Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зелена глина

Дискусија во 'Лице' започната од Maci12345, 30 април 2013.

  1. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Како до чисто лице?

    На кутијата од пакувањето пишува така како што пренесов, мислам. Во секој случај ова е многу подобро решение :)
     
  2. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    Вчера си ставив од глинава на лицето, прв и последен пат ми е! :!:
    Ми се појави црвенило на лицето и покрај тоа што откако ја измив со млака вода, ставив хидратантен крем. Мислев ќе помине, ама еве се уште не е исчезнато црвенилото, а вчера малку ме чешаше лицето... ете најверојатно кај мене има лоша реакција. :?:
    Не ја користам веќе, можеби онаа што е за орална употреба е подобра, ама не би сакала повеќе да ризикувам.
     
  3. goddess1337

    goddess1337 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2014
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Кај мене имаше малку подобрување, ја нанесував на лице. Јас сум си задоволна :)
     
  4. anib

    anib Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Феминки денеска прочитав на фејзбук (Биокулт) за Бентониг глини сакам да ве прашам дали некој го употребувал, и колку кошта?
    БЕНТОНИТ ГЛИНА
    Бентонит глината доаѓа од земјата и може да се помеша со вода за да се формира паста. Таа може да се примени како обвивка околу состојби на кожата како осипи од отровен бршлен и да го исфрли отровот надвор од телото. Под нормални околности глината се користи како маска за лице и маска за чистење на порите. Бентонит глината внатрешно е природен чистач на дебелото црево. Со своите негативни јони ги привлекува тешките метали, токсини, штетни бактерии и пестициде кои потоа безбедно ги исфрла од телото.
     
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    И мене кога ќе ја измијам глината ми останува црвенило на лицето, ама за петнаесетина минути само си поминува :?: Најверојатно на твојата кожа не и одговара глината
     
  6. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    и кај една дугарка моја се појавува ова ама најчесто се јавува кога стоиш на висока собна температура инаку глината треба да стои 5-6 мин и ако имате црвенило ставајте облоги од камилица и за кратко време нема да имате ништоо позз :*
     
  7. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.627
    Допаѓања:
    7.468
    Пол:
    Женски
    Зелената глина има рок на траење?
     
  8. blackstyle

    blackstyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Женски
    Не.
     
    На anaja1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво јас ја имам користено зелената глина како маска за лице и мене одлично ми одговара. Еве еден предлог за природна маска за лице против акни и митесери која е одлична за масна кожа (веќе го постирав истово во темата маски за кожа ама ајде и тука со оглед на тоа што станува збор за глината). За ова потребни ви се зелена глина. зелен чај и мед. 1 лажица зелена глина се меша со една лажица чај и на таа смеса се додава една лажица мед. Ако е прегуста смесата ставете уште малку чај ако е течна ставете уште малку глина додека да добиете убава смеса која лесно се нанесува на лицето. Се нанесува на чисто лице и се држи 10 мин. Јас имам комбинирана кожа и освен овие состојки додавам и малку масло на пример маслиново или кокос или бадемово и две капки етерично масло од лаванда (ако немате немора). Маскава е навистина одлична убаво ја затегнува и чисти кожата. Важно нешто е да не ја земаш зелената глина со метална лажица затоа што реагира во допир со метал. Може да се користи пластична или дрвена лажица. Исто така и садот во кој ја мешате не треба да биде метален. Поздрав
     
  10. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, еве ви неколку идеи каконајдобро да ја употребувате зелената глина за одредена проблематика и на кои начини. Поздрав

    За што сѐ може да ја употребуваме зелената глина

    [​IMG]

    Зелената глина претставува едно од најдобрите природни средства не само за нега на кожата и косата, туку и за оддржување на целокупната добросостојба на организмот. Благодарение на присуството на голем број на минерали во својот состав, таа има огромно регенерирачко дејство. Секој дел од нашето тело е во состојба да извлече многубројни бенефиции од употребата на зелената глина: го прочистува организмот, ги исфрла токсините, ја подобрува работата на цревата, одлична е во случај на анемија, ја намалува болката во мускулите, го забавува стареењето на кожата....
    Ова се само дел од својствата која зелената глина ги има врз нашиот организам и тело, а во продолжение ќе ви кажам на кои сѐ начини може да ја употребувате и што се може да направите со неа.

