цеден портокал и протеинско топло чоколадо *млеко нискомаслено *две редици црно чоколадо (моја препорака од тоа со стевија) *1 мало лажиче какао без шеќер *1 дозерка чоколаден протеин Прво го ставате млекото убаво да се згрее потоа ја додаваме чоколадата да се растопи, потоа какаото и на крај дозерката протеин и убаво промешувате со лажица за да се соединат. Уште поубаво би било со маталка за кафе да изматите убаво!
Некој можда не би го рачунал ова за десерт, ама за мене беше. Средно јаболко исецкано со цимет, се прави во микро 4 минути на 800 вати. После оставаш 10ина минути да се олади, па тогаш го мешаш со 1 голема рамна лажица трици, 2 големи лажици грчки јогурт и 1 мала лажичка екстракт од ванила.
Да не испадне те прогонувам по темиве хахахах. Десертов ми се свиѓа и ќе го пробам. Ама нели ти пазеше на калории? На сликава имаш нешто над 300 калории. За споредба, Сникерс има 280.
Изгледа грешно рачунам: Една ми земаа за проба. Путерот го рачунам по 5 гр. од урма, како мала лажичка. Или не иде така? Тешко е да рачунаш без вага, обично се водам по teaspoon, tablespoon и грамажи од пакувањата што ги делам на старт (пример 400 гр. боранија од око делам 4 ќесиња, за да имам 100 гр. од оброк). Како подобро да мерам без вага?
Моја грешка, извини. И јас ги помешав tablespoon и teaspoon. Обратно ги пресметав. Добро ти е израчунато. И другите работи добро си ги мериш. За меркиве во лажици да знаеш дека мерката е рамна лажица. За вага ќе ти се најде, вреди понатаму да си вложиш. Има и поефтини по продавнициве, ќе најдеш и за 600-700 денари.
Високо протеински чизкејк! Превкусен! Содржи 43 гр. Протеин Во форма на шоља е бидејќи го печев во шоља за кафе со хартија за печење снајди се па живеј 150 гр. Грчки јогурт 0масти 1дозерка ванила протеин (или засладувач ванила) 1јајце Малку цеден лимон Сите овие состојки ги мутиме и го ставаме да се пече околу 25минутки додека не стане како желе, потоа го оставаме 10минутки малку да се олади (ви препорачувам додека е топло и порастопено да го јадете повкусно е ) И за крај растопувате црно чоколадо со кокосово масло и го преливате врз чизкејкот Мераци
Хелти баунти Грчки јогурт, кокос и агаве/мед, се блендира (од око сѐ) додека да се добие хомогена смеса. Се истура во калапче, и се премачкува со растопено црно чоколадо.
Хелти сладолед?? Ако знаете некој вкусен рецепт чекам! Планирам да правам денес протеински здрав сладолед. Ќе ви го пишам рецептот кој веќе ми е здосаден но би сакала да знам и други вкусови со разновидни комбинации од намирници! Нешо као сникерс, кикирики, бисквит, киндер може и со овошје само да нема вкус као на чизкејк смучено ми е! А да и тој од банана чоколаден со какао не го сакам некако неубав вкус ми дава бананата за сладолед не го бива И доколку знаете некој убав нискокалоричен јогурт во замена на грчкиот што би бил топ за сладолед слободно кажет. Незнам дали би било океј со cottage cheeese?
@GymGirl❤ https://www.instagram.com/reel/C61jgEPsnni/?igsh=MXBuczZtZ2JtdTB5Yw== https://www.instagram.com/reel/C5nlgwgoTPO/?igsh=cGlhczJvcDh2OHJx https://www.instagram.com/reel/C5OiPHQpTDE/?igsh=MWtwZm8yYXloaGoweA== https://www.instagram.com/reel/C4_y0l-JA6Z/?igsh=MmYwdWRwMTl0OTlw Битно е прво да го замрзнеш, па после замрзнатото да го изблендаш за да има структура на сладолед. Едит: https://www.instagram.com/reel/C6ogtV2tE9Y/?igsh=OTVldHlubGRoenAy Без блендање.
На една интегрална тортиља премачкувате грчки јогурт, 1 банана, една лажичка мед, кокосов шеќер или стевија доколку сакате, и 1 јајце, одозгора редите со малини, јагоди или што и да имате, се тоа го печете на 200 С околу 15 мин. Чекате да се олади, иии прекрасно е. На здравје. П.С сликата не ништо посебно, во живо е доста поубаво и повкусно.
100г овесни снегулки потопени во растопени една лажица путер и два реда црно чоколадо, додадено една лажица мед, и сусам (од око)
Овесна каша (блага) 4лажици овесни снегулки, една лажица чиа семе, потопени со зовриена вода и да постојат 10 минути една лажица мед.