Здравственото осигурување престанува со постапката за одјава, односно на датумот кога завршува работниот однос според договорот за работа.
Кои се услови да се земе здравствено осигурување преку брачен партнер? Невработен ќе бидам ама ќе имам примања од договори на дело.
Дали може фирма да те има пријавено во аврм, да ти пушта плата, а да го нема подмирено придонесот за фзо и да не ти е активно здравственото? И каде може да се пријави ако го прават тоа?
Не може, освен ако со Закон не си ослободена од плаќање на придонесите, па државата да го нема платено придонесот.
Фала, средував полиса за приватно ЗО, па отворив да проверам на страната на ФЗО и видов дека ни државното не ми е активно. Ќе појдам да се распрашам деновиве да видам што е работата.
Прашај кај тебе на работа дали другите колеги имаат здравствено, дали колективно немате или само ти, ако нема цела фирма, нешто е згрешено, некое боледување на некој и слично, ако си само ти, треба да отидеш да видиш. Инаку за солитер маваат сигурно
Zdravo,sakam da prasam. Na boleduvanje sum se mislam dali da bidat 7 ili 14 dena dali ista suma ke mi skratat? Bidjeki kako sto slusav kratele 6000 za 7 dena a 3000 za 14dena.
Зависи колкава ти е платата. Кратат 30% од деновите кога нема да бидеш на работа, значи колку повеќе денови си на боледување толку повеќе ќе скратат.
До 7 дена исплаќаат 70% од основица. За до 15 дена треба 80% да ти покријат за тие денови кога не си бил на работа. Хипотетички во 15 календарски дена би бил 11 работни дена на работа (под претпоставка дека работиш од понеделник до петок). Ако месецот имаш 20 работни дена, дневницата би ти била 900ден (18к/20). Ако скратат од нив 20% би ти била 720ден, значи би ти скратиле 180ден од ден. 180х11=1980ден. Значи максимум 2000ден би ти скратиле ако претпоставиме дека работиш 5 дена неделно, и месецот кога земаш боледување има 20 работни дена.
Здраво девојки Почнав со работа минатиот месец, минатата недела ја добив и првата плата а здравствено осигурување сеуште не ми е пуштено. Реагирав кај работодавачот, но и од него немам конкретен одговор освен дека и тој не може да стапи во контакт со фондот. Дали некој има слично искуство?