Чисто за информација ако некогаш на некој му е потребна, за добивање на здравствено на невработен може и во Скопје, иако е од друг град, се оди на шалтер бр. 11 во фондот кај Југодрво. Потребни документи се копија од извод не постар од 3 години и копија од лична карта. Ова е доколку лицето не остварува никакви приходи, а доколку остварува се вади документ за примања од УЈП.
Почнувам наскоро да работам во нова фирма, каде имаат приватно здравствено осигурување. Но, јас сум во постапка на лечење со тим од јавно здравство, кој не сакам да го менувам. Дали има начин сепак да останам пријавена во фондот?
Здраво на сите. Дали можеби некој од вас се нашол во ваква ситуација или знае да ме насочи. Работава е што на партнерот му дадоа отказ пред некој ден. Побара парична помош од државата има некоја можност ама од таму му рекоа пошто е основач на фирма не може да го внесат како невработен ниту пак да добива здравствено осигурување. След на настани не можевме да ја разработиме фирмата и веќе две години носи статус пасивна и нема вработени. За паричната помош крај краева ако не може, не може ама работава е што е останат без здравствено. Дали знае некој некое решение без да ја затвориме фирмата? Фала ви однапред.
треба да направам промена на презимето во фондот ми бараа зо1 обрасец и м3 потполнет, прашањето ми е м3 треба само од работа да ми го потплнат или од аврм бидејки доле има потпис и печат од агенција за вработување од една страна и од др потпис и печат од работодавачот
да надополнам ако на некој му треба. Во агенција за вработување со лична карта прво промена во м1/м2 даваат препис после со м3 потполнет каде што има место за печат и потпис од агенција ставаат печат од пензиско и со тој документ и зо1 се оди во фондот каде што се прави промена на презиме
погоре си имам одговорено на самата ако му треба на некој не ми го завери аврм М3 туку фондот од пензиско.
Поликлиниката во Ѓорче Петров дали има канцеларија на фондот за здравство за вршење услуги пријавување/одјавување или само кај црвен крст може да ја завршам таа работа?
Добив отказ од работа . Бев пријавена до скоро . Сега сакам да се пријавам преку сопругот за здраствено. Како е процесот? Треба прво во завод за вработување или директно во здраствено и кои документи се потребни?
Има канцеларија, ама не работат. Јас во Центар бев. @Marcheee ако живееш во вонбрачна заедница нема да можеш да се пријавиш преку партнерот.
Чим не сте во брак не можеш преку него , да видиш ти како невработена сврти страна назад во темава јас се пријавував што документи ми бараа за да имам здравствено
Мене ми е чудно пошто со законот од 2012 вонбрачната заедница е изедначена со брачната ама изгледа уште за некои работи прават проблем. Фала ви многу на инфо
Изедначена е само за поделба на имот. За останатото ќе ти бараат извод од венчани. Можеш и сама да се пријавиш како невработена.