Е како да не.. Ова претерано е, дури и премалку. Ако целта ви е да сте преслаби, ок, но здраво дека е тоа, тешко. Да и' кажеше да достигне нормален здрав бми, а не низок. Зошто упорно сите се вртите и здраво за готово го сфаќате тој индекс на телесна маса, па и се борите за што е можно пониска вредност, а не ги земате во предвид и другите фактори? А за @LocoCroco браво, секоја чест на упорноста и истрајноста За кратко ќе си ја постигнеш скроз твојата цел и во целост ќе си горда на себе.
@LocoCroco очекувањата околу килажата се најмногу тие што прават да се чувствуваш вака. Пробај да не застануваш на вага неколку недели, знам дека е полесно да се каже, отколку да се направи, ама извади и ги батериите, сокриј ја некаде и пробај да издржиш. Бидејќи те демотивира, имаш други очекувања, она си покажува друго и се прашуваш дали се што правиш е за џабе. А не е, никако не е за џабе, само мораш да издржиш. Пробај мотивацијата да ти биде “зоштото”, што би се рекло, односно зошто го правиш тоа што го правиш. Мене отсекогаш најмотивирачко “зошто” ми било чувството на сила после вежбање. Кај тебе можеби е друго, ама пробај да го најдеш и секогаш кога ќе посакаш да се откажеш, запрашај се - зошто го правиш тоа. Како човек кој исто нема баш здрав однос со храната и цел живот е во магичен круг, те разбирам совршено како ти е. Ама не се предавај, за брзо време би требало тој самодеструктивен глас во твојата глава да се стиши. Имав една нутриционистка што ми викаше - ставај ја храната што ти е омилена некаде далеку од тебе, пример во подрум И ме прашуваше - дали во 12 навечер кога ќе те фати криза, би се симнала до подрум да земеш чоколадо? Одговорот 90% е не. Значи додека не станеш 100% сигурна во себе дека можеш да одолееш, едноставно тргни се од дома што може да доведе до тоа да посегнеш по тоа. Исто ми викаше да разликувам глад од апетит и ако е глад, дека треба нормално да го задоволиш со здрави намирници, ако е апетит - пробај да си го одвлечеш вниманието. И не се откажувај никако
да, мнг убаво го кажа ова со подрумов! Скроз е точно и логично! Прво фала ти мнг за коментаров го препрочитав неколку пати...Мнг ми значи! Јас нема шанси да се откажам, знам дека е долг процесс (а очигледно станувам нетрпелива) ама можеби таа цел до нова година да стигнам до одредена килажа ми става подсвесно грд..притисок? Мислам дека е мнг битно да имам цел кога станува збор за слабеењево ама можеби е најпаметно да продолжам со мнг помали цели? На пример да целам кон намалување на 0.5 кг на неделно ниво отколку да мислам дека за 3 месеци морам 10 кг да симнам (поточно не мислам дека морам ама под логика како ги терам работиве си влеам дека ке бидам минус 10...) Најискрено се плашам ако не застанам на вагата дека ќе забегам со килажата и нема да приметам...ама да пробам барем еднаш неделно да се мерам? на пример секој понеделник? Очигледно помислив дека...го излечив мојот нездрав однос кон храната ама гледам наоѓа начини да се врати и си се ставам под чуден притисок и тоа ме исцрпува... Луѓево околу мене ми зборат дека треба баланс, дека можам да си дозволам нешто нездраво ама мислам дека не се свесни дека јас цели 4 години (можда 5) секој божји ден си дозволував што сакам и дека ми се наруши комплетно односот со исхраната и моето тело/здравје... Што знам....мисливе ми се малку...раштракани ама фокусто не ми бега, денес е нов ден и продолжувам посилно Ви благодарам уште еднаш Здравјето пред се! Само да е нормален BMI тоа е најважно
@LocoCroco пробај целта да не ти биде бројката на вага, таа навистина ништо не значи, туку чувството во сопствената кожа. Силата што ја имаш после добар тренинг и после здрава храна. Пак ќе кажам, знам дека е полесно да се каже, отколку да се направи, ама пробај. Исто така, мој совет пробај да не мислиш за како ќе биде до Нова Година или слично. Биди присутна во денешниот ден и среќна кога ќе направиш се како што треба, а ако утнеш, утре е нов ден, ќе се искорегираш. Најлошото нешто што сами си го правиме е кога мислиме дека ако еднаш, два пати сме утнале, треба да продолжиме така со грешки, односно да се казниме самите себеси. Нитриционистката моја викаше - секој може да започне и има почетна сила, ама најголемиот проблем е да се издржи на долг рок. Тука надоаѓаат бубачките во глава, за жал. Комплексна е темава, многу е лесно некој да каже - ти треба баланс, ти и сама го знаеш тоа, ама за човек кој што не се бори сам со себе на тема исхрана, тоа е несфатливо како тоа некому е толку тешко да стави граница. Ама со силна желба, сите навики се менуваат Како си деновиве? Дали ти се врати мотивацијата?
