, компир, кромид, печурки).
Димен лосос: Подгответе брза закуска Намачкајте тост со путер и крем сирење, додајте го димениот лосос на Pitenis, гарнирајте со салата, кромид и копар, прелијте со балсамико - брзо, вкусно и елегантно! Димен лосос Pitenis-достапно во Деликатесен Тинекс Беко и Деликатесен Тинекс Водно.
Еве еден предлог за вкусен и здрав десерт без грижа на совест толку е вкусен дури не ми се верува Барчиња без печење, многу брзо и лесно се прават. -За база- 165 гр. мелени бадеми 50 гр. мелени овесни снегулки (јас ги мелам и овесот и бадемите во блендер за да се добие брашно) 50 гр. кокосово масло (стопено) 1 лажица мед (може и помалку зависи колку благо сакате да биде) -За карамел- 150 гр. урми 50 мл. вода од урмите (објаснето е подолу) 50 гр. путер од кикирики или бадеми 30 гр. кокосово масло (стопено) прстофат морска сол -За прелив од чоколадо- 100 гр. темно чоколадо 1 лажичка кокосово масло 1. Во сад измешајте ги мелените бадеми, овесот, медот и стопеното кокосово масло додека да се добие текстура на песок или ронливо тесто - база. Смесата се става во долгнавест калап за печење леб обложен со хартија за печење (ќе ставам слика подоле од калапот) и се притиска со рака да биде рамномерно распоредено. Смесата се става во фрижидер малку да се стегне. 2. Во сецко или појак блендер се ставаат урмите заедно со 50 мл од водата (урмите претходно натопени во топла вода и оставени да омекнат 10тина минути), путерот од јатки, стопеното кокосово масло и прстофат сол. Се блендира додека не се добие мазна и густа смеса - карамел. 3. Врз базата се истура карамелот и рамномерно се распоредува. Се враќа во фрижидер и се остава да отстои најмалку 3 часа за убаво да се стегне. 4. Темното чоколадо се топи заедно со кокосовото масло, и потоа се прелева рамномерно преку стегнатата смеса извадена од фрижидер. Се остава да се стегне на собна температура или во фрижидер на 5-10 минути. 5. Се сече на барчиња или друга форма доколку сакате. Thank me later Калапот е важно да биде долгнавест, за да може да се сече на барчиња.
Јас би додал уште нешто дека истиве барчиња можат да станат и протеински со додавање мерица една или две веј (сурутка) протеин дали чоко, ванила, јагода, итн. во составот и не само што ќе се збогатат со вкус него и нутритивната вредност ќе стани поголема.