Здравје пред изглед: 30+ и конечно учам дека здравјето е најважно

Дискусија во 'Диети' започната од LocoCroco, 3 мај 2025.

  1. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    ти пишав :)
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Hello, скоро помина една недела па додека се ми е свежо да споделам неколку впечатоци и мислења

    1- Не сум гладна а не јадам многу и не ми фали благо и шеќери. Не стигав сите оброци да ги сликам ама еве неколку слики.
    Screenshot_8.png Screenshot_7.png
    На првата слика е еден ручек а на втората слика количински е ручекот и вечерата заедно.... Значи секое сабајле одприлика 30грама овес или 3 до 4 јајца а за ручек и вечера месо (пилешко и мисиркино) заедно со компир, сладок компир или киноа. Тука грамажата зависи од денот и плус некое овошје, зеленчук, хумус за гричкање итн Исто и временските интервали, сбаајле 9 саат доручек, 12-13 ручек, вежбање 17 часот некад 18 итн и вечера околу 19-20 часот...
    На почетокот мислев дека сето ова нема да ме држи, плус лебови, благи сето тоа исфрлив и сеуште се чудам како ништо не ми фали. Искрено вкусот мнг брзо ми се смени, сега ако пробам нешто благо ми е преблаго и не сакам да го јадам...најважното тука е дека не сакам... После неколку саати вежбање и кога си во околина со толку фит луѓе едноставно ти се одјадува се што е брза храна и нездаво...барем кај мене вака делуваше...а можда и парите што ги давам и не ми се исплаќа да не го почитувам режимот и да се саботирам себеси... мислам дека има повеќе псиохолошки и физички фактори за кои не сум свесна а ми влијаат.

    2- го преживеав четвртокот и го игнорирав тој мал глас кој збореше- не можам, не сакам, имам добиено, премнг сум уморна.
    Понеделникот и вторникот сесиите течеа супер. Значи тренерот не ме брзаше бидејќи немав никаква кондиција и мнг споро ги правев вежбите така да некад се задржувавме подолго од еден саат. Ми споделува цело време информации, од генетика, до слабеење, до тоа што се очекува од мене итн итн. На почетокот од неделава повеќе работевме на мојата сила (да можам правилно да ги извршам вежбите) а при крајот на мојата кондиција (па почнам со побрзо темпо да ги правам)
    Бев преиспотена, ме болеа мукулите ама задоволна си терав...е сега....

    Средата добив и се осеќав ужасно плус голем минус е тоа што морав да останам на работа. Буквално пред комп. од 9 сабајле до 8 вечер не станав. Мораа да се бркаат некои невозможни рокови итн и се осеќав мнг лошо.. Ако не ги движам мускулите а ми се во болка, болката станува полоша...Барем тој ден си продолжив со исхраната иако и тоа одвај стигнав да го средам.
    Аме еве една работа која ме изненади, дојдов дома околу 9 и имав енергија! Завршив за 3 саата некои работи по дома и се чуствував нормално, а порано сигурно не би можела да мрднав од истоштеност од работа, би лежела само на кревет и би гледала нешо на тикток или инста....

    Е сега четвртокот беше пекол... Јас толкава болка мислам дека во живот немам осетено и искрено се исплашив. Телото ми тежеше ко олово и одвај ги правев вежбите. И сето тоа се случи поради комбинација од-добиеното, вчера што не мрднав со телото и најголем фактор- активиравме мускули кои не биле активирани со гоооооооодинииииииииии.... Јас сериозно не знаев кај се наоѓам, па дури и тренеров ме приджуваше додека вежбав (мислиш бабица вежба од 80 години) и збореше дека ова е нешто најнормално ке биде подобро за 2, 3 дена. Ова е само знак дека си дала и повеќе отколку што можеш, односно си ги мрднала границите и телото ќе ти биде благодарно... Ама џабе зборови, јас одвај чекор...спиев со 300 перници, магнезиум, дури и гласот ми беше спор...ужас... Операцијата не ме болеше толку колку тој ден... и уште не ми е јасно како станав и утредента отидов на работа....болките полека кроз денот попуштија ама јас пак во главата- леле како ќе вежбам денес, морам уште да одмарам, не ми е добро итн....епа ќе си направев полошо ако одмарав и решив да не ги слушам тие гласови кои се базирани на несигурност и незнаење, па отидов на последна сесија вежбање и си поминав предобро...
    Тренерот среќен од мојот прогрес, јас сабајлево не можев да издржам па се качив на вагата и гледам 72 кг
    Имам задача неколку вежби за викенд и ќе најдам време тоа да го завршам.... Се чуствувам добро и терам напред
     
    На Aleks.mar, rainbowec и Gosh им се допаѓа ова.
  3. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Hi нов репорт...ова е втора недела целосен тренинг па неколку работи и забелешки

    1.Неколку слики од рандом ручеци и јајца за појадок
    Screenshot_9.png Screenshot_8.png Screenshot_7.png Screenshot_6.png
    -Ве молам приметете ја количината колку е намалена и колку мнг е зголемено на месо....

