Никаква реакција немаше на ушите по операцијата. Се жалеше на грлото неколку дена дека и вадеа трет крајник, што е очекувано, ама од цевчињата не приметив ништо. По скоро цела година само дојде и ми рече ова ми падна од увото и ми го даде цевчето во рака. Сега кога се паднати ако случајно пак почне да развива често инфекции и болки во уши, јас би ја носела пак на операција, само цевчиња да и стават.
Ние без цевчиња поминавме, само ги дупнаа да го извлечат секретот. Да не се зарекнам 1.5 година помина никаква мака не сме имале со ушите од тогаш.
Не. Првата настинка малку посериозно со температура беше по 3 месеци од операцијата, во летото фати коксаки и есента скарлатина. Толку се има разболено. Во меѓувреме ако му протече носот со тајлол колд сирупот поминува за 2 дена (и тоа се има случено едвај 3 пати во година и пол) а редовно оди во градинка.
Истото мислење го имав. Многу пристапна, народна што би се рекло. Сестрата исто така. Само првите прегледи се исто "ајде да пробаме" и потоа сестрата почнува "ова изгледа за операција ќе биде". Докторката "не, ќе почекаме уште малку" и на крај "па ќе го извадиме третиот. Уствари штом оперираме трите ќе ги извадиме". И тука и викам а со помалиот што ќе правиме? Кратка тишина и "па и кај него сите да ги извадиме. Закажете сега за едниот, да се средите, па другиот". Настрана што знаеше дека поголемиот треба да прима целосна анестезија тој период и ми одговори "ако де, нема врска тоа, ништо не е. Завршете тоа и за десетина дена ќе закажеме". А две целосни анестезии во период од 10 дена воопшто не е шала. Отпосле сфатив дека буквално секој пациент завршува со операција. До сега навистина немам слушнато за поинаку. Затоа и искрено прашав. Иако не мислам дека не е стручна или дека "прави лошо". Само ако има друга опција јас би ја одбрала таа. Не дека не предлага операција, далеку од тоа. Ако има индикација секако ќе предложи операција. Во нашиот случај ми објасни дека крајниците ниту сметаат ниту ќе помогне ако ги извадиме, напротив полесно би спуштале. Ние имавме проблем со ушите, најчесто спрееви за нос, многу ретко антибиотик и тоа е. На секое одење имала точна дијагноза, објаснување и терапија. Не е едно исто цело време. Значи генерално антибиотик не препишува ама еднаш малиот направи други компликации и пиеше разни антибиотици (и венски) и на крај кога стигна до ушите направи јака инфекција па си доби сумамед. @le.soleil како што напишав погоре, во нашиот случај според нејзе немаше никаква потреба од операција. Воспаленијата на уши ги лечеше зависно од степенот и превенираше други. Најчесто со спрееви за нос бидејќи кај нас затнат нос правеше проблем. Не сме имале ниту еднаш ангини, секрет од уво итн.
Исто имам и ја помало дете, исто прашував и за него, ми викаше само чистете нос, друга превенција нема. И јас сум доктор, сосема сум свесна дека може различно мислење да имаат за истиот пациент двајца доктори, не дека е тоа грешка, можеби искуството им е различно, ама конкретно моето искуство со Македонка беше дека јас како родител повеќе прашував за операција отколку што она ми ја препорачуваше. Дури и на крај кога пресече дека сите опции сме ги пробале, пак беше кога сакате тогаш ќе закажеме, зошто само со ушите беше проблемот. Теоретски можеше да продолжи така, немала почести настинки, болести, ама јас многу се секирав да не се афектира слухот, а и не сакав да пие антибиотик на секои 2 месеца за истото.
Malku postar ti e postov, da se nadovrzam cisto onaka. Eve sme i nie. Pred 20 dena izvadeni krajnici i staveni dijaboli i sega kashlica, plus nokjeska nosot mu se zatna. Pukam od nervoza. Smeam vo nos da prskam sprej? Deka skoro beshe operacijata?
Каде одите за чистење уши? Ќерка ми уште малку ќе прави 3 години и има како заглавен секрет го двете уши што не мрда никако. Немам како да го исчистам сама, длабоко е, само кога ќе светнам со сијаличка се гледа. Еднаш и чистеа уши во Систина, ама сосема случајно, отидени бевме за друго. Одма и се направи пак секрет, така што очигледно има таква склоност. Не се разболува и не и пречи од тој аспект, ама сакам да фатиме некој ред со чистење и евентуално превентива со некаков препарат ако постои за оваа намена. Отосан спреј имам купено ама уште не сум пробала. Има некој користено?
Јас користам кај синот и Ото сан и Ото перфект. Корисни се, го топат секретот и истекува. Има многу секрет и мојов, дури и не слушаше еден период поради тоа, па и болка знаеше да му се јави. Му ги чистам така што после миење глава му прскам прво во едното уво, после 20 минути лежење и во другото уво. Еднаш неделно правев порано, сега по потреба. Ефикасно е, не му се затнуваат веќе од секрет толку.
По препорака од матичен доктор ги користам. Едното е маслено, другото на база на хидроген. Ова со хидрогенот ми е поефективно некако. Порано со големиот користев исто едно средство на база на маслиново масло, го имаше во Зегин, исто по препорака од матичен, Vaxol чинам беше. Тогаш матична на децава им беше Цекиќ, по препорака на мажот и' го зедов. Тоа беше најдобро, ама нема такво, барем не го наоѓам веќе.
Непоканета ќе се појавам, ама гледам има во Ани и Виа фарм Via Farm https://viafarm.mk VAXOL спреј за уво 10ml Аптека ДНА Анни Фарм https://www.annifarm.com.mk VAXOL спреј за затнати уши 10ml