Thanks for checking Да, се согласувам, комплексна е темава и никогаш не е толку едноставно (иако не нас ни одговара во мозокот да си ги поедноставуваме работиве) Иначе се согласувам дека најлошо е да се казнуваш самиот себеси мислејќи дека е крај на светот и ако си утнал неколку пати не вреди да се враќаш назад кон слабеење, баш без разлика колку грешки имаш секогаш треба да си ги бараш патот назад Искрено викендов малку ги релаксирав мозокот и телото и не се мерев. А и храната која ја спремав ја спремав од око значи ни таа не ја мерев иако се беше здраво и според планот. Морав малку да се тргнам од било каква...вага... Мислам дека некако ми се собраа мнг работи преку недела и почна премнг да ме чеша желбата за нездраво и да ми станува одбивна дисциплинава и начинот на спремање... Тие се тие бубачки А и со луѓево околу мене, некако мнг се релаксираа откако подослабнав па ми трубат со секакви мислења поврзани со здравјето и тежината.... така да и тука малку се дистанцирав или ако почнат на темава ги сечам колку толку... Иначе со понеделников мотивацијата колку толку се врати ама ќе се потрудам максимално дисциплината да преовладува! Минатата недела само 3 пати бев во теретана што и тоа е супер ама да се потрудам да биде 4 пати барем оваа недела И буквално да бидам сконцентрирана да го искористам максимум од денот кога станува збор за здравјето мое...не да размислувам до нова год и слично туку баш од ден за ден, баш како што пиша погоре. Имам релана подршка од сопругот и тоа мнг ми значи. И двајцата гледаме дека има резултати ова што го правам и дека треба да продолжам
Hello ме снема 2 недели па како ментален бележник а и за другите кои ги интересира како ми иде....да споделам неколку мисли, имам доста долгиииииииииии мисли ама ке се потрудам да бидам кратка -најпрво тежината. Ајде честитки видов 68 на вагата! Сега шетам 69.5 до 68.8 оваа недела и чекам да се стабилизираме 68 веќе од наредна недела. Среќна сум што гледам прогресс. -Си прифатив дека ќе ми треба доста долго време да си ја средам килажата и престанав да се форисрам и да бркам бројки. -Престанав да го доживувам сето ова како слабеење...Туку едноставно си заклучив во себе јас си живеам активен и здрав живот...тоа е мојот сега животен стил и се однесувам баш така! Само со тој mindset можам одмор да изгурам без да се здебелам, но и можам да јадам без најстрог распоред на целиот свет и нонстоп броење на калориите. Бидејќи кога тоа го правев бркав бројки и имав строги очекувања а сега знам одприлика колку калории конзумирам и колку горам и си терам... -Немам cheat оброци...ако имам, значи дека пак опседнувам со слабеење...ако нешто ми се пријадува висококалорично го јадам и после внимавам повеќе да не се прејадам со други работи и обавезно активност. Или ако сакам нешто висококалорично јадам помала верзија од таа храна или ја споделувам со некој. -Мнг сакам да ми биде full time посветеност здрава исхрана и теретана но тоа веќе не е реалистнично... Мојот иницијален план кој беше успешен, беше да се посветам максимум на вежбање и исхрана и да преминам побрзо на другата страна и после да си одржавам и да си терам ама....не иде тоа така... Си реков ако маскимум се посветам ќе имам побрзи резултати, и тоа горе доле се сличи ама се сличија истовреме и неколку дргуги работи...и мора да бидам реална и да споделам 1.Не ми е жал ич се потрошените пари ама дека мнг потрошив, мнг е! Ми беше разбирливо да инвестирам во себе и своето здравје ама како идеа месеците јас одвај гурав до наредна плата. Пак ќе кажам, не ми е жал ама заклучив дека не ми е воопшто одржливо ова на подолго време..Ми падна тешко кога тренерот си го смени ценовникот а и теретана исто и видов дека ќе мора да барам друго решение.. Најискрено да ги имав парите ќе ги давав без да трепнам бидејќи стварно бев задоволна од услугата ама реалноста е дека ги немам... 2. Знаев дека ќе треба да се жртвуваат неколку работи за да посветам повеќе време на целиов процес ама и тоа веќе не ми е одржливо...Буквално идев теретана после работа (значиа ја од дома искачам во 7 ипол) и додека да се приберам дома ме фаќаше 8 саат вечер..Па спремај јадење за нареден ден посреди по дома итн и оп веќе е 10 и 11 кревет....Ок оваа е таа дисциплина и посветеност која донесе резултати ама веќе ме стигаше уморот од сето ова а и ми требаше промена, бидејќи други работи си го вратија својот приоритет па видов дека треба да сум мнг пофлексибилна. Ова стварно не беше одржливо. 3.Престанав да се мерам секој ден и да пишувам и рачунам калории секој ден...Ова повеќе на психата ми удираше и сега сум пак претпазлива ама гледам по-опуштено да си ги терам работиве...пак не си верувам комплетно, сеуште мислам дека интуицијата за исхрана не ми е средена ама повеќе не се форисрам да појадувам во 9 сабајле ако не ми се јаде, или строго да не јадам после 20 частот.....и да бегам од леб како луда....значи сите овие работи внимателно ги менаџирам со соодветни замени (пример леб земав од тонус и јадам по 4 парчиња кроз цела недела или слично, касно појадувам околу 13 часот ама вечерата пак гледам да е 3 часа пред да си легнам и да е нешто најлесно за конзумирање, ми се јаде благо-домашни бомбици од урми ама само една до две на ден итн) 4.Теретана мора да идам 3 пати најмалку и пешачењето да биде 10К чекори на ден најмалку. Сега идам теретана близу дома па имам можност да бидам пофлексибилна..Не е толку фина како претходната ама не ми е битно....It gets the job done И за накрај бев една недела на домор....јадев Гиро и тоа три пати кроз неделата, јадев благи итн...ама пешачев секој божји ден по саат време и активно пливав...се вратив дома и килажата исто..значи ок сум се одржавала... сакам да кажам како и да е мора да се соработува со себе и мора да се преадаптираат работите ако гледаш дека не можеш оптимално да функционираш.... ама најбитното од се, е да не се запира...нема назад