Здрави рецепти

Дискусија во 'Рецепти' започната од CIA, 16 јануари 2013.

  1. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    47.385
    Пол:
    Женски
    Може пр. помалку гр. овесни , па на местото протеин и да се вметне во базата или?

    Да се едитирам:
    Јас ги правам овие бомбици. Брзи и лесни.
    Во сецко ставам 300 гр урми и 120гр ореви.
    Се блендаат до хомогена смеса, па се формираат бомбици. Се валаат во кокос( јас ги оставам така, не сум љубител на кокос)
    Толку
     
    На theowndemon и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    9.493
    Пол:
    Женски
    Не сум ставала протеин до сега, ама сигурно може. Битно е текстурата на базата да биде како ронливо тесто за да може да се натапка рамномерно во калапот.
     
    На eliesaab и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  3. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.697
    Допаѓања:
    9.535
    Пол:
    Машки
    Може да.
    Овесот најчесто се користи за да ја врзи и соедини смесата со остaнатите состојки, меѓутоа ете и не мора да има овес ако ставиш ореви зошто и тие ја врзуваат смесата но ќе ти треба повеќе количина. Можеш да ставиш помалце овес, повеќе протеин, ореви, урми итн. и да дојди сооднодот 1-3. Самите состојки ќе ти кажат што треба, овесот најчесто е за да врзи.
     
    На eliesaab и Kasiopaja221 им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.298
    Допаѓања:
    57.315
    Пол:
    Женски
  5. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Ај да споделам два брзински рецепти, еден е оброк, друг ужина.

    Бургерчиња со пилешко и брокула
    Многу едноставно, еден пилешки стек, пола кромид и една чаша обарена брокула ставам во блендер. Додавам сол, црн пипер, куркума, кари, понекогаш лук во право, по малце од око. Го блендам. Од смесата формирам плескавички кои или ги печам на пех хартија, или ги пржам на подмачкано тавче со капка масло.
    Кога ги печам, знам и одозгора малце со пармезан да поросам, превкусни се! Лесен и брз оборк.

    Протеинска ужинка
    Канче од 150г грчки јогурт со 2% масленост, мерка протеин од лешник го мешам да добијам хомогена смеса. Додавам лажиче чиа семки, понекогаш и сецкани 4-5 бадеми, и еден или два помали олупени и насецкани портокали. Го мешам сето тоа, го оставам 15тина минутки чијата да набабри и спремно е. Омилена ужинка ми е ова во последно време. Превкусно!

    А во случај да неќете протеински прашоци, може и сурутка во прав на Биокосмос, јас од Кам ја земам. Така има повеќе млечен вкус.

    Урми со кикирики путер
    Втора омилена и брзинска ужинка ми е само урми со малце кикирики путер одозгора и многу малце сол ќе поросам. Стварно е превкусно, две-три урми вака за ужинка се топ.
     
    На Mumoftwo30 и rainbowec им се допаѓа ова.
  6. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.344
    Допаѓања:
    9.493
    Пол:
    Женски
    Доручек:
    Исецкана зелка
    Динстан мисиркин стек
    Дресинг од грчки јогурт, маслиново масло, балсамико и сол.
    Едноставно а превкусно, мх мх :nod:

    image0 (3).jpeg
     
    На Ne znam koj, GymGirl❤, Mumoftwo30 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Ми треба рецепт за торта, може и да е сирова, а може и да содржи крем сир, само да не содржи шеќери, освен природни засладувачи како урма на пример и да е со фстаци. Нешто како сиров чизкејк со фстаци.
     
    На GymGirl❤ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Има на профилот на инста кај мартина хелти кичен иста ваква торта како што ја опиша и јас сакав да ја правам.
    Јас сакам за роденден некоја здрава торта да си направам ради тоа и барав и некоја поголема така :inlove:
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Ја најдов, да си ми жива и здрава. Фала ти! :l:
     
    На GymGirl❤ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Само што ја направив и ја ставив во фрижидер. Вака состојките коа ги пробував вкусни се, не се сомневам во вкусот. Само јас во последниот чоколаден дел ставив и еден желатин бидејќи се сомневав дека нема да се стегне убаво. Јас од тој кокос во конзерва од дм земав, а и тој од кам ми е така течничок. Се надевам нема да ја утнам целата торта на толку малтретирање.
     
    На GymGirl❤ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Аии со здравје да си ја јадеш :inlove: Јас сеуште не сум направила чекам одмор од работа да се ослободам уште малку па ќе експериментирам :lol:
    Па кажи како ќе испадне и дали е вкусна откако ќе ја пробаш. :l:
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Цунами

    Цунами Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    691
    Пол:
    Женски
    Чекам вечер после 12, ја спремив како изненадување за роденденот на дечко ми. Ќе видиме шо сум спремила :rofl: Ова желатинов за вкусов малце ме буни, ама битно ја стегна, за вкусот ќе известам.
     
