1 зрела банана 140 гр овесни 300 мл растително млеко Се гмечи бананата и се додаваат овесните и млекото. Може така да се печи , ако сакаш помазна структура изблендирај го. Се истура во калап, се додава овошје по желба и се печи на 180°, 20 мин
Последниве месеци мое омилено е бомбици од урми, мелени овесни снегулки, путер од кикиритки и кокос. Точна доза немам Ставам 2 пакетчиња урми без семки, оние што се како вакумирани, еден шол овесни снегулки, 1-2 лажици путер од кикиритки и кокос по желба. Правам топчиња и ги валкам во кокос.