Многу е едноставно да се снајдеш, ако знаеш каде се наоѓа хотелот Александар палас, блиску се. Пиши на google maps sports arena boris trajkovski и ќе ти излезе точната локација
па така кажуваат на рекламите. Изгледа на влез инаку, Ози можеш со било кој автобус што оди до Партизанска (од центар одат 4, 24, 22..) , ке се симнеш една станица пред лептокарија (или кај лептокарија) па ке поодиш малце накај Палас (позади Воена Болница е салата. ) Или со такси од центар би ти земало максимум 120 денари.
Купив карти конечно, за мене и другарка ми. Мајка ми дошла до некоја забуна таму и ми вика нема више карти и ја буквално ваква останав и после ќе пукнев од нервоза. И после кога дознав дека сеуште има се изнарадував Нестрпливо очекуваме 25 декември.
Има ли уште карти за концертот? Еве сега татко ми ми кажува дека сакале да идат со мајка ми, па да им земам карти. 1000 ден се, така?
Вери, сега видов. Картите од 1000 се за седење, трибина, а од 800 се за стоење, партер. Денес е концертот, последен момент и мислам веќе ги распродале. Јас си земав од 800 зашто тие од 1000 исто ми е ко да седам пред телевизор. Одвај чекаам, уште само 5 часа!
Колешка зема од Гуливер карта и и дадоа ДВД со концерт. Така што тие што не сте земале ми изгледа дека сте измамени. Не верувам на влез да даваат Зашто не сте си побарале ДВД кога купувавте карта?
Фала Блу, моите купиле карти, еве сега мајка ми се спрема и се мисли како да се облече, ај кажи ми какво е во Борис Трајковски, топло ли е?
Па богами како што ќе има илјадници луѓе, топло ќе биде Загушливо, подобро речено. А и сигурно и онака ќе биде топло.
Фала Блу Они сега само што тргнаа од дома, малку порано затоа што не сме од Ск Убаво да си поминеш Блу и да се забавуваш максимално.
Фала ти највеќе. Исто и твоите, и штета и ти што не отиде, сигурно ќе биде најдобро, ајде уште два часа
Евее сум јас прва Епа, дојдов околу 8 и салата беше скоро празна само нормално први беа дојдени и наместени во првите редови тие од неговиот форум ( и јас сум дел од тој форумот, ама веќе не сум активна таму.. ) и јас исто успеав да бидам во прв ред ама десно од нив, зашто таму неможев да се пробијам. И го гледав убаво цело време. Ама, на крајот ептен се разочарав. После пречките имаше новинари и обезбедување и јас мислев дека не смее таму да се оди. И на последните две песни сватив дека смее. Е тогаш отидов до сцената. Јас бев буквално до сцената а он стоеше пред мене И ја пееше последната, Ти си ми у крви. И јас, како што песната ми буди премногу спомени, рацете у вис и сум фатила да се дерам, да ја пеам.. И он ме примети, малку се приближи, ми се смееше и си пеевме. Леле никад нема да го заборавам моментов... И после кога ја заврши песната со едно девојче пружавме раце, буквално на бина ни беа, а тој само одмина покрај нас и отиде напред, се поздрави со тие од форумот Сепак, ова кога ја подаде раката од подалеку и насмеано ме гледаше во очи, пеејќи ја Ти си ми у крви ми беше врв на настанот. Не замислувам, стварно така беше Ама стварно жал ми падна што дури накрај сватив дека смее до бина и зашто не ми даде рака. Како се да траеше прекратко. Инаку прва песна ја испеа Синоч ниси била ту и почна со хитовите од покасните 70-ти а после премина на некои понови и повесели. На таа Главо луда се изнаиграв, буквално. Се гушнавме со другарка ми и со уште една што беше до нас и скокавме ли скокавме. Ова не се повторува, дефинитивно! Чолааа, дојди ни пак!!
Ахахахаха, ме изнасмеа. Па мајка ми играше повеќе и од мене. Прекрасно си поминавме, многу е убаво да видиш толку луѓе, од мали дечиња до постари кои играт и пеат сите во еден здив. Сите му ги знаеја песните, јас додуша отседов на неколку бавнички , мама без исклучок шлакаше раце на сите и мрткаше лево-десно. Човекот има гласиште и харизма тон, не знам како на овие години уште има енергија за толку пеење и скокање на сцена. Немаше ниту еден фалш - нормално Многу убав концерт, преубава енергија, ќе заплакав едно време од убавина. Да живее Здравко Чолиќ, започна околу 21.30, а заврши во 20 минути до 01 часот, со мала пауза од 10 минутки, па сега проценете сами. Трошка бев разочарана зашто не ја пееше Манијачи, ама веројатно Брегович не му дава да си ја пее сам.
Јас го гледав и се воодушевував! .... охххххххххх........ леле колку е згоден, како погледнува, уффффффффф...... Чола што си ти!!!!
Чола е ѕвер!!Бев на концертот и уште сум под импресија. Човеков не старее..прекрасен е,во секоја смисла на зборот.
здраво чолиќ е фантастичен , има преубави песни , најмногу ги сакам - ти си ми у крви - писаќу јој писма дуга - красива