    -Забележав дека сметката за храна е малку поголема...само поради месото и не можноста да заситам глад со нешто непотребно како парче леб, мармалади, итн... Значи иако не нарачувам брза храна и не јадам глупости пак се трошат доста пари за месо и намирници.

    -Малку здосадува јадењево, некои денови не можев да смислам месо ама терам и не се жалам мнг

    -Сериозно немам потреба за благо и моментот на food noise е драстично намален... Јас стварно подсвесно се плашам дека од никаде, наеднаш ќе ме нападне таа стрв за благо, шеќери и слично (и се случи еднаш ама одма приметив дека кога се случи тоа беше 1ипол навечер и одма логички сфатив дека сум уморна и морам да си легнам, не ми треба благо, телото бара енергија). Сеуште не си верувам на себе, па да имам чоколадо по дома и да знам дека можам да изедам само еден ред, затоа немам ништо од благи намирници АМА еве нешто интересно...Деновиве посакав нешто ново, онака малку благо...и бидејќи бев зависна од макијато порано си земав и...го иструрив...мнг ми беше блјак...друг ден посакав ладно кафе од лименка...си купив не беше нешто убаво на вкус ама позади кога видов дека една лименка има над 500 калории (како да сум изела една Милка чоколада) земав и го истурив и тоа...не ми се исплаќа лимитираниот буџет на калории да го трошам на овие глупости кои не ми се ни допаѓаат веќе толку.ете 2 ситуации кои се случија природно без да се присилам да си скратам нешто...

    -Спремање за теретана исто толку ми одзема време (некад помалку) колку самото вежбање... Да и ова не го очекував...Перам мнг почесто (што е нормално нели ама пак..) и приметувам дека девојките имаат цели ритуали пред да почнат со вежбање, за да на пола сесија не почнеш да мирисаш на јака пот и да можеш да ја издржиш целата сесија...Не бев искрено свесна за ова и не мислев дека е толку важно ама е и те како важно... Од облека, до хигиена, до пиење шејкови пред вежбање, до правилно и долгоооооо загревање и одмарање помеѓу сесии.... Стварно не е како идење на пилатес или аеробик (нешто што ми беше познато од порано)

    -Веќе приметувам ситни разлики ама мнг ми значат... Вагата сеуште е на 72 и варира (72.4, 72.8 итн) ама силата и кондицијата ми се подобрени... Сега не се задишувам кога се качувам по скали, полесно ги поднесувам кардио вежбите, самото тело ми бара сега да се движам повеќе...Кога одмарам не е како порано да заспијам попладне, туку одмор со лесен сон од 20 мин и станувам ко нова... Значи новиов бран на енергија мнг ми значи... Облеката горе доле исто ми стои ама луѓето околу мене коментираат дека сум се променила ама не знаат што точно се случува, сум делувала мнг посвежа беше генералниот впечаток...Благодарна сум и за овој коментар и сеуште не споделувам дека вежбам.

    -Наеднаш сакам да сум опкружена со луѓе кои поминуваат низ истово или кои го завршиле овој пат...Инстаграм и тикток ми се преполни со вакви работи и некогаш кога ќе видам реел од девојка која тежела над 100 кг и успеала да се доведе до 60 без апчиња и хирургија, ми значи ептен и целосно ме инспирира! Па уште кога ќе видам дека и треба 3 години за да го постигне тоа уште дополнително ме уверува дека само со конситентност и дисциплина се може се.

    -Некогаш ме фаќа нетрпениие и имам целосно нелогични мисли и скришно посакувам да најдам скратен пат ама одма се враќам назад бидејќи ова е нешто повеќе од слабеење, едноставно е нов начин на живот!
     
