1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Здравствени проблеми со ушите кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од babymama, 22 октомври 2012.

  1. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.144
    Допаѓања:
    40.507
    Пол:
    Женски
    Веќе пишав и погоре дека не се повтори воспаление на уши од тогаш.
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Дали смета тоа што при бањање им влегува вода во ушите ако се веќе со проблеми со ушите или пак и на здрави деца не треба да влегува вода. Никогаш не сум внимавала, зошто кога прашував орл доктор ми рече дека не смета зошто влегува мала количина на вода.
    Дали да ја малтретирам малаца со прегледи за трет крајник, скоро 3 години е досега 6 пати имала воспаление на уши, од кое последново и претпоследново е на растојание од месец ипол, и секако со антибиотици.
    Колку чини преглед кај Демири и дали е болен прегледот?
    Матичната ми препорача да ја водам во 8ми Септември кај др. Васе, да не има некој искуство со неа?
     
  3. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    14.555
    Пол:
    Женски
    Не смета ако е здраво тапанчето. Цевчињата се отвори во тапанчето, значи ако влезе вода може дирекно внатре во средно уво да влезе.

    Ќерката беше со антибиотици на 6-8 недели заради ушите, неколку пати проследено со јаки болки. Затоа отидовме првично на орл. Никогаш нема спуштено на плуќа, немала гнојна ангина, дури и кога била болна речиси секогаш имала бактерија само во нос, во грло не. Затоа проблемот беше со третиот крајник и затоа само него во извадија.
    Јас би те советувала да го однесеш детето да го видат крајникот со камера. Не е пријатно ама не е многу болно и кратко трае. На ќерка ми и го правеа 2 пати, пред и по антибиотик.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.126
    Допаѓања:
    10.491
    Пол:
    Женски
    Не смета.
    Во јанури бевме кај Демири, 3 ипол год е мојата инаку, преглед, тимпанометрија, перење уши, снимање, 4650 ден. Јас мислев повеќе ќе ми земат. Инаку не е болен прегледот, непријатно е перењето и снимањето, мора мирно да седи дете. Ама рачунај Систина е тоа, на мојава балони и направија од ракавици, бајадери и даваа, ја двореа, помирна во живот не била.
     
    На le.soleil и Mother of 2boys им се допаѓа ова.
  5. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    9.420
    Пол:
    Женски
    Kaj Demiri odi nemoj kaj Vase. Loso iskustvo imam so nea. Okolu 5000 e pregled vo sisitina. Ne e bolno ama nezgodno e.
     
  6. Bebetoo

    Bebetoo Популарен член

    Се зачлени на:
    7 мај 2020
    Пораки:
    1.346
    Допаѓања:
    3.081
    Пол:
    Женски
    И јас ќе се сложам за Васе, фина е да но не се снајде син ми да го прегледа и не препрати на клиника. Со Систина немам искуство, маж ми не ја сака болницата па воопшто не појдовме таму:rofl:
     
  7. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    21.188
    Ве отеков со прашања, извинете, ама уште ова. Упатени сте ми тука :D

    Досега двата пати овие во 2 месеци, воспаление на уво добила како компликација поради бактерија првично мораксела, сега стрептокока.
    Почна со градинка и докторот рече дека од бактериите во градинка и е.
    Прашањето ми е, дали е нормално да има воспалено уво од бактерија, па нема потреба од дополнителни испитувања, или иако има бактерија не е нормално толку често да се разболува?
    Чидно ми е што докторов е познат Орл во нашиот град, а не ми спомна ништо за снимање крајници или било каков подетален преглед. Освен после мерење за слухот што ми спомна дека можеби ќе треба цевчиња, ама после на контрола и беа подобрени ушињата и рече нема потреба.
    Да не ја мачам дополнително со прегледи, можеби само бактерииве се проблем?
     
  8. Tea SK

    Tea SK Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2021
    Пораки:
    5.126
    Допаѓања:
    10.491
    Пол:
    Женски
    Нормално е често разболување ако е тргната во градинка, исто нормално е да премине бактерија во уво.
    Види како ќе ти е со следни разболувања и осети сама дали слуша. Тоа дека добар е докторот и Гоце од Аудио БМ го викаат дека е добар, па кај мојава ништо не откри...
     
