Син ми има воспалено уво од минатиот петок, се жали на болка и крева висока температура, испи прво трицеф, и капки, до Петокот го попушти го однесовме на педијатар рече супер е само нека продолжи со виранто да престане носот да тече тоа беше сега во Петок, ноќта пак температура и плачеше па во сабота го однесовме на орл во болница ни даде само капки дексаметазон. До недела пак изгоре од температура и цело време плаче од болки отидовме пак на орл во болница, увото отече и црвенило се појави позади школката, му го испраа и му дадоа Сумамед, капки цитраксал и спреј за уво, никакво подобрување сеуште, денес направивме крвна слика, леукоцити и црп покачено, црп 28, пак отидовме поручек на приватен орл пак му го испраа и увото, рекоа многу оток има неможе да го прегледа убаво, да продолжи Сумамед и ни даде капке отол х и газа му стави во увото. Детево ми е истрауматизирано максимално, само плаче, цело време се плаши, веќе ни во вц не сака да иде сам се плаши, температурата му варира, се поти во спиење и не јаде. Многу се плашам, утре пак ке го носиме на контрола. Му земаа брис од уво, а утре ке му земат и од грло и нос, сите резултати ке бидат до Четврток. Колку време трае ова, ке му помине ли, многу се плашам, никогаш не бил вака болен, скоро 5год има. Како да му помогнам, облоги не прифаќа, капки се терор за ставање, вришти бега веднаш станува, храна нејке немам памет веќе.
Најдобронамерно носете го сабајле итно на орл на клиника во Скопје. Ако е мастоидит состојбата, а вака како што објаснуваш потечено позади увото ми личи на тоа, воопшто не е наивно и кај малиот мој само со венска терапија лендацин се смири.
Па до сега тројца орл лекари го видоа и различни терапии дадоа. 2 дена веќе пие Сумамед уште утре има па е на контрола. Сега не се жали толку ама борба е капки да ставиме, и сега сефте ми дозволи да му ставам облога позади увото. За колку време му помина на твоето детенце, лежевте ли во болница? Еве сега веќе 20 часа нема температура,сигурно делува Сумамедот. Многу се плашам, дали да го носам приватно во Скопје. Утре поручек треба да оди на контрола пак тука во Куманово на приватен орл, постар доктор е демек искусен, сигурно знае што прави. Нема да му останат последици нели, како е детенцето твое, многу се плашам.
Му давам и блокмакс и далерон наизменично на околу 6часа.денес веќе не сум му дала бидејки помалку се жали и нема температура само слабо јаде.
А има подобрување на отокот од сумамедот? Не сакам да те плашам, ама нас тогаш итно не хоспитализираа и одма почнаа со венска терапија. За среќа за 2-3дена имаше подобрување. Затоа вика, ако сумамедот е погоден и почнал да делува, тогаш само редовно следење. Што ви пишува во дијагнозата на извештајот? Дали го водат како мастоидит или друга дијагноза
Да има подобрјвање, се намали малку и црвенилото и отокот, и еве од вчера нема веќе температура и не се жали толку на болка. Ке видам вечер што ке каже докторот тука, ако треба ке го носиме утре во Скопје или во ремедика или во систина. И денес ке пие Сумамед па за утре ке видиме. Ноќва спиеше добро, сега се игра весел е. Во Недела беше страшно, неможеше да оди детето, да стои, висока температура имаше, и многу болки. Отитис медиа пишува дијагноза.
Имал воспаление односно инфекција на ушната шуплина а тоа многу боли, не јадел затоа што не може да голта. Го разбирам скроз, високата температура само допридонела до тоа. Што одговара сумамедот како антибиотик супер, само не знам зошто ви дале дексаметанзот капки без други капки во комбинација за побрзо делување. Давај му полесни оброци, потечни макар и на сила, мора да јаде за да го поднесе сумамедот. Нема што да се плашиш, штета нема да има се лекува на време. Однеси го на постручен во Скопје.
Штом се повлекува делува антибиотикот. Само те молам следи, зошто отокот позади кај мали деца не е наивна работа. Ако забележиш влошување или повторно се жали на многу силна болка обавезно да го гледа специјалист. Инаку антибиотик е чаре, само треба да се погоди. Нека поминува побрзо
Јас имав таков проблем со едното детенце. Кога беше 5 год, имаше голем проблем со воспаление на едното уво, таман ќе се излечи со отол х, трицеф и обавезно перење на увото за 10 дена пак болка во ушето, детето се отру од антибиотици и така се вртевме во круг 3 месеци. Се додека на своја рака не му ставив сок од лист од чувар куќа. Сакајте верувајте, сакајте не, ама кај нас до таму беше работата, од ушето му истече за рок од пола час толку нечистотија, толку густа течност, што не знам ни како да ја опишам. Од тогаш до сега, еве веќе 5 год поминаа, син ми нема никаков проблем со ушето повторно.
