Здраво, која е формата што треба да де потполни за да се осигурам под сопругот? Заедно со таа форма, потпишана од кај него на работа, книшка и извод на венчани треба да се оди во фондот? Не сум од скопје, но тука живееме, од мојот град ми кажаа морало во Ск, но не ми кажаа ништо друго..
Моментално немам здравствено осигурување а во понеделник сум на преглед во клиника, колку би ми го наплатиле прегледот имате информација некој во ваква ситуација?
Да. Тие се документите. И фотокопија од твоја лична карта или пасош. Таа форма треба да содржи податоци од фирмата на маж ти. На работа ќе му ја пополнат. Податоците за тебе ти ќе ги пополниш.
јас бев вчера да се пријавам и ми побараа да доставам фотокопија од лична, извод од родени и документ од ујп за семејно нз ти што. е сега во ујп тоа за периоди ми кажаа дека го даваат т.е за 2023 јас тогаш вработена бев се до крајот на август да не може нешто да ми направат проблем во фондот?моментално пријавена сум какко активен барател во бирото
Ако имаш приход поголем од Х денари, треба да плаќаш по 2.160 денари. Ова е за во 2023 година: https://fzo.org.mk/230126-preregist...dravstveno-osiguruvane-na-licata-so-poniski-i
јас уште чекам за тој документ од ујп во пон ќе одам да проверам што стана работава друго сакам да те прашам @МитеМен бидејќи гледам дека си поупатен дали на тој документ од ујп како пресметуваат приходи ако имаш земено кредит, т.е лани земав јас па поради тоа да не го исполнам условот
Нема врска кредитот. Може да го видиш остварениот приходот на https://e-pdd.ujp.gov.mk/ppf/home.seam, во делот „годишна даночна пријава“.
Од минатиот месец имав 10 дена на пола раб време. Сега гледам на мое осигурување дека немам право на здравствено осигурување има икс, а нај долу стои името на фирмата. Ми поминале плата за тие десет дена, што значи платиле и придонеси. Не знам зашто не стои штикла туку икс.
До половина на ноември бев пријавена на работно место, сега од месецов почнав со работа на ново место. Со денови стои икс на право на осигурување, а стои тоа лице со плата и име на фирмата, иако датум на важност е датумот од кога сум одјавена од претходната фирма. Знае ли некој да ми објасни зошто е така?
ве молам да ми потврдите: ако сум невработен и сакам да се осигурам како невработено лице, дали ќе бидам целосно на товар на ФЗО или ќе учествувам со 50%, се одлучува според остварени приходи за цела (претходна) даночна година, така? Ако имам остварено приходи над 345.654,00 денари за 2023, секако ќе треба да учествувам со 50% од просечни придонеси (2.160,00 денари), така?
Здраво, дали некој знае каде треба да се пријави лице за да добие државно здравство ако е невработен и не е пријавен како невработен? Живее во Скопје но во лична карта се води во друг град.