    На JoyJoy и hello-kitty.90 им се допаѓа ова.
  9. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    14.555
    Пол:
    Женски
    За ушите треба да има 4+ инфекции во годината за да упатат на нешто повеќе, барем мене така ми кажаа, особено ако нема друг проблем како гнојни ангини. Ќерката беше исклучиво со бактерии во нос и мрсули, чат пат поткашлување ама ништо страшно. На грло речиси никогаш ни бактерија, ни црвенило. После 3тото воспаление на уво ја однесовме на приватен преглед. Претходно имала само еднаш, две години претходно, а ова беа 3 пати во неполни 5 месеца. Уште 4 пати направи воспаление до крајот на годината и се оперираше од трет крајник пред 2 недели. Пред година ипол немала никаков проблем, освен бактерии во нос од градинка без сериозни разболувања. Така да моето искуство е дека апсолутно може само од бактерии во нос да направи проблем во уши. Ако во краток период пак се повтори, да се провери трет крајник. Ама чаре некое посебно освен операција нема.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.428
    Допаѓања:
    6.909
    Moevo nemase voopsto t.e samo 1 do 2 pati vospalenie na usite, ama imase bakterija vo nosot i celo vreme sekret vo nego.I dobivase kapki za nos samo, se dodeka ne go odnesov na specijalist i mu otkrija tret krajnik, nosni polipi i tecnost pozadi usite so toa i namalen sluh.
     
    На hello-kitty.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sanji4444

    sanji4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    498
    Пол:
    Женски
    Мајки кажете ми искуство со воспалена мембрана. Ќерка ми 22 месеци имаше температура еден ден и една ноќ и после два дена почна да се држи за уво и да плаче, ја однесовме на клиника воспалена мембрана, амоксиклав да пие, а детево грло уредно ни секрет во нос има, а и немала може 3 месеци секрет во нос. И дадов амоксиклав после два саати поврати.
     
  12. rikimiki

    rikimiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    518
    Здраво. Сакам да те прашам како си задоволна од Македонка во однос ма операцијата и стручност? Закажав кај неа и ние го имаме истиот проблем и најверојатно и нас не чекаат цевчиња. Исто ме интересира и после тоа како оди закрепнувањето и се тоа, зошто моево е хиперактивно и инает, плус е година ипол и потешко е што не разбира.
     
  13. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    14.555
    Пол:
    Женски
    Презадоволна. На секое прашање ми одговори темелно, достапна за се што ми требаше, сите закажувања ги правев дирекно со неа. На тема стручност не се разбирам од уши, ама прелесно поминавме и со операција и со периодот после тоа, така да ќе речам дека одлично си ја завршила работата.
    За закрепнување моево слушаше, седевме дома, повеќе боење, цртање, мирни активности, секако и малку повеќе гледање тв тие први 2 недели. Била во болница и претходно па разбира кога ќе и речам немој вака ако не сакаш пак во болница да одиш. Сладолед се изнајаде, тоа за неа беше најубавиот дел. Малку повеќе мака со јадење, ама секако јадела како маче од кога е родена. Од 3тата недела по операцијата комплетно бевме вратени на нормално функционирање, и еве после скоро месец ипол се е во ред.
     
    На rikimiki му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rikimiki

    rikimiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    518
    Ама чекај, вие сите три крајника ги вадевте или само третиот? За двата знам дека се јаде посебна храна ама и за третиот ли? Ние валда само трет и цевчиња. Нема шанси да седи мирна многу е мала.
     
  15. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    14.555
    Пол:
    Женски
    Трет и цевчиња. Течна храна првиот ден, сладолед, јогурт, кисело млеко. Вечерта и дадоа бисквити и млеко. Од следниот ден палента и варени јуфки. И така една недела. После уште една недела поцврста храна ама ладна. За ова време никаква физичка активност, дури ни надвор на шетање не одевме. После 2 недели нормална храна и активност, ама да не претерува, пример има часови по танц во градинка на кои ни рекоа да не оди уште една недела. Па после три недели веќе се најнормално.
     
    На rikimiki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rikimiki

    rikimiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    518
    Зошто не физичка активност? Јас мислев само третиот е полесно од сите. Мала е и онака уште каши јаде ама да седи мирна тешко. Ајде ќе видиме што ќе каже докторката на преглед.
     
  17. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    14.555
    Пол:
    Женски
    Зошто може да се јави крварење. Другарка на ќерката од градинка имала такво искуство, после 2-3 недели прокрварела од грлото, ама ги вадела сите 3 крајника.
     
    На rikimiki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. rikimiki

    rikimiki Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2021
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    518
    Да за сите три знам. Ама тоа крварење се јавува од двата од грлото што се, незнаев дека може и од третиот. Баш јас кога ги вадев моите имав крварење. Баш и за ова ќе ја прашам.
     
  19. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.428
    Допаѓања:
    6.909
    I koga se raboti za tretiot se preporacuva miruvanje, ne odenje na sonce i jadenje na lesna hrana. Za pobrzo zakrepnuvanje i da ne dojde do krvarenje.
     
    На rikimiki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. OLJA1987

    OLJA1987 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2021
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Dali nekoj oma iskustvo so doktor Dancho Shurkov vo zan mitrev za operacija na 3et krajnik I cevcinja vo usi ???