    На Gosh, eliesaab, rainbowec и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    7.792
    Пол:
    Женски
    Стариот mindset и навики треба време за да се сменат, бидејќи влегуваш во нешто што ти е ново и непознато и егото ти вика еееј што правиш чекај, абе види што ни е убаво во комфорт зоната, пробува да те обесхрабри за да се вратиш на старите навики.
    Посилна си од тоа, си го направила чекорот што треба сега продолжи напред. И да, дозволено ти е да имаш bad days и ќе ти биде тешко се додека новите навики не станат дел од тебе, од твоето секојдневие. Мене си ми мотивација и инспирација :)
     
    На Aleks.mar и LocoCroco им се допаѓа ова.
  5. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Thank you sooooo much немаш поима колку ми го направи денов
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  6. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Hello hello нов запис во дневников :D
    -Трета официјална недела од континуирано вежбање или месец од почетокот на ова патешествие.
    -Мнг срамежливо почна да се појавува 71 на вагата (71.9 71.6 71.2) па после пак се враќаме на 72 па пак 71
    -Почнува да ми се приближува циклусот па аптетит мнг ми се зголеми
    -Понеделникот 3 различни особи ми прокоментираа дека сум ослабела
    -Фармерки кои не можев да ги закопчам ме собираат таман сега, а фармерки кои не можев да ги облечам...сеуште не можам да ги облечам
    -Килажата на теговите ми се накачува, на некои справи од по 5кг, на некои 10кг. (првично почнав без тегови па со 2.5)
    -Од наредна недела следува нов режим на исхрана, според муабетот ќе се скрати на калориите и ќе влезам во така наречена cutting phase.
    -Се научив да бидам привремено гладна и да го контролирам гладот, а ако не можам да издржам дозволено ми е некоја овошка, краставица и слично (значи во никој случај да не посегнувам по чоколади или друг брз извор на шеќер)
    -Бев на роденден и изедов парче торта без вина....договорот е дека смеам да имам cheat meals (никако cheat days) ама САМО во контекст на прослава или слично, кога е социјално прифатливо и има поголемо значење тој оброк.Така да максимално си уживав во парчето торта
    -Приметувам дека не сакам секогаш да идам да вежам само монологот во себе со не сакам го сменив во морам и тоа е тоа
    -Петокот прв пат вежбав сесија сама без тренер, мислам дека некако ја убрзав сесијава друг пат повниматлно ќе се следам
     
    На ancebanance и malerozna им се допаѓа ова.
  7. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Hello :) уште една недела помина
    -Денес најочигледно ќе добијам, па добро е што вагата сеуште седи на 71 (71.3 поточно). оваа недела си останав 71, без да се врати вагата на 72. Значи се стаблизирав во оваа килажа ИАКО не бев 100 посто посветена со исхраната (80 посто бев, можда ако бев 100 посто ќе имав 70 кг до сега ама тоа е што е)
    -Неделава почна најнормално, исхрана, теретана, покачувам тежина на вежбите, полесно ги правам вежбите, се чуствувам супер.
    -Кардио накачив на задолжителни 20илјади чекори секој ден и брзо пешачење на траката секој втори ден по 40 мин
    -Е сега при крајот на неделата просто кажано добив психолошки удар во врска со моето здравје (правам некои испитувања- не е нешто екстремно лошо, ама не е баш добра веста) и мнг ми беше тешко цел ден, тешко ми беше да ја испроцесирам информацијата, плус пред добивање сум, искрено целата бев хаос и посакав да не одам во теретана, да си купам глупости за јадење и кој знае, знае. Значи одма сакав да се утешам со храна. Сепак ги тргнав тие мисли и отидов на вежбање и успеав да бидам целосно сконцентрирана, завршив одлична работа, а после...донесов свесна одлука да го раширам опсегов на дозволени калории и за вечера да јадам шопска, таратор и фурнаринки. Ова беше прв пат леб да пробам во форма на фурнаринки, исто толку мнг сирење и прв пат да јадам надвор, до сега се си готвев. Брзо се заситив и во главата си знаев ова е само cheat meal не е cheat day, си дозволи малку и ништо не беше екстремно нездраво
    -Исто последнвие 3 дена си јадам лубеница која не ми е во планов и таа не е лоша ама ако вака почнувам да си правам, се плашам дека ќе забегам и како да сакам да се саботирам. Среќа ја завршив вчера и толку од прекршување на планот. Некако се плашев да не се качи вагава ама уште сум под контрола
    -Кратко кажано од ова малку се плашев, дека животот ќе ми приреди некаков предизвик или нешто ќе се случи лошо и јас ќе се саботирам. Ете се случи мислам дека добро ги изгуирав овие последни 2 дена и дека вака така ја процесирав информацијава. Се враќам со 100 посто посветеност и фокусираност, а другиве работи, си бараат сериозно психолошки преобразување и морам да работам на себе.
     