    На GymGirl❤ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    1.014
    Пол:
    Женски
    Хаахахаха аии ова е стрес богами хахахах, јас уште сега се стресирам дали би им се допаднала на гостите (друштво де) :lol: бидејќи не секој јаде здраво, но неможам да си замислам јас као gym girl со нездрава торта пред мене за мој роденден :rofl: башка имам фрлено мерак на здрава торта одамна. Што е до мене јас едвај чекам да јадам таква :lol:
     
    На Цунами му/ѝ се допаѓа ова.
  14. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    3.960
    Сок антиоксиданс
    Состојки:
    – 3 стебла целер
    – Половина главица кромид
    – 1 чешне лук
    – 1 стебло брокула
    – 1 јаболко

    Сок од цвекло
    Состојки:
    – 2 цвекла
    – 2 моркови
    – 2 јаболка
    Подготовка:
    Сите состојки се цедат во соковник. Се сипа во чаша.

    Сок од цвекло 2
    Состојки:
    – 3 цвекла
    – 1 см корен од ѓумбир
    – 1 пиперка
    – 2 јаболка
    – 1 чешне лук
    – 2 стебла целер
    Подготовка:
    Сите состојки се цедат во соковник. Се сипа во чаша.

    Сок од брокула и морков
    Состојки:
    – 1 стебло брокула
    – 2 моркови
    – 1 јаболко
    Подготовка:
    Сите состојки се цедат во соковник. Се сипа во чаша.

    Сок од зелка
    Состојки:
    – 1/8 зелка
    – 4 листови спанаќ
    – 2 гранчиња рузмарин
    – 2 моркови
    – 1 јаболко
    Подготовка:
    Сите состојки се цедат во соковник. Се сипа во чаша.

    Сок од морков
    Состојки:
    – 3 моркови
    – 6 листови спанаќ
    – 1 чешне лук
    – Половина лимон
    – Прстофат ајварска пиперка (мелена црвена пиперка)
    Подготовка:
    Сите состојки се цедат во соковник.

    39134.jpg
     
    На UsenameNotFound, GymGirl❤ и Aleks.mar им се допаѓа ова.
  15. UsenameNotFound

    UsenameNotFound Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    @franca дали додаваш вода за да ги разредиш малку или како смути ги пиеш?
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  16. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    3.960
    Не се додава вода во цеден сок ,туку се пие одма ,така се најздрави , како како смути ? Од соковник се прават ,не блендер сок е подобро од смути ,не оптеретува ништо ,со смути желудникот пак работи. Сокот одма влегува во крвотокот и го чисти телото од токсини
     
    На UsenameNotFound му/ѝ се допаѓа ова.
  17. UsenameNotFound

    UsenameNotFound Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Јас немам соковник и обично со блендер правам, затоа прашав. Обично додавам вода затоа што колку и да се блендира пак е густо - не е како цеден сок.
     
    На franca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.478
    Пол:
    Женски
    Да одговорам јас неповикана... Најубаво е да си земеш соковник , ватите од блендерот ги уништува хранливите материи за цедење овошје или зеленчук, ако во иднина се одлучиш да купиш соковник гледај да не биде повеќе од 200w па ќе ја видиш разликата , џабе се мачиш да процедуваш од блендер ; (т.е. мислев процедуваш преку газа како што прават ама пак не е тоа-тоа) :) преку блендер е обично смути , најубаво е да се пијат сокови и смути без додавање на вода за да се задржат такви какви што се ,затоа се препорачува одма да се пие и јаде свежи бидејќи во допир со воздухот брзо ги губат хранливите вредности.
     
    На franca и UsenameNotFound им се допаѓа ова.
  19. UsenameNotFound

    UsenameNotFound Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Јас користам блендер затоа што мислев така дека се задржуваат растителните влакна (или барем дел од нив).

    Инаку 200w нели се малку?
     
  20. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    5.478
    Пол:
    Женски
    Ок е и смути ,ама како што кажа и членката , со смути желудникот работи со цеден сок не оптеретуваш апсолутно ништо. И смути и сок е убаво , подобро да ги имаш на мени од колку воопшто не.
    Не, мојот е 150w , сокот е без пена и споро го цеди , над 200 w тоа се центрифуга соковници кои брзо го цедат сокот и го претвораат во пена , затоа соковниците со мали w се и поскапи од 14.000д па нагоре.
     
    На UsenameNotFound и franca им се допаѓа ова.