Ок фала. Само не сфатив. За да пресметам дали би ме фатило бесплатното здравство, да ја пресметам нето платата од Јануари до Декември 2022? или последниве два месеци да немам прилив на средства поголеми до 36.000
Првиот услов е цела 2022 година и не само твојата. Вториот услов е последните два месеци 36.000 денари.
Zdravo da prasam do 10 avgust bev pod firma od 11 avgust plata treba da mi pusti fondot, minatata nedela firmata mi pusti pari za tie 10 dena vo avgust no na moe zdravstvo pisuva osigurana do 30.9 obicno odma se prefrla na 10 mesec , dali fondot go podmiruva osiguruvanjeto koga ke gi isplati parite za avgust ?
Од денес сум вработена и осигурана но кога влагам на страната да проверам кај Право на здравствено осигурување стои ❌ а подоле си ја пишува фирмата, дали знае некој зошто стои тој икс, што е проблемот?
Здраво работев во една компанија до 15.09 тој ден ме одјавија, а 23ти ме пријавија на друго работно место. На 29ти ми пуштија плата од претходното раб. место а денеска од тековното, зошто немам здравство , пак да не ме одјавиле?
Здраво, дали знаете на скратено работмо време од 20h неделно колку се придонесите? Почнувам со нова работа за странска фирма и треба сама да се пријавам и плаќам придонеси. Имам фирма која ќр ме пријави но за почеток планирам на скратено раб време. На калкулаторите на гугл секаде ми дава различна сума за придонеси
Зависи колку ќе ти биде платата. За 2023 година се: 18,8% од платата за пензиско и инвалидско осигурување, минимално 4.643 денари, максимално 148.586 денари, 7,5% од платата за здравствено осигурување, минимално 1.852 денари, максимално 59.276 денари. 1,2% од платата за придонес во случај на невработеност, минимално 296 денари, максимално 9.484 денари. 0,5% од платата за дополнително здравствено осигурување, минимално 123 денари, максимално 3.952 денари. Сепак во Законот е наведено и дека „доколку со меѓународен договор ратификуван од Република Македонија поинаку не е определено“.
Ова 18,7% минимално 4.643 ден е безразлика дали ќе си на скратено или полно раб време тоа е тоа што мора да се плати? Исто и за другите надолу? Јас планирам на 4h дневно т.е 20h неделно на минимално значи некој 12 илади денари. Па дури и на 2h дневно ако може. Сега треба процентуално од таа плата да пресметувам?
Не, но подобро е да ја имаш. Ќе купиш зл (под 100 ден. ти е), ќе ти стават печат и толку. Ако ти се потребни вакцините (или некогаш ти бидат потребни) одиш во одделението каде си ги примила и тоа чини некаде околу 500-600 ден. и ти го даваат како посебен документ кој ти важи заедно со новата зл.
Дали има опција сама да си плаќам здравствено осигурување како невработено лице? Условите за бесплатно здравтво не го исполнувам. Како да се пријавам да имам здравство?
Да можеш сама да си плаќаш зависи од приходите што си ги имала колку ќе плаќаш. На шалтер во социјално мислам дека можеш тоа да го средиш.
А во државава тешко иако сосема нормално дека веќе треба да ја има таа опција за онлине. Ама Македонија...
Здраво,некој што има познавање или шо работи во фзо ако може да ми пиши во лп би му била многу благодарна.Сакам да прашам што да направам бидејќи останав не осигурана поради одјавување од работа пред еден месец. сега сум невработена и неосигурана