Дали некој ги користи садовите на Tefal.? Се двоумам помеѓу Братство и Тефал. Кои се вашите искуства?
Јас од делумно ич не сум задоволна. Имам една тава и уште при првата употреба на средината се направи како шилка и само таму стои, не стои рамно на ринглата. Притоа се слушна звук мислев целата плотна распукала. Не можев да ја рекламирам бидејќи ми беше поклон. Сепак познавам луѓе задоволни од нивните садови. Моето е само лошо искуство.
И јас од Делимано не сум задоволна. Имав една тава тефлонска на времето и брзо се расипа. Сега пак купив грил тава демек керамичка дно бла бла и одма смени боја и се искриви. Само реклама се и ништо повеќе. Инаку готвам во Братство тенџериња и во Цептер и супер се и едните и другите. За нелепливи имам една тава од Тефал на која душата и ја извадив и добра е уште, една керамичка за палачинки од Технополис што е исто супер и грил тава на Делимано што не ја бива. За чување најдобро ми се стаклените кутии на Фриговере, иако и оние на Curver од Веро со бонови купени ми се исто добри сега за сега.
Сакам да се подновам со тава за готвење и си мислев да се расчитам кои се најздрави подлоги за тави, најдов една статија. Е сега што ме занима е дали некоја феминка има вакви садови, дали од железо, од нерѓосувачки челик, и од кај ги зела. Исто ме занима пржењето во тие садови како иде. https://drmitov.mk/matrijali_za_gotvenje/
На делимано и тефал користам, оддамна. Тефал се индукциски, и се преубави, не загорува храната воопшто.
Нерѓосувачки челик (инокс) можеш да најдеш од Братство, а пред некој ден ги гледав од Металац - иноксот им е многу убав. Ми се видоа поскапи од Братство, ама со оглед на тоа дека Братство продава втора-трета класа како прва во последно време, мислам дека вредат. Дали мене така ми се погоди, не знам, ама се што последно гледав од Братство е со некаква маана, во повеќе дуќани. Одамна се обидувам да готвам во безбедни садови, сега гледав стануват популарни тава.мк, од леано железо се, сум во план да купам. Металац имаат емајлирани садови за чување храна, а во една продавница најдов и иноксни. Сѐ уште не сум зела. Исто, во потрага сум по дрвена даска за сецкање, ми требаат препораки за некој што изработува од чисто дрво. Ако знаете пишете.
Јас од tava.mk си нарачав гусана тава и даска за сецкање и воопшто не згрешив. Малце треба да се совлада готвењето во леано железо ама е дефинитивно добар избор ако сакате здраво готвење. Јас земав по препорака ама можам и од искуство сега и јас да препорачам. Даската ја земав поскапа е нешто со орев дрво ама вакво нешто не сум видела досега еве колку време ја користам не се познаваат исекотини по неа како нова е, македонскo производство е од тава ја порачав имаа на страната.
Фала ти што ми пиша. Баш сакав да чујам или прочитам искуство за тава.мк. Здравје од следна плата обавезно земам.