    На Ladyme и rainbowec им се допаѓа ова.
  8. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Хелло хелло, заокружив 5-6 недели од мојот fitness journey

    -При крајот на неделава срамежливо се појави 70-ката...70.4 па 70.8...варирам...првиот пат кога видов 70 помислив вагата нешто не е во ред....Килажата на вежбите ја накачувам и кардиото исто така го продолжувам со повеќе минути...

    -Време е да влезам во втора фаза - Cutting phase каде ќе ги намалиме калориите, ќе ги зголемие протеините и вежбите се со цел побрзи и подобри резултати. Нема вечно ова да трае, после ќе си продолжам со друго темпо на одржување или па поспоро слабеење, битно сега да дадам максимум од дисциплина и да истраам до крај.. Исто и планот за исхрана ми се смени... По некоја логика до крајот на Август би можела да стигнам до 66-67, (ова јас си пресметувам во главата математики, за тренерот мој не е битна вагата) само да не се залетувам или да не сонувам премнг, битно е да ја имам оваа цифра на ум па ако стигнеме одлично.
     
    На Aleks.mar му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Хело пак
    Малку ме снема ама тука сум се трудам....ама боже мој заглавивме на 70 веќе 2 недели...Ај не се бедирам ама искрено ме нервира подсвесно бидејќи се навикнав да си паѓаат килограмиве...Ќе дадам максимум од себе овој месец и се надевам дека ќе ги видам волшбените 69. Кроз ова време ми дадов еден чит оброк и тоа дека бев на гости и нешто се славеше...Мили луѓе не се опуштив којзнае колку, 2 стека и пазете 3 мали солени лиснати...и се надув како 7месец труда...откако почнав со тренеров ниту еднаш се немам надуено и си се навикнав, си викам супер вака треба да биде ама боже тој ден од 3 мини лиснати....можно е да имам интолеранција на глутен....убоо би било да испитам...
    Оваа недела крвна слика ќе проверам и понатака хормони за да видиме како се ми влијае...
    Се израдував што извадив 2 стари фармерки и сите ме собираат па и лабави ми се малку,..значи ептен удобро...ама скалава не мрда а не се осеќам како да имам 70....што знам треба малку да се преорганизирам неделава искрено и да се стегнам околу овие работи, се чуствувам како да сум малку демотивирана а и треба да добијам...Накачивме килажа, сега ќе ги накачиме и вежбите, целиме кон 4 до 5 дена максмум, за разлика од сега каде беа 3 до 4 максимум
    Иначе сега ич не ми се допаѓа мојата гардероба и полека си правам reset, можеби не се залтеувам да купувам работи ама од мнг веќе се ослободив
     
    Последна измена: 11 август 2025
    На Aleks.mar и rainbowec им се допаѓа ова.
  10. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    7.792
    Пол:
    Женски
    Не се разочарувај, може да се случи стагнација во килажата ама битно е ти како се осеќаш.
    Баш тоа што викаш дека облеката подобро ти стои е побитно (барем за мене лично) откоклу колку кила имаш во моментот.

    AI Overview: The scale might not be moving for several reasons, even if you're working towards weight loss. It could be due to fluctuations in water retention, muscle gain, or changes in your body's metabolism. It's also possible that you're not in a calorie deficit as intended, or that your diet isn't balanced. Finally, it's worth considering that your weight can fluctuate throughout the day and week.
     
    На LocoCroco му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Thanks. Да има мнг фактори да можев да го убрзам процесов некако ама на здрав начин :D Мала шала идеме напред нема откажување
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Hello again

    Прескокнав една недела репорт, мала случка со раката, лошо се изгорев па викендот ми помина со средување изгореници по клиника и одмарање. Сега веќе помина и сум одлично! Е до каде сме со вагата и тренингот...

