Дали некој знае каде можам да завршам работа и кои документи ми се потребни? Невработена сум од средина на јануари оваа година и немам осигурување, дали е доволно само во Фонд за одам и со што, или треба нешто посебно да пријавувам и во АВРМ?
Одиш во Фзо со твој Извод од матична книга на родени и Здравствената книшка и таму ќе те заведат да имаш осигурување. Веќе не се поврзани Аврм и Фзо така да не мора да си пријавена во Аврм
Дали самата даде отказ, спогодбено или ти дадоа отказ? Имаш и помош од државата доколку ти дале отказ според стаж и има на сајтот на Аврм колку месеци ти следува и процент. За осигурување ти следува бесплатно под државата ама ако имаш не ми текнува колку беше над прагот ќе мораш сама да уплаќаш за здравствено.
Сама дадов отказ. Да тоа заборавив да напоменам дека имаат некој нов услов за ако си имала плата над одредена сума треба да си плаќаш осигурување сега како Невработен.
Дали некој знае каде можам да завршам работа и кои документи ми се потребни? Невработена сум од средина на јануари оваа година и немам осигурување, дали е доволно само во Фонд за одам и со што, или треба нешто посебно да пријавувам и во АВРМ? Има шанси да завршам работа со електронскиве изводи сега што ги даваат преку е-услуги?
Ако мислиш на тоа да покажеш од телефон, чисто сумњам дека ќе то признаат пошто мислам дека го копираат и останува таму. А ако прашуваш дали може да извадиш извод преку е-услуги, да јас така извадив нов за да однесам.
или од телефон или да го испринтам ич немам време да се бркам по институции и баш се надевав да завршам вака работа
Мислам дека секако ќе ти го бараат оргиналот на увид, не сум 100% сигурна ама знаат да бидат безобразни па затоа ти кажувам, да не губиш време да те враќаат неколку пати и слично.
Моментално сум не вработена. Дали може да бидам осигурана под фзо, а и ќерка ми исто. Што документи ми требаат?
Izvod od maticni obrazec da popolni deka ne zarabotues odredena Suma I licna karta mislam deka Toa e toa samo proveri Pak za sigurno
Немав земено плата за два месеци, денес стигна само за еден месец. Дали здравственото осигурување ќе се обнови или сепак треба и другата да стигне?