И ја таа што ја имам , у упатствотот пишува убаво и дека е за пиење . Мислам дека нема разлика од зелена глина до зелена глина... Едино ако нема некои додатоци плус...
Каде се продава? Во аптеки Како се употребува? Се става една лажица од глината со многу малку вода и се меша за да се добие густа смеса, и се мачка на лице и тело Кој ја има употребувано? Јас Какви резултати има? Кожата ја прави помазна, побела побрзо паѓаат коричките од акните
Абе луѓе имате упатство во кутијата и се ви пишува убаво. Со метал не смее да дојде во допир глината и со пластика. Јас кога правам смеса за маска за лице ставам со стапче од сладолед на дланката и така ја нанесувам.
Имам читано дека не смее , ама не ми е јасно зошто мора со дрвено да се меша.ако може некој да ми објасни? Јас баш со пластилно или метално лажиче мешам.
Јас денеска си ставив на лицето и од првпат немаше некоја разлика.. Само јас ја измешав со зелен чај наместо со вода оти нели и зелениот чај е за детоксикација и чистење на организмот. Пред ја се намачкам го измив лицето и натопив крпа во жежок зелен чај и ја држев на лицето за да се отворат порите. Мене повеќе ми е за да ми ги исчисте црнките пошто на лицето немам акни. Понатака ќе се намачкам и на грбот оти таму имам акни само. А таа за пиење сега незнам дали да ја земам.. има ли некој пиено да каже дали има некој аир?
Не смее, затоа што најверојатно би се створила некоја штетна реакција. Не би знаела подобро и подетално да објаснам, но мислам дека е поради таа причина.
Јас ја користам таа на Виталија за орална употреба. Ја пијам за пролетно прочистување на организмот, секое сабајле (на гладно), одма откако ќе станам. Истата ја користам и како маска за лице - 2-3 с.л. од глината помешани со малку вода (за сува кожа + маслиново масло) и ја нанесувам на чисто лице и ја оставам 10тина до 15 минути. Потоа ја лупам со сунѓерче и го мијам лицето. Како маска да не се користи повеќе од 2 пати неделно. Поефикасно е кога паралелно се користат двата начина, ем да ја пиеш насабајле ем како маска. Проверено-докажано забележливи резултати. *** Се меша исклучиво со нешто дрвено. Јас си користам стапчиња за ражнич
Како до чисто лице? Ја кубив зеленава глина за лице и тело, ама сакам да прашам дали е за пиење, пошто во аптека ми рекоа дека не е, а во упатството пишува дека ако ја пиеш лекува и внатрешно.. И да прашам, на паковката пишува За густа и сјајна коса.. Како се нанесува на косата?
Како до чисто лице? Посебни се, таа што е за пиење е друга глина и на неа е нагласено дека е за внатрешна употреба, се раствара во вода и се пие. Врши детоксикација на организмот.
и јас направив маска од зелена глина и навистина многу помага. ама јас маската ја правив во пластична чаша и со метално лажиче, ама не требало, и сега како да ја правам, вие каде ја правите смесата?
Во порцеланска тацна и ја мешам со оние дрвените стапчиња за на ражнич А можеш и со дрвено стапче од сладолед како што имаа кажано претходно.
Абе аман луѓе! Зошто стапчиња од сладолед или за ражничи? Мислам потешко е за мешање. Секоја куќа има дрвена лажица, прашајте ги мајките, сигурно имате дома, затоа што кога се готви, се готви со дрвена лажица, не со метлана, затоа што е штетно да мешаш во тенџерето на рингла или во тавчето со метална лажица и плус се оштетува тенџерето или тавчето, особено ако е тефлонско.
^ Со такво дрвено стапче од сладолед е многу полесно за нанесување. Јас секогаш со такво си ја нанесувам маската и се навинав. Чудно ми е со лажица, а и не ставам толку голема количина за да има потреба од мешање со нешто толку големо како лажица.
Jас искрено немам време да мешам да мачкам ра да се суши и затоа си најдов една маска со тројно дејство...ми ја препорача другарка пред година дена и сум пре пре задоволна. Гооолем + е што е екомномична и истата ја ставам еве сеуште, алал да се парите содржи глина,антиоксиданси А С Е и некои масла сто ја хранат козата... по само 20 мин третман се забележива изедначен тен чисто лице... значи тројното дејство е: обезмастува кожа, дава прекрасен лифтинг и се користи за арома терапија и која сум уморна ме релаксира и опушта... ја нема во аптеки, пишете ми порака ке ви пишам од каде ја купив
Како до чисто лице? Се приклучувам кон девојките кои нашле аман во зелената глина. Јас имав прилично чисто лице, со некое мозолче ваму-таму, пред циклус, се` додека не почнав да патувам секојдневно со работните обврски, натаму наваму, по автобуси, нечистотии, колку и да пазиш, несвесно ќе се допреш за лицето, секојдневно ставање на пудра и до 12 часа лицето ми било „загушено“, а за човек како мене кој немаше навика да се шминка секојдневно, тоа беше шок за него сигурно. Додека го навикнав, маки измачив. Додека ја погодив пудрата што нема да ми прави дополнителни проблеми со лицето, исто. Зеленава глина, ја користам веќе втор пат, забележувам дека полека местата кои беа суви и имаа тенденција да се лупат (знаете како е, кога ќе ставиш пудра баш тие места се истакнуваат и си како крастав :/ ) Мозолчињата и митесерите полека „горат“ а и лицево ми се освежи и доби боја. Вчера пред неделно бањање се ишлапав и на вратот и на деколтето, како што е препорачано. Само пофални зборови, дефинитивно влегува во мојата рутина за нега на лицето, и топло ја препорачувам. Не се троши брзо, доаѓа во поголемо пакување. За оние со сува кожа, препорачливо е прво да стават хидратантна крема пред апликациија.
Како до чисто лице? Не хидрантантна крема пред апликација, туку кога ја мешаме нели со вода, се додаваат неколку капки бадемово или кокосово или арганово масло се меша и така се нанесува Инаку кога сме веќе кај глинава јас ја користев цело пакетче го потрошив, и ја пиев, не ми помогна воопшто.
Како до чисто лице? Да, има посебно кутивче глина наменета за пиење и од таа другата за надворешна употреба. На мојата што си ја имам чинам и си пишува - само за надворешна употреба.