Искуство со изгубена здравствена книшка на дете? Треба негде да се пријавува и како оди процесот за вадење нова?
Не е лошо да направиш препис на вакцините на одделението од каде ги има примено. Не е голема работа и се завршува релативно брзо, а може некогаш да ви затребаат (за разноразни потреби, од кои една е студирање во странство). Не ме држи баш за збор, околу 500-600 ден.се уплаќаше за услугата (освен ако не е сменето нешто).
За 2 месеци ми завршува породилното, ,а мм работи странство додека да најдам работа пак ке треба да бидам под фзом но прашањето ми е за деца како ќе оди здравствено ако и двајцата се невработени?
Ако е сопругот пријавен во мк фирма ќе можеш преку него, а ако тука се води како невработен ќе може преку него тој да подаде зошто немал примања тука, а преку тебе нема да може зошто си имала приход има лимит годишно...
не е тука пријавен преку мене се моментално за да имаат здравствено и он и малата знам дека има лимити до која сума е бесплатно ама не сум сигурна до која
Па мислам дека е минималецот, ама најдобро е да отидеш подаваш барања и за неколку дена ќе ти кажат дали одпбруваат и дали ќе плаќаш или не зошто и тие на шалтер не знаат
Здраво дали ќе може да ми објасни некој како пдо за здраствено осигурување ? Ако претходно сум имала приманја од 60+ илјади и сега дакам дс дсдам отказ дали ќе имам пеаво како невработена на осигурување како де прсвилата не разбирам?
Ќе имаш право на осигурување, ама ќе треба да плаќаш месечно за него за да го имаш бидејќи го надминуваш прагот на годишен приход за кој би ти било бесплатно осигурувањето. И не е ова да платиш 2-3 месеци додека најдеш работа па ќе престанеш да плаќаш. Ќе ти изготват фактури до крај на година, за секој месец ќе треба да плаќаш, дури и да најдеш работа. Подобро ти е ако со релативно здрава, оди си на приватно кога ќе се разболиш, додека да си најдеш работа.
Кој е прагот за годишен приход ? Пошо планирам неколку години да правм пауза од работа така да за недајбоже би сакала да имам осигурување и мислев дали може да не го плаќам не знам како иде сето тоа.
Прашувам за лице кое е моментално невработено. Како иде процедурата за осигурување, освен извод и копија од лична карта што друго треба да поднесе од документи? Дали треба да извади потврда од УЈП дека претходно остварил минимални примања? Прашал во Фондот за здравство ама или не му објасниле убаво или не ги разбрал, не знам.
Они проверуваат, не му треба ништо друго. Затоа кога ќе поднесе документи во фзом, му даваат бројче, чека недела дена и оди пак.
И јас така знаев, затоа и ме зачуди зашто му рекле да оди во УЈП. Прашал зашто како, му рекле таму ќе ти кажат. А пријавен е во завод како барател на работа.
ФЗОМ и АВРМ не се поврзани повеќе години. Не му менува ништо за осигурување дали е барател на работа или не.