    Маска за лице:

    [​IMG]

    Зелената глина е одлична како маска за подобрување на состојбата на масната кожа и во третманите на акни. Рецептот е следниов: се мешаат една лажичка зелена глина, една лажичка мед, малку зелен чај и, доколку имате, една капка етерично масло од чајно дрво. Се нанесува на убаво исчистено лице, се држи 10 мин. и се измива со млака вода.

    Антицелулитен третман

    [​IMG]


    Зелената глина е одлична и во ублажувањето на целулитот. Во комбинација со какаото дава одлични резултати кај оваа неестетска појава, а одлични ефекти дава и во намалувањето на стриите.

    Во едно пластично кутивче или тегличка, помешајте 4 лажици зелена глина, 4 лажици какао и 2 до 3 лажици сол. Додадете 12 капки етерично масло во самата смеса по ваш избор (лаванда, рузмарин, лимон, портокал). Убаво промешајте и ова е базата за вашиот антицелулитен третман. Секогаш кога ќе посакате да го направите, земете неколку лажици од смесава (во зависност од тоа кој дел сакате да го третирате) и помешајте го со малку деминерализирана вода или зелен чај, се додека да добиете убава смеса. Еве како јас обично ја правам оваа маска http://biodevojka.blogspot.mk/2015/07/blog-post_7.html

    Маска за болки во мускулите или реуматски болки

    [​IMG]

    Зелената глина одлично ги ублажува болките во мускулите и реуматските болки и многу често се користи во професионалните центри за терапија низ целиот свет. Маската која помага се состои од следниве состојки: зелена глина, маслиново масло и топла деминерализирана вода или зелен чај. Помешајте ги овие три состојки (густината на смесата одредете ја сами додавајќи една или повеќе од состојките) и нанесете ја на болното место од 30 до 40 мин. Важно е маската да биде топла, меѓутоа не премногу, за да не се изгорете. Третманите правете ги месец дена секој втор ден.

    Облоги за воспалени очи

    Во еден чаша со вода ставете една лажица зелена глина и оставете да стои 15 мин. Префрлете ја во еден сад и додадете малку чај од камилица. Во таа смеса потопете две стерилни гази и ставете ги врз очите во случај на воспаление.

    Облоги за главоболка

    Зелената глина е одлично средство за ублажување на главоболката. Се што треба да направите е следново: во една чаша млака вода растворете две лажици зелена глина и додадете од 5 до 10 капки етерично масло од лаванда. Потопете една газа во оваа течност и ставете ја врз главата околу 5 до 10 мин. Овој вид на облоги навистина се доста ефикасни и помагаат во ублажувањето на главоболката.

    Маска за масна коса

    [​IMG]

    Доколку имате проблем со масна коса, направете ја следнава маска: помешајте 2 лажици зелена глина со чај од коприва и (доколку имате) малку алое вера гел или пак мед. Нанесете ја на мокра коса на коренот, масирајте две минути и оставете да делува 30 мин. Потоа измијте ја убаво косата со квалитетен шампон и нанесете добар регенератор по должината и врвовите на косата (избегнувајќи го коренот секако).

    Нега на нокти

    Зелената глина е одлична и за омекнување на заноктиците. Во едно мало легенче или сад со топла вода ставете 2 лажици зелена глина. Потопете ги рацете околу 5/10 мин. и продолжете со маникирот како што обично правите.

    Прочистување на организмот

    За оваа намена (за внатрешна употреба) постои посебен вид на зелена глина која е прочистена и сигурна за конзумирање по внатрешен пат. Се прави на тој начин што во една чаша млