Од денеска се во продажба, во Југотон, Тобако и Розе во Веро2. Јас ја носам мајка ми со мене, зашто сите други кренаа раце заради цената.
Чола вреди и за повеќе, кога за цеца даваа по 1000 треба ли да го потценат Чола?? И јас барам кандидат за на концерт, ми се чини веќе имам понуда од една феминка... Ќе се договориме.. И бај д веј, некој се дрзна да коментира за последниот албум на Чола, а внесе стихови од неговиот албум од пред 4-5 години ... хахахах... браво за тебе!
http://www.youtube.com/watch?v=U2r81Wqm3W0 една од првите песни што ги слушнав и одма го научив текстот.. преубава е. http://www.youtube.com/watch?v=dzccNbgQ ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Er7cVTFmLso http://www.youtube.com/watch?v=S_OQQE8w ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=LDsVO4_ssZg омилена и уште многу многу други. Најубави му се песните од седумдесетите кога почнал да пее, а и тие од осумдесетите. Го обожаваам едноставно
Хммм, ова претпоставувам на мене се однесува. Па, не видов дека сум направила грешка, изгледа овие дебилни стихови ми останале во паметење, па сум ги помешала со новиот албум
Претпоставувам дека стиховите на таа песна - Hajmo negdje nasamo ги напишал Брега Незнам, сум читала дека повеќето песни на кои текстовите им биле напишани од Балашевич биле тотален погодок а во последниве неколку албуми, мислам од 2000 па навака, во некои песни умешал прсти и Брега па ги утнал.. На пример Манијачи он ја напишал, додуше јас реков дека песната ми е интересна, ама што знам повише ми е за веселба онака за рипање, скокање и зезање одколку нешто што навистина му личи на Чола, веќе човек во години што годините за зезање и правење на такви текстови му поминале. Он ни во неговата младост немал такви текстови и песни, повеќето му биле прекрасни балади.. Тие во некое интервју изјавиле со Брега дека песната била направена чисто за зафрканција и за забава. Ама што знам не им доликува на годините. Од последниов албум искрено најубави песни му се Памук и Лили. Другиве што знам - текстовиве ми се глупи и музиката така ко кафанска.. Ама сепак тој е нашиот еден и незаменлив Чола на кој му е дозволен барем еден пропуст и гаф.
Чола е еден и единствен! Го обожавам..таков шармер, таков шмекер Се надевам ќе одам, зошто лани на плоштад си поминав екстра!!
И јас одам на концерт, едвај чекам Во однос на цената мислам дека за Самарџич беше сосема коректно 400ден, за Цеца дефинитивно беше премногу 20е што е многу многу е, па и ако бидеме реални нејзиното време одамна помина. Сметам дека е висока цената но сепак ќе одам не би го пропуштила
Па незнам така рекоа ама мислам тоа ако купиш карта од Гуливер, и ти даваат ДВД од Кошава мислам, не ми текнува како се викаше.
да да, од Кошава, направил многу убав концерт со многу публика. Јас си барам друштво за на концерт... има некој заинтересиран???
Јасс Ја па на се прва да се јавам.. јас сериозно си планирам да идам, ама нешто гледам да не ме зезне другарка ми во последен момент па што ќе правам. -.-
Па и мене тоа ми викаат, на сите коса на глава им се крева кога ќе чујат цена.. среќа имам јас заштедено.
мојот проблем е што не сум од скопје и што треба сама да одам, а не знам ни кај се наоѓа салата... : ))))