Здравје пред изглед: 30+ и конечно учам дека здравјето е најважно

Дискусија во 'Диети' започната од LocoCroco, 3 мај 2025.

  1. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    jadenje.jpg

    Исхрана:
    7:00 макијато без шеќер
    Официјално е-веќе не ставам шеќер во кафе
    8:00 пешачење околу 40 мин
    10:00 макијато
    12:00 доручек-сендвич со салата
    17:00 околу 2 часа пешачење
    19:30 ручек таљатели со месо
    22:00 вечера салата со парче леб

    Размислувања: Денес особено ми се јадеше салати! Не можам да го објаснам ова, дали дека вчера немав никаква салата па телово ко само да си бара. Да се пофалам дека веќе си сигурност го пијам макијатот без шеќер и ми се допаѓа повеќе така. Малку денов изместен со приоритети ама ете стигнав балансирано да јадам колку толку
     
  2. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Нешто поразлично

    Artboard 1.jpg


    Исхрана:
    7:00 макијато без шеќер
    8:00 пешачење околу 40 мин
    10:00 макијато
    12:00 доручек-сендвич со салата
    17:00 ручек-веге бургер со компири и мала шопска. Знам дека иако е веге не значи по дифолт дека е поздраво или помалку калорично....сигурно беше пржено во масло бургерот и компирите, ама не се чуствував тешко после јадење и одма пешачев откако ручав
    17:30 пешачење 40 мин

    Размислувања: Епа дечки не сум сигурна колку луѓе го следат моето постирање ама за секој случај јас да известам. Life happens и од пон сум на мала операција, недела ништо нема да јадам (ова од докториве ме спремаат) плус ке пијам сируп лаксатив а утре ќе бидам само на течности затоа ги направив тие манџите од домати и моркови... сега можеби малку е појасно зошто денес си седнав на веге бургер и сепак ја избрав поздравата варијанта отколку седмица ахахахах така да горе доле иако животот носи стресни и нови ситуации се трудам да направам подобри избори...ми доаѓа да бутам благо и секакви мрснотии како начин за да се утешам за операцијата во пон ама еве се воздржувам...на некои од вас ова чудно им паѓа ама знам дека има мнг кои се препознаваат во моиве зборови.... Исто така не очекувајте постови пон и вторник, мислам дека среда би ме пуштиле дома ама ќе видиме...Сакам исто така да не заборавам преку овој пост дека и покрај притисокот и неочекувани настани во мојот живвот се трудам да си помогнам и да размислувам за иднината....
     
    На LiquidLuna, _Vera_, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Artboard 1.jpg Artboard 1-1.jpg
    Видете што ми стигне од ТЕМУ..... ајде сега и ова да се испроба :)
    Контрола на проциите и морам да признаам иако на слика делуваат како големи чинии во реалност баш и не се....
    Баш ме интересира дали ќе им помогне, јас сум мнг визуелна личност и затоа и ги сликам јадењава и слично па мислам дека ова стварно ќе се покаже како добра инвестиција....ќе видиме
     
    На JoyJoy и rainbowec им се допаѓа ова.
  4. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски


    Одличен муабет и со сите работи се согласувам. Постирам тука за сите кои им треба оваа мудрост и за себе, да си се потсетувам од време на време.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    6.607
    Пол:
    Женски
    Со лесно на операција :l:
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Фала за убавата мисла, се помина како што треба и конечно сум дома :)

    Само да ве насмеам ако ве интересира колку може човек да ослабне ако е...на празнење прво а после 2 дена инфузија без да стави храна и вода во уста хахахаха тргнав со 72.5 кг мислам се вратив со 70 кг...вчера конечно јадев некои лесни сендвичи и пиев вода и сокови и еве денес сум 73.1

    Денес ќе си продолжам да си внимавам како претходно и ако ништо друго сестрите и докторката која ме немаа видено 2 месеци ме пофалија дека сум ослабнала доста така да освен што операцијата помина ок добив и по некоја мотивација плус
     
    На LiquidLuna и _Vera_ им се допаѓа ова.
  7. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    breakfast.jpg
    foods.jpg
    foodhaul.jpg

    Мала промена во постирањево.... Уште заздравувам од операцијава и не можам да идам да пазарувам, ниту да кревам тешко ниту да пешачам.... а не сакам да почнам пак корпа да порачувам....Најдов привремено решение, пакет мк, си порачав ноќеска ко за прв пат и ете денес ми доставија и мнг сум задоволна... Појадокот полн погодок ама после ја утнав работата со....грицките кои испаднаа покалорични отколку што сакав па наместо вечера ќе поминам вака денес...Нарачав од жито лукс, кисел леб и не мислев дека е толку мнг калоричен, едноставно не ти се исплаќа така да памет за друг пат! Друг проблем е што не можам сеуште да се движам, да пешачам, така да согорувањето на калории ми е сведено на минимун и треба повеќе да внимавам....утре е нов ден ќе биде подобро
     