    Епа стигнав 69.5 денес! Значи неделава шетав околу 69.8 до 71.4 и бидејќи повеќе кружев околу 69 чекав да видам кога ќе се стабилизира бројката па мислам дека сега е добро. Не знам од кога ја немам видено оваа бројка! Исхраната исто си ја терам, вежбањето најмалку 3пати иако целевме кон 5 ради дешавки, распоред и други работи не беше возможно ама барем 4 максимум е можно да се извлече.... Исто така неделава добив, забележав голема желба за благо ден пред дбоивање, среќа се контролирав и умерено јадев здрави благи... Е сега мастите...имам забелешка дека не внесувам доволно масти и дека ќе ми страдаат хормоните ради тоа, така да гледам и тоа со сила на било каков начин да го средам...и мастите да ги јадам во форма на јаткасти мешунки и слично...ич не сакам калориите така да си ги трогаш бидејќе реално се доста калорични а можеш без престан да ги јадеш ама тука не станува збор за овој начин на размислување така да морам да го променам тој пристап кон оваа проблематика...

    Друга интересна работа е што во еден ден не знам колку комплименти добив, од тоа дека сум ги инспирирала со мојата дисциплини до *е да сум барем волку слаба како тебе ќе си бидам задоволна* (кажано од човек што е малку поголем од мојата стартна тежина) Ептен се чуствувам мотивирано плус веќе почнувам да се движам кон маички со големина М.
    Гледам дека се поголем мерак ми е да си купувам спортска облека :D

    Исто така си се зачленив на ФитКит апликацијата, па ќе можам да си бирам активности секогаш во секое време, да не зависам локациски само од оваа теретана, односно да се трудам да си водам општо активен физички живот и морам да признам мнг ми е интересна апликацијава....до сега бев во друга теретана чисто за кардио од 40 мин у спат и мнг ми годеше :)
     
    На Aleks.mar и rainbowec им се допаѓа ова.
  13. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    7.792
    Пол:
    Женски
    Килажата не значи толку, колку што значи ти како се чувствуваш во својата кожа, како ти стои облеката и тоа што си ја менуваш перцепцијата за себе.

    Да, преубаво е чувството кога одиш во продавница и сфаќаш дека ти треба помал број од вообичаениот, значи има прогрес. Go girl! 8) :muscle:
     
    На Aleks.mar и LocoCroco им се допаѓа ова.
  14. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Преблагодарна сум за твоите зборови you truly are one of a kind :) thank you soooooooooo much и точно се менува перцепцијата за себе и за животниот стил
     
    На rainbowec му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LocoCroco

    LocoCroco Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2025
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    231
    Пол:
    Женски
    Screenshot_5.png
    Голема новост за мене! Конечно искочив од категоријата OBESE, и сега сум само overweight.. Да, според медицинските параметри на висина и тежина доста долго време спаѓав во обис категорија и мнг ми е мило што конечно искочив од..тоа поле..

    Помина уште една недела па неколку новосити од мене
    -Се трудам да не се потпирам веќе на вагата...Останав на 69 и мислам дека прогресот ќе биде мнг поспор, (освен ако не одлучам да скратам уште калории од мојата исхрана ама искрено мислам дека не мора) па затоа ќе пробам да се мерам на неделно ниво наместо секој ден
    -Бев на шопинг и си купив нови панталони и ептен ми е мерак
    -Извадив стара облека и супер е што можам да носам повторно некои од моите стари работи кои дремеа во плакарот мнг долго време
    -Ситни работи ме прават среќна, фактот дека се чуствувам добро во тоа што го носам ми го олеснува мнг секојдневието
    -Лицето ми е мнг олсабено, ја немам гиргата и изгледам помладено, па затоа имам мерак повеќе да се грижам за мене и за своето тело
    -Интимниот живот исто ми се подобри тука не мора да влагам во детали
    -Мнг сум среќна сега кога чекорам ништо што не се мрда лево десно, особено нозете мои...едноставно не се терсам како порано и после добра сесија станувам како зависна од тој привремен pump што го осеќам
    -Ептен ми е олеснето што не сум зависна од благо, сега можам да имам чоколада дома и да изедам само еден ред и толку МАДА има денови кога сакам да го прекршам ова и за да не се мачам гледам да немам такви работи по дома ама ако има не правам како порано...
    -Ако случајно јадам надвор или купувам како некоја закуска, се приметувам дека не ги јадам до крај работите односно се задоволувам со мнг помалку и не се форсирам да ги дојдадам работиве... и тоа мнг ми се допаѓа
    - Уште една интересна работа, теретанава и meal prep што правам ми дава еден вид на стабилност и структура на денот и тоа дополнително ми дава самодоверба
     
    На Aleks.mar, rainbowec, Калатеа и 1 друга личност им се допаѓа ова.