Чола го слушам можеби десетина години, и мислам дека му ги знам сите песни на памет. Сум му била на сите концерти што ги има одржано во Скопје, првиот ми беше 2008 на плоштад, а од тој од 2010 уште ги чувам картите. Човекот има посебна убавина, шарм и харизма, дури и на негови 65 години се држи одлично. Понекогаш, си викам што не сум родена во некое друго време, ех.
Во ѕвездите на гранд напнаа со песната Мама. Не можам веќе да ја слушам. Од таму ја научив. Сега прв пат читам дека бил и кај нас. Али окс нема катастрофални песни можам да му ги поднесам. Има еден дечко што пее исто како него. Ако налетам пак на тој ќе ви го пишам зашто моментално не ми текнува како се вика.