Мислам дека нема ваква тема, а ако има нека оди во канта Не бев сигурна дали зелена глина за употреба да ја ставам во тело или лице па бидејќи ми треба за лице ја ставив тука.. Имам бубулици и нечисти пори сакам да ги отстранам па читав по интернетов но пишувано не до пишано како демек го прави мазно лицето не знам што.. Па затоа и ја направив темава сакам да знам: За што се користи зелената глина? Каде се продава? Колку пари е? Како се употребува? Кој ја има употребувано? Какви резултати има? И ако имате искуство ве молам пишете
Имаш зелена глина за надворешна употреба и зелена глина што можеш да ја пиеш. Јас зелената глина си ја купив во аптека и е негде до 200 ден. не ми текнува точно колку беше... Се раствара со вода и таа всушност се користи како маска за лице ( глината за надворешна употреба ) ја апсорбира сета маснотија , нечистотија и ги одстранува мртвите клетки на кожата. Во пакување е од 1кг и мислам дека се користи два пати во неделата али јас ретко ја користам зашто немам време. Помага за секакви кожни болести , акни , себореја и некои таму ранички од акни и мене ми е ок , мислам немам некое лошо искуство. Се нанесува на лице се чека да се исуши и после се мие со вода и се нанесува крем зашто ја суши кожата... Др не знам што да ти кажам...
јас не сум задоволна од зелената глина...си стои дигната во фиока. само ми го сушеше лицето друг ефект немаше
Јас воопшто не сум задоволна од глината, ставив 2 пати ама не ми се допага, лицето ми е без сјај, а со нејзина употреба како да ми се прават повеќе црнки би требало обратно , а освен тоа го осекам како немиено. Во однос на акни, некни во пмс имав две поголеми и коректорот побрзо ми ги исуши од глината, но сепак секое лице е приказна за себе. Гледам на скоро сите и помага доста, цената и е околу 190 ден во Зегин
Епа ако глината не ја бива ајде кажете ми нешто повеќе за коректорот до која возраст смее да се користи каде го има колку пари какви резултати дава ?
Јас од зелената глина многу сум задоволна.Многу убаво ми го затега лицето и не ми го суши.Немам ни една бубулица или акна на лицето и ја користам можеби 2 години. јеје.
Како до чисто лице? Утре ќе си купам зелена глина и ќе си направам маска, дали вие ја користите и ви помага ли, не дека имам проблематично лице но имам по некое мозолче и црнки, и колку пари е ако знае некој ?
Околу 200 денари е во Виола, за другите аптеки не знам, немам купувано од таму, но сигурно разликата во цената не е драстична.
Ја користам половина година веќе ми ја препорачаа демек го затегала лицето (додуша млада сум уште неам такви проблеми). Не гледам ог глинава ни фајде ни загуба. Истата кожа ја имам, комбинирана, чат пат ми излегува некоја бубулица и црнка ама ретко.
Епа ја сум презадоволна. Ја користам и како маска а и ја пијам плус. Лицето ми е стварно каде почисто .
зелена глина цела кутија -180 денари во аптека купувам и во мал сад 2-3 кафени лажици ставам и полека ја растварам со вода да се добие кремаста смеса не многу течна,ја нанесувам на лицето и чекам да се исуши,кога е готова лицето го осекаш како здрвено,ја измивам со вода и нанесуваш соодветна крема за лице многу ефтина а ефикасна ствар
Јас немам досега користено. Погодна е за мрсна кожа или општо за акни, црнки? Јас имам масна Т-зона со црнки на носот и челото и бубулици па да прашам дали може да ја нанесувам таму оти образите ми се суви, а што прочитав го сушела и затегала лицето.
како уште позелена, и сега нз дали да ставам на лице, ама ја прашав за надворешна употреба и ова ми даде...
Видов вчера , изглеа од светлината твојата ми изгледа дека е по бела, ама океј е тоа е тоа исти се. Стави слободно на лице, а можеш и да ја пиеш секое утро. Ама ако се одлиучиш да пиеш обавезно у стаклена чаша и да ставаш со дрвена лажица, никако метал ! А за лице, јас ја мешам со неколку капки маслиново масло, и така оставам, не додадав вода. И ја држам така 15-20 мин и го мијам лицето после. Можеш да комбинираш. Здраво е у секој случај Плус разлистај низ интернет за неа. Нема ништо негативно околу глината
^ Оваа од сликата погоре мислам дека не е за пиење, зашто и на самото пакување си пишува за лице и тело. Нема логика да се пие - знам дека има и таква, но да не се работи за некоја друга? Прочитајте си ја декларацијата на кутијата пред да ја испиете.