Здраво! Оваа тема ќе ми служи како поддршка, но и како личен дневник и приказ на новиот начин на живеење што одамна го посакувам. Имам над 30 години и цел живот сум во кругот на слабеење – дебелеење – рестрикции – прејадување. Со други зборови, нездрав однос кон храната, од крајност во крајност. Но, последниве неколку месеци водам поинаква приказна. Работам на тоа да си ги сменам навиките, чекор по чекор, и сакам така и да продолжам. Оваа тема ќе биде моето сведоштво, мој мотиватор, но и место каде ќе можам отворено да споделувам – рецепти, информации, совети што ми функционираат (или не функционираат), искуства и размислувања. Можеби ќе објавувам секој ден, можеби неколку пати неделно – ќе видиме како ќе бидам со време. Најважно ми е да останам доследна. Да се разбереме, не слабеам за лето – слабеам за секој ден после тоа. Па, ајде малку и за мене: Висока сум 157 см. Највисока тежина ми била 80 кг, најниска 55 кг. (ова пред некои 6 год) Моментално се движам околу 72-73 кг. (долго време бев 77, и да еден период си бев зависна од корпа, кликни јади итн срамота!) Според параметрите, спаѓам во категоријата obese, и најголемата цел ми е – да си го вратам здравјето, да се чувствувам убаво во своја кожа и да водам квалитетен, исполнет живот. И да не се лимитирам, не станува збор од денес нема благо или слично, како што правев порано туку да се најде поздрава варијанта од некои работи кои не сакате да ги замените. Ако некако можете да се пронајдете во мојот пат – слободно следете, коментирајте, споделете и вие. Да си помогнеме едни на други – за здравјето се работи. ❤️
5/4/2025 – Тежина: 73 кг Исхрана: Утро: макијато без шеќер Ручек: риба со варени компири Забелешка: јадев пребрзо бидејќи бев прегладнета Попладне: турско кафе + јагоди Физичка активност: Од рано сабајле до 17 часот Под жешко сонце Немав ништо за грицкање — следен пат да си понесам јаболко или нешто слично Размислувања: Размислувам да инвестирам во трака за пешачење ➕ Добра идеја за вечерно движење или после јадење ➖ Малку е скапа, но може да се исплати заради здравствени придобивки (инсулин, движење)
Немам некои специјални совети.. Сакам и јас да се сменам во однос со храната ама моментално сум бремена и не можам баш . Но тоа шо ми падна во очи е дека немаш појадок. Кафето има калории да но појадок не смееш да скокаш посебно во здраво слабеење. Макијато ,3 во 1 ,капучино и сл ти се празни калории. Гледај појадокот најкалоричен да е останатите помалку калорични. Може да биде овошје ,протеини ,салата... Движењето секако е битно исто така а и многу течности.
@LocoCroco супер што си решила да се смениш. Само ова што го пиша како храна не е здрава исхрана. Немаш баланс. Односно имаш само еден оброк во денот што не е здраво. Види да се организираш да имаш три оброци дневно или барем два за да не немаш епизоди на прејадување бидејќи си прегладнета.
Иста приказна и кај мене цел живот се борам со сама себе односно со мојата стрвност и нагони за јадење. Кога ми е нешто слатко можам цело тенџере да изедам, иако знам дека после тоа ќе ми биде тешко. Тотално нездрав однос со исхраната имам... Во денешно време ни е достапно буквално се за да си створиме нови здрави навики, работата е што фали конзистентност и дисциплина - нешто со кое јас имам огромен проблем. Не знам колку пати до сега сум почнала, ќе стигнам до некаде и таман ќе видам напредок набрзо после тоа се враќам на старите навики со јадење и невежбање. 165cm сум висока а 75kg тешка, не се чувствувам добро во својата кожа, постојано имам недостаток на енергија и очајно сакам да си го сменам животот на долги стази. Во најлоша форма бев пред 10тина години кога достигнав 82kg, и тука веќе сфатив дека треба да превземам нешто. Во најдобра форма бев пред 4 години, тогаш стигнав до 67kg ама бев многу дисциплинирана цела година, мнооогу возев точак, пешачев, вежбав дома по 20-30 минути и внимавав на исхрана, и никогаш не сум се чувствувала подобро и поенергично. Не можам да сфатам зошто упорно се саботирам, кога знам дека со тоа што ќе инвестирам време и труд во себе на крајот ќе бидам здрава психички и физички.
