Дека обично уво боли многу. А он ми вика дека не го боли. Туку,во ремедика никогаш педијатрите не ги проверуваат ушињата. А Славица ги проверува секогаш.Или ако заборави ќе ја потсетам. Незнам колку е пракса ова кај другите педијатри.
@eli25 ако не се жали терајте си со терапија и со лесно да поминува. На мали матичната секогаш ги зема во предвид ушињата. Уште првиот пат кога беа воспалени она ни посочи да провериме. Ние ни на крај на памет не ни падна дека може да е до уши. Само она нема оперма па не прати на специјалист. И на золва ми исто. Малите се склони кон воспаленија на уши. И внук ми скоро секое разболување беше со отит. Веројатно треба да се внимава на овој момент. Објаснување е дека кај нив се многу кратки каналите меѓу нос-уво и ако не се чистат соодветно лесно пренесува на уво. Инаку чисто информативно има една орл ординација карши тутунски која работи со фонд. Нас последен пат бидејќи беше касно, а да не се влечеме по клиники не пратија таму со приоритетен.Чисто да имате на ум ако некогаш ви треба. Баш на мариз и давав контакт само да најдам во која група го ставив. Едит: Еве најдов може на некој ќе му се најде
Сега видов што сум пишала, ништо не ни разбирам што сум сакала да кажам Во јане и на клиника на дежурен немаат инструмент за ушите, за систина ич па не памтам
Во систина кога бевме на ургентен му ги гледаа со тоа металното. Конкретно се погоди Леонардо Камењарски или како и да се викаше докторот.
На синко 12м му беше затнато ушето наводно вода влегло и од секрет се затнало тој само ди го влечеше си пикаше прсти во ушето али не плачеше и крена тт до 39 отидовме на лекар ми дадоја парафинско масло и по неколку дена на чистење а воедно и крајници отечени, се спушти тт све дојде во ред али еве детево уштеси го влече ушето си пика прсте го држи со рачето веќе два дена дали можеби не го ичистиле добро? Или му треба време да сесреди да се обратам пак на лекар?
Подобро е на лекар да се обратиш, ние не би знаеле од напишаново да процениме, побарај и второ мислење од друг лекар.
Фала многу закажав за попладне Проблемот е што ми рекој готово го ичистивме океј ќе биди, а детево уште го држи ушето и станува со најсилен плач во ноќта, едвај го смирувам
Луѓе, ако има некој вклучен да ми кажи што да правам, увото ме боли, цело ми е вцрвенето и жешко, солзи ми идат дури, од увото малку подоле имам и топче, ваљда жлездичка, утре ќе одам сабајле на лекар, да не знае некој што е работата и што да ставам на увото, капки немам.
Искуство со Доктор Мирка Шалиќ? Детево изгоре од температури од увото. Пред 10 дена завршивме Панцеф, денес пак темп. пак увото црвено.
Јас сум многу задоволна од неа. Кога имаше малиот проблем со ушите, само она даде точна дијагноза за да одиме на соодветно лекување. И многу е пријатна со деца. Јас и за мене сум одела кај нејзе.
Не сум била ама оваа докторка ја зборат во многу позитивна смисла дури и постарите генерации. Претпоставувам искусна докторка е.
Здраво мајки. Пред една недела син ми крена тт и се жалеше на болки во увото и пиевме амоксиклав и стававме капки и му се смири. Сабајлево пак се жали на ушето. Совет кои капки да му ги ставам што да правам.
Без педијатар ништо! Педијатар треба прво ушите да ги види. Амоксиклавот и капките педијатар ги препиша откако го провери увото и кажа дека е воспалено?
Да тој го виде и ни ги даде амоксиклавот и капките. Планирам на уво нос и грло на клиника да го носам дека денес не работи матичниот педијатар а до понеделник е многу да чекам