Инаку денешниот оброк хранлив ама лесен и свеж: Тортиља со чија Намаз од едно авокадо, испасирано и измешано со лук во прав и малку сок од лимон Маслинки, Краставици, Сирење со мирудии во него (многу малку) Сланина (многу малку) *Го гризнав пред да го сликам
Мене ми е на 10мин од дома, па можеш да замислиш колку често е посетен Баш ми е мило што си се поднови за сосема солидни цени
За ситуации кога немам време да подготвам од дома нешто, во фиока гледам да имам од овие мусли: https://www.vitalia.com.mk/product/raw-nuts-muesli/ Само од дома земам пробиотски јогурт, к. млеко или обезмастено млеко за да имам со што да ги измешам во шоља. За разлика од другите мусли, како гранолата, не им е додаден многу шеќер, и не се претерано благи. Најблиску ми е до она што дома би го измешала. И си имаат јаткасти плодови во нив, што мене ми е најомилен вкус.
Па ваљда е брз ручек, јас така ја сфатив, по она што го пиша @AngelOfArh - тортиља, салати и остатоци од варива. Нека ме корегира ако не е така. Секако за термичка обработка на месо и готвење не би ми било доволно 30 мин освен ако не е со пржење што не е опција за мене и строго го избегнувам тој начин на готвење.
Обично имам спремно, одмрзнато месо или припремено од вечерта, ако е за врап пример само пржам мевце, ако е нешто покомплиирано варење или слично го варам месото пример од вечерта а сабајлето доправам. Одма ставам ручекот зошто тоа е повеќе работа, а доручекот најчесто е или да извадам галети и спакувам хумус или путер од кикирики или да испржам јајце некое. Ако имам месо со салата салатата ми е најчесто исецкана од недела за цела недела, зелка црвена и зелена ги пикам во пластично и во фрижидер па по потреба си вадам, месо одмрзнато запржувам. Сега откако се смени саатот и кај мене на работа идам од покасно на работа имам повеќе малку време, ама и тоа е ете максимум 45мин, не поише. Клучна е припремата, можеш комотно да исецкаш зелка или марула и во пластично да стои цела недела, можеш месо поише да испржиш на грил и да го ставиш во фрижидер, риба исто, јас имам јасни менија за цел ден па не лутам, ама кога не се водам по мени си планирам пак оброци. Доручек кога е овес со чиа и грчки јогурт е 3мин работа да го замешаш и да го спакуваш. Не го пржам на зејтин, го маринирам кратко со маслиново и зачини и на грил за 10мин максимум е готово, ако го маринирам од вечерта со сок од лимон и маслиново и побрзо е готово. На сува грил тава значи. И да, брзи се оброците, побрзи, полесни и помалку калорични.
Доручек за 5 минути: Овес, јачмен и рж. Малку семки од сончоглед, лажичка од четирите семиња (сусам, тиква, сончоглед и лен), лешници, бадеми и малини и јагоди со обезмастено кисело млеко.
3 лажици чиа, 1 чаша млеко и 1 лажица мед. Да одстои во фрижидер навечер. Кога ќе ми текне го правам ова