Со лесно бременоста Знам, знам за појадокот. Вчерашниот ден уствари не ми беше нешто најоптимален ама сакам да сум искрена и дирекна. Денес далеку подобро ама си имам забелешки, ќе пишам покасно како поминав денес. Гледам да бегам од празни калории ама макијато без шеќер ми е мала доза среќа Знам, вчера не ни требаше така да ми помине денот ама ете бидна, фактори надвор од моја контрола... ај барем јадев здраво и имав физичка активност ама не значи дека се осеќав екстемно добро Денес мнг подобро ама денов трае, вечер ќе си пишам како сум поминала подетално Ете сме....во иста каша! Јас искрено мислам дека не се ставам себеси на прво место и дека премнг сум ектремист, од една крајност во друга, а и на емоции ме мава некад.....лош ден? бутај благо....едноставно животот не тече така и мора малку да бидеме повнимателни кон себе си. (знам дека е полесно ова да го пишам отколку свесно да се применува секој ден во пракса) А и јас треба малку да се едуцирам и да не барам магични решенија, едноставно ова е животен стил и како што се трудиме за другите луѓе околу нас, па и на работа, па и во семејството, така да си се трудиме и за нас. Некои денови ќе биде тапа, други денови ќе биде подобро ама битно е да се бориме за нашето здравје, кој друг ако не ние
Ајде малку за денов и што открив за себе Има едена авторка за здрава исхрана поконкретно за инсулин и за шеќери најмнг збори (Jessie Inchauspe) и решив повеќе нејзини совети да следам. Еден од советите е да го почнам денот со протенски (солен) појадок. Да не почнувам со благо, без шеќер и ништо што може да го дразни стомакот и да ти предизвика силно качување на инсулинот. Арно ама во 7 сабајле кајагана со спанаќ ич не ми легна хахахах искрено... му дадов шанса ама јајцето ми беше прејако и до 10 часот можев да го осетам (ако ме разбирате ме разбирате) Е сега почнав други решенија да барам и видов дека мнг луѓе кои не можат јајца да поднесат од сабајле обично јадат некој лесен сендвич и ете си купив намирници и како за ужина околу 13 часот си каснав. Главно планот ми е сега да си направам сендвичи и да не јадам од 7 сабајле појадок ахахахаха Ќе направам неколку кои ќе можам да ги замрзам (немам време секој ден да си правам сенд) и околу 11 ке си јадам на работа по едно. Значи сепак денот ќе го почнувам со едно макијато бидејќи сега за сега тоа ме движи Пешачење едно 40 мин, уште едно макијато.... Додека го спремам ручекот, една лажица јаболков оцет разреден во вода (исто совет од авторката) Ручекот ме изненади и си дадов оценка чиста 10тка, само нареден пат помалку грамажа за да не биде толку калорично. Заборавив уште една слика да става од ручекот а тоа беше една обична зелена салата (исто авторкава вика пред главното јадење обавезно една зелена салата) Сите калории на сликиве се груби (Chatgdp) и нормално и чекорите кои ги брои мојот саат и сакам да е вака грубо за да имам некаква генерална слика накај каде се движам
Мене девојкава ми е многу антипатична ама за тоа дека е подобро да јадеш солен појадок е во право, мада и чат пат да изедеш некоја чиа или овесна каша со овошје и грчки јогурт е ок. Чисто како идеја, мене за појадок во последно време многу ми се допаѓа хумус и некои крекери со семиња + различни видови свеж зеленчук (морков, краставица, пиперка, патлиџан). Исто така многу ми е вкусно за појадок да јадам јајца (варени, кајгана, омлет, било каква варијанта) заедно со некоја салата. Супер е што истражуваш и што се едуцираш околу исхраната, ама сепак мислам дека секој организам различно функционира и не може толку строго да се држиш до некои правила ако едноставно не ти годат. (како на пр. јајцето од сабајле). Испробувај различни опции за оброци со разновидни намирници и телото само ќе ти каже што му годи а што му шкоди. Ќе приметиш по тоа која храна ти дава енергија а од која ти е тешко и те прави тромава. Јас колку што имам истражувано, најважно е да внесуваш доволно протеин во текот на денот пропратен со здрави масти, јаглехидрати и влакна. Протеинот е есенцијален за согорување калории, побрзо опоравување после вежбање, градење на мускули и подолго време држи ситост. Кога сме кај ситост, доста внимание се обрнува на јадење волуменска храна (high volume foods - ќе прикачам слики подоле за да видиш на што се мисли), на пр. подобро е да изедеш цела чинија со свежо овошје или зеленчук отколку да изедеш паста или некое пециво, ем ќе ти даде повеќе енергија а притоа ќе внесеш влакна, витамини и минерали ем нема да ти биде тешко и да ти падне притисок. Рафинираниот шеќер знаеме дека е најголемото зло и докажано е дека е појака дрога од кокаин, и затоа треба да се избегнува. Јас како тежок зависник од шеќер пробувам да си правам здрави десерти (има еден тон идеи на интернет а можеш и ChatGPT да го прашаш за рецепти), на пр. место брашно користам мелен овес, мелени бадеми и сл., место шеќер користам урми или мед итн... Животните навики не се менуваат преку ден, ама треба секој ден да се работи на тоа за да полека се интегрираат во нашето секојдневие. Good luck и со лесно