Ги меркам и јас одамна. Баш читав ептен позитивна рецензија за тавите кај човек што го следам, а пасија му е готвење. Пишуваше дека е презадоволен.
Уффф. Ме стави сега на мисла. Го меркам тоа најмалото 3л што е 3300. Предобра инвестиција е. Другите садови сите ми се инокс и баш ми недостига уште вакво некое за да се комплетирам. Па се ми искачаат такви реелс за месо готвено 3 саати во гусени тави и ептен сум во висок старт.
Јас од тавите сум задоволна, одлични се. Тенџере немам, ама верувам дека и тие се супер штом тавите се покажаа. Јас веќе дефинитивно сум префрлена на помалку штетни садови за готвење, се' ми е од инокс (тенџериња и вок тава) и iron cast (тави за пржење и печење). Најубави палачинки ми излегуваат во овие гусани тави, милина.
Леле фала ти на споделеното искуство. Дефинитивно ќе земам. Инаку јас од прво вселување си купив само инокс од металац, пре задоволна сум. Следно ми беше гусани да земам, барем едно тенџере па да видам како ќе се покажат.
Не, не се мијат во машина за садови. Пред прва употреба се прави т.н seasoning. Се мие тавата убаво со млака вода и сјај, се пребришува со сува крпа и се остава да се исуши целосно. После се премачкува секаде (и рачката и дното и страните, и од надвор и од внатре) со обично сончогледово масло и се става во рерна. Се уклучува рерната на 200-240 степени и се пече тавата еден час. Се исклучува рерната и се остваа да се лади тавата и е спремна за употреба. После секое користење се мие уште дури е топла и кога ќе се исуши, пак се премачкува со масло. Така се чува.
Јас ќе ти дадам препорака од моето скромно искуство со тава/садови што ги користам неполна година. Топло ти ја препорачувам Nava Terrestrial. Купена ми е од Меркур, цената ѝ беше околу 2000 денари. Значи во неа готвам буквално све, лепчиња пржам, правам сосови, пржам стек, похован стек, месо било какво, колбавчиња, јајца, пиперки, зеленчук, паста со сос, све буквално и апсолутно никогаш, ама баш никогаш до сега да се случи да ми се има нешто залепено. Има капацитет од 4 литри и капак плус. Како ја поминувам за миење под чешма одма све излага од неа...Ова е тавата: Го имам и длабокото тенџере за варење од истата линија и на него му нема маана. Она што не ми се погоди како тава кога ја купив е оваа подолу сина тава од Металац. Исто купена од Меркур, во ист ден купена со тавава од погоре пошто си викам ај у оваа од Металац ќе пржам само. И апсолутно испадна катастрофа од тава, околу 1000 денари беше, ама буквално све што ставив у тавава да се готви/пржи све ми се залепи, дури и на пониска температура. Ми остави црни флеки што веќе никако не излегуваат и веќе не ја ни користам. Максимум 5 пати е користена. Нула Оценка од мене за тавчето на Металац: Исто можеш да ги ѕирнеш и тавите на Tognana, едно малечко длабоко тавче за сос имам купено, му немам замерка до сега.
Овие тави од кои си задоволна се со керамички премази и воопшто не спаѓаат во здрави садови за готвење, напротив. И јас имав такво тавче, го фрлив, цело смени боја и стана тешко за миење без да се гребе со жица. Тоа што се' ти се залепило во тавата на Металац, значи дека не ја употребуваш правилно. Најважно е за сите тави соодветно да се загреат за да не лепат. Моја лична препорака се тавите од лиено железо, како и емајлираните садови, сите од тава.мк. Секако, незаменливиот инокс од Братство е тука. Одамна исфрлив се' што има премази, тефлон, керамика и слично, дури и тавчето за палачинки за кое долго барав замена. Малку се поскапи овие садови, ама вредат за сите пари.