    На LiquidLuna му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    breakfast2.jpg
    Бидејќи вчера малку шубе денес пообилен појадок...мислев наместо леб да заменам со парчиња потпечени тортиљи и исечени како начос ама гледам и тоа горе доле калорично како лебот....ќе смислам нешто дефинтивно, само треба убаво да истражам по нет некоја замена за леб или слично
     
  9. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    food2.jpg
    Не стигнав сите работи да ги сликам кроз денов ама ги напишав. Среќна сум што пешачев 60 мин се надевам дека избалансирав со исхраната денес колку толку
     
  10. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Hello

    Последен пост во сабота а веќе сме вторник...Мал апдејт што се случува ако некој го интересира а и за себе ментална забелешка.... Малку се преценив и мислев после операцијата ќе си терам по старо одма ама искрено не испадна баш така...Напорно ми е што идам на работа, во болки сум и не стигам се да сликам и да забележувам....не можам сеуште сама да пазарувам ниту пак подолго време да стојам на нозе....
    Ноооо да се пофалам сеуште немам јадено од корпа, ниту пат под силен емотивен притисок се удавив во благо..Ноооо имав моменти каде рецептот целосно ќе го утнев или од премор не можев ништо да зготвам итн Горе доле терам на сабајле сендвичиња со салата, ручек или салата и пилешко, манџа од домати и слич.
    Среќна сум што килажата не е накачена 73 рамно...се надевам дека побрзо ќе се вратам во нормална и дека килограмиве ќе мрднат

    Screenshot_4.png Screenshot_5.png
     
  11. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Стариот формат повеќе ми одговара мислам, попрегледно ми е. Конечно денеска сум подоборо, издвоив време за направам припрема за јадење за деновиве а не се на брзинка да спремам и после незадоволна....Искрено ми се смачи од сендвичи....Не сум нешто презадоволна денес како јадев ама па и не е ништо трагично според мене
    Artboard 1.jpg
     
  12. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
  13. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Епа дечки вагата мрдна ама на полошо, а мене ми се случија приватно 300 работи. Ниту сликам, ниту јадам како што треба, ниту пак следам....од 73 качив 74/73.8...вака се движам деновиве и се осеќам ужасно...најискрено мнг сакав да можам да продолжам со моево темпо на посветување време ама очигледно со приватниве дешавки не можам да си уклопам нормална рутирна и се запоставив себе си....НО не сакам да се откажам, МОРАМ да се изборам за моето здравје...

    Првичниот план ми беше да симнам кг па после да почнам со вежбање за да се стегнам...јас имам големи проблеми ако симнувам кг и ако истовремено вежам...количински тогаш почнувам да јадам мнг и НЕ МОЖАМ во мојот распоред да ги уклопам тие 2 работи, работа и вежбање...а сум пробала....секогаш ќе почнам аеробик или пилатес..истиот проблем...ми ги мењаат термините и повеќе не можам да стигнам (нели ако групата е мала, повеќе и се исплаќа да ме стави во друга група со друг термин итн итн)

    Така да...сега ќе пробам нешто сосема ново за мене.. Од наредна недела вртам нов лист и полнувам со личен тренер! Решив да дадам пари и некој сериозно да ми помогне... Очигледно не знам баш што правам а немам ни време доволно за да се едуцирам и да пробувам работи....деновите ми летаат и подобро е некој со искуство и што знае како правилно треба да ми помогне! Веќе ми се спрема планот за исхрана, препораката е 4 до 3пати вежбање и фала му на бога ќе се адаптира на моето време...Значи после работа дирекно ќе идам на вежбање и се надевам дека ќе успеам во зацртаната цел..Ќе дадам се од себе!
     
    На Miss666, rainbowec и KittyAgnes им се допаѓа ова.
  14. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.449
    Допаѓања:
    42.790
    Сори што ти се мешам у штипки, али освен калории, се гледа и макро нутритиенти.

    Ти јадеш грото јагленохидрати, што леб и макарони, што од зеленчук. Протеини ич. Масти исто.

    Затоа и ти стагнира килажата.
     
    На theowndemon, LocoCroco и SummerGirl им се допаѓа ова.
  15. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Мешање е добредојдено хахахах, затоа и темава ја отворив иначе да во прави си!
    Тренерот ми даде план за исхрана и очигледно ќе удрам јако на протеинот, односно месо...

    Кратко инфо а при крајот на неделата ќе постирам нешто подолго...Конечно завчера ми стигна планот за исхрана а вчера и ми беше прва сесија вежбање. Мислам дека ова ми е најпаметна инвестиција до сега ама ќе видиме... Планот е доста строг, има одреден степен на протеини и калории кои мора да ги стигнам и се е во склад со вежбиве... Чао чао макијато, лебови и други слични работи... Се изненадив колку се е точно пресметано дури и ми се објасни под какви конкретни услови јас ќе ги согорувам масните наслаги, односно 2+2 е 4 и нема простор за ништо друго...
    Сега треба и да ја мерам храната во грамови и да си ги делам оброците кроз денов..Имам и домашна задача поврзана со вежбиве...буквално сум пресреќна што ми се погоди тренеров и што толку посветено ми објасни се..Му покажав и ова што сама правев и следев и за тоа се изнаслушав комнетари (кои беа вистина) но најбитното е што гледа потенцијал!

