И јас не се сеќавам што пишуваше, и мојот е од поодамна а и нешто го зезнав сега ми мириса многу јако, кога готвам во него цело јадење ми се умирисуваше и не се јадеше и го баталив.
Женски што барате садови за готвење, видов дека на Братство се на акција во тинекс маркетите со купони, чисто за инфо ако на некоја и треба. Јас ќе си го земам тенџерето од 4.5 литри , уште такво немам
Женски, дали ги користите тавите TVS GIUGIARO DESIGN MADE IN ITALY (INDUCTION)- Ги даваа едно време во тинекс со купони, црни се по боја. Едната по грешка ми се гребна и нешто читав за штетните состојки кои ги испуштале па дали имате некои сознанија? Инаку за готвење се супер, не лепи и слично.
За чување на храна, најздраво е во стаклен сад, затоа и практикувам. Пластиката не се препорачува, а од друга страна еден голем дел од фабричките прозводите се со пластична амбалажа. Колку и да се трудиме, не можеме да ги избегнеме.
Какво мислење имате за Metalac садовите за готвење? Ми се бендиса една длабока тава, но се двоумам. Сликите подолу се од неа. Ваше мислење?!
Здраво. Сакам да земам сет садови за готвење од ростфрај, барав на нет дали се здрави за готвење во нив но неможев да најдам.Дали имате некој? Лесни ли се за одржување и пред се дали храната зготвена во нив е здрава?
Според вас што е подобро, емајлирани производи на Металац или инокс на Братство?Или пак инокс на Металац? Конкретно се работи за нивните тенџериња во поглед на безбедноста, квалитетот и одржувањето. Затоа што пишува дека готвењето во емајлирани производи е најбезбедно, од друга страна пак росфајтот ми изгледа како поквалитетен. Што мислите во поглед на одржувањето?
Што ќе кажете за садовите (конкретно за тенџериња) од Карес на приземје во Сити Мол? Дали се квалитетни или да барам од друго место?
http://moss.mk/index.php?route=product/product&path=78&product_id=220&sort=p.price&order=ASC мислење ве молам. Денес ја купив. Прашав дали ќе лепи рекоа не. Пробав едно јајце да испржам цела куќа ми замириса на изгорено. Како се користи да не треба мнооогу зејтин да ставам ичи едноставно не е за пржење... За што да ја користам и како од кога веќе ја купив