Приказна за човек кој е неправедно осуден на смртна казна, приказна која ќе ве натера длабоко да размислите дали треба да постои смртната казна во едно општество. Како и да е, прекрасен филм, можеби и најдобар, кој многу ќе ве трогне и нема да ве остави рамнодушни. Cast:Tom Hanks, Michael Clarke Duncan,David Morse и др.
The Green Mile Филмов го имам гледано одамна, ама не знаев како се вика. Навистина добар филм. Том Хенкс е добар глумец, и во Форест Гамп многу ми се допадна како глуми, знае да го долови ликот.
Зелената милја(The Green Mile)[1999] Том Хенкс ми е еден од омилените актери.Филмот ми гледан повеќе пати и секој пат уживам кога го гледам..Приказната ми се допаѓа...иако е постаро филмче вреди да се гледа...
Зелената милја(The Green Mile)[1999] Филм кој го обожавам. Плачам секогаш кога го гледам. За Том Хенкс - огромно браво! Одличен глумец, отсекогаш сум го сакала. Содржината на филмот е преубава, дефинитивно не ме остави рамнодушна. А Мајкл Кларк - т.е. Џон Кофи во филмот - глумата му е повеќе од одлична. Човек кој на прв поглед мислиме дека не му одговара таа улога - поради неговата градба, нели? Но сепак милото лице и неговите солзи во филмот ме трогнаа. Не е ни чудно што филмот добил 4 награди: Најдобар Спореден Актер, Најдобра Филмска Слика, Најдобар Саундтрак и Најдобра Сценографија.
Зелената милја(The Green Mile)[1999] Одличен филм, уште подобра глума! Си плачам секој пат кога го гледам, филм задолжителен за гледање.
Зелената милја(The Green Mile)[1999] Чудо од филм. Исклучително потресителна приказна. Го гледав неколку пати, не знам зошто и секој можен пат плачев се повеќе и повеќе се тресев.
Филмов го имам гледано мал милион пати, омилен филм ми е дефинитивно. Многу потресна приказна, предобра глума, одличен ее
Филмов ми се допадна повеќе од книгата, што ретко се случува. Потресна приказна која, мислам, секој треба да ја види.
Многу добар филм, глумците се неверојатни ама сите до еден ти влегуваат под кожа со нивната глума, толку многу убедливи. Ми беше на листата за гледање и стварно е жално да се пропушти вакво ремек дело. Неизвесна приказна, испреплетени се повеќе различни стории кои се меѓусебно поврзани, се си мислев дека големиот човек е стварно виновен за тоа грозоморно дело за кое беше обвинет.