    Да помина неделава па ќе пишам пак вака како прв впечаток, одлично!
     
    На KittyAgnes, AAKG, rainbowec и 2 други им се допаѓа ова.
  16. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Епа неделава е при крај и имам неколку работи да раскажам!

    -Фактот дека платив теретана и работам со личен тренер е можеби најдобрата инвестиција за себе што ја направив...не годинава... туку во последниве 3 години! (возачката ми е уште на прво место!)
    -Да, кошта пари ама добив многу, значи добивам инструкции и организирани упатства за исхрана и тренинг кои се адаптирани специјано за мене (а не тоа што правев, пробував да следам луѓе на интернер итн) и го добивам и времето свое назад! (се адаптира тренерот врз мојот распоред а не обратно, па така постигнувам се во денов без да се брзам)
    -Мислам дека 2 клучни фактoри ќе го одредат успехот мој- истрајност и дисциплина, ништо повеќе
    -Неделава сеуште се загревав за целава идеа (планот го добив вторникот или средата не се сеќавам, вежбав 2 сесии, вторник и четврток ама затоа во болки цела недела сум хахаха плус кардио сесии 2 пати неделава). е сега од наредна недела почнуваме стрикно според планот за исхрана и вежбите (од 3 до 4 сесии, со плус 3 оделни само кардио вежби, не знам како ќе издржам) , неделава повеќе беше запознавање со справите и со мојата кондиција како и организираност во кујната за готвење и спремање.
    -Една работа многу ме изненади! Во исхраната имам доста место и лично побарав да ми се одредат и временските интервали, кога да јадам и што.... првин мислев дека количински е мнг малку храна...епа луѓе сега откако мерам во грамови се што јадам разбирам колку сум се прејадувала и колку ми требало поинаков вид на исхрана....за чудо јас не бев воопшто гладна оваа недела! Мислев дека ќе ми се јаде благо, дека малку ќе ми биде се, дека ќе ми фали макијатото....не... очигледно сум функционирала мнг на шеќери и јаглехидрати и затоа цело време сум била гладна, уморна и слично...
    -ќе ги сликам оброците кроз неделава па да се смееме колку се различни од погоре што сум постирала :)
    -ми кажаа да не се потпирам многу на вагата но ете ќе се потпираме на слики, мнг ми е срам како изгледам но тоа е, ќе следиме најмнг така прогресс, визуелно

    Посакајте ми среќа и истрајност!
     
    Последна измена: 21 јуни 2025
    На rainbowec, Aleks.mar, KittyAgnes и 3 други им се допаѓа ова.
  17. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    6.607
    Пол:
    Женски
    Честитки за донесената одлука, и ти посакувам да си дисциплинирана и да се сакаш себе (особено сега бидејќи пиша дека ти е срам како изгледаш). Изгледот е минлива и менлива работа, ќе се среди тоа со тек на време ако си упорна. Биди горда што почна да работиш на себе а за некој месец кога ќе ги видиш првите резултати ќе си кажеш фала. :l:

    Good luck, big up! :muscle:
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    прво браво за твојот challenge или како и да го наречам. Темава ја заследив и читам површно како имам време ама еве сега си реков ќе ја "разработам" . Следејќи ја темата "морална поддршка за тие кои сакаат да ослабат" и кога би направила споредба мислам дека е поважно да работиме во менување на навиките сепак не поради слабеењето туку поради одржување здрава килажа заради целокупното здравје. Инаку и јас сум.на 30 год висина 152 а килажата ми варира од 65 до 67 ама бидејќи сум ниска изгледам "дебело" но и се чуствувам дебело. Имав период кога вложив труд и добив резултат но не е работата само периодично да се одржуваме туку да си вложиме во навиките и здравјето. Не само во исхрана туку и физичка активност квалитетен сон и бирање на соодветна средина за одмор (мислам на поминување повеќе време во природа)
     
    На eliesaab и LocoCroco им се допаѓа ова.
  19. LocoCroco

    LocoCroco Активен член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Фала ептен! Мнг ми значат зборовиве, се надевам дека ќе роди плод сето ова. Јас ќе дадам максимум, чуствувам дека сум во добри раце.

    Да, комплетно се согласувам.... Затоа се трудам да се едуцирам колку што можам...Знам дека има милиони фактори и околности кои ни влијаат на нашето здравје но барем да се потрудам тоа што е во моја контрола да биде колку толку корекно :) само што почна неделава, денес тренинг завршен и искрено...цркнав ама преживеав!
     
    На rainbowec, Aleks.mar и sweet dreams ** им се допаѓа ова.
  20. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    6.607
    Пол:
    Женски
    Пробувам да ти пишам приватна порака, не ми дава.
    @LocoCroco Ај те молам пробај ти да ми пишеш
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.