Бевме вчера на контрола уште беше многу отсечен каналот неможеше да види ништо со камера, пак му стави некои лекови на газичка во увото и продолживме со капките отол х и сумамед. Денес скроз се изгуби отокот, бевме пак на контрола, му го испраа увото излезе парченце крваво, и после кога го чистеше имаше крвче на памукчињата.Денес конечно го прегледа со камера, рече воспалено е средното уво, има течност внатре која треба да истече преку носот. Тапанчето е здраво ама воопшто не слуша на тоа увце. Ни рече да продолжиме со сумамед уште 3 дена. Е сега јас му давав веќе 3 дена сумамед форте по 5 мл како што ми пишаа ви недела во аптека, 18 кг има синко, кога отидов денес матичната крена узбуна многу висока доза било, сум требала да давам по 3 мл, орл докторот вика да продолжам со 5 мл, матичната ми рече може да направам сериозен проблем ако продолжам со толку висока доза. Му дадов 3 мл. Утре ке ги земеме резултатите од брис и ке направиме нова крвна слика да види дали се намалуваат леукоцитите. Синчето е значително подобро, не крева веќе температура, не се жали на болки, нормално се игра. Многу ми е страв да не му останат некои последици или оштетување на слухот. Го прашав за мастоидит, ми рече неможе ништо сеуште да каже, му стави сега некоја маст на газа во ушето кажа да стои до утре поручек и пак да одиме на контрола. Се измрдавме од грижи со маж ми, никогаш не бил вака боле.н,само нека помине.
Уф душа. Нема полшо од воспалено уво. На мали тогаш за мастоидит компјутерска му правеа. Ама кај него отокот беше голем, увото цело расклемпавено и плус он немаше ни 2 години. Колку помало дете, покритично е. Во секој случај верувам дека сумамедот си јанврши работата штом отокот спадѓа и ќе се среди. Е за слухот и кај мали тогаш беше влошен, мастоидитот се повлече, ама секрет остана па мораше да се чистат каналите плус него му ставаа цефчиња. Само тие мислам дека ги ставаат само кај мали деца. Кај него сигурно ќе го истретираат и исчистат со терапија. Полека оди лекувањето, ама ќе се среди. Редовно следење. Мали тогаш цела недела венски антибиотик примаше и после уште 10 дена продолжи дома со антибиотик орално. Побрзо опоравување.
Од настинка или вирус,не знаат конкретно.Тргна во градинка,викендот имаше само температура после 3 дена почна да се жали дека увото го боли.Му дадоа трицеф прво и капки као наводно се смири.и по еден ден пак крена многу температура и имаше болки јаки,оток на увото како исклемпавено му бидна среќа сега се подобрува ама пак сме загрижени.Дај боже да помине што поскоро.
Син ми денес пак почна да качува висока температура,38.5 денес еве и со блокмакс два пати давам пд 16 часот до сегавуште ја држи,до 38.2 симна.Направивме к.слика пак сабајлево намалени се и леукоцитите и црп а оваа температура од што е пак незнам.Го однесовме во Систина поручек го виде педијатар и рече утре итно орл др да го види некоја Македонка.Се сомнева на мастоидит сепак.Детево гори,оток и црвенило нема веќе, и не се жали на јаки болки.Мн се плашам,ваљда ке не оправат таму.Докторот кај што го носевме до сега приватен од Куманово кога го однесовме денес вика супер е продолжете со Сумамед и капки окол х до Вторник.Викам Сумамед завршуваме утре втора доза а капките пишува да не се ставаат подолго од 2 дена ,ми вика не си ти доктор.Го прашав од што има пак температура вика незнам може е и некој нов вирус.Ми се стемни право во Систина отидовме ама немаше орл др па мора да чекаме до сабајле.Мн ми е страв да не му се случи нешто којзнае дали е правилно о лекуван до сега.
Бевме денеска во Систина, др.Лирим Демири го прегледа,ја немаше Македонка, син ми има инфекција на надворешно уво,средно уво, и гнојна ангина во грлото се развила.Третиот крајник зголемен 70 % му го блокира просторот за дишење.Рече мастоидит нема ама од овие инфекции куп детето е малаксано и крева температура. Даде плус панцеф денес заедно со сумамедот а од утре само панцеф 14 дена, капки дексазон во уво,оперил во нос спреј.Го отрувме детето со лекови, како е можно со испиен трицеф и две дози сумамед да развиеноста ангина не ми е јасно.Предходните денови кога најмногу имаше болки во увцето грлото беше мирно.Капак на се и афти му излегоа, ништо нејке да јаде од се го боли и неможе да голта.Само да му помине.
Се измачивте значи. Најцеројатно не биле соодветни антибиотиците. Кај малиот тогаш исто, он пие антибиотик, а состојбата не се подобруваше, дури и полошо стануваше. Се надевам конечно сега дека ќе се погоди. Инаку многу се лоши тие, уво, нос и грло се е поврзано и кај него на сите три места очигледно удрило . Ќе се среди. Само трпение. И не мора да нзачи дека ќе се повтори. Еве кај мали повеќе од три години се поминати, таква мака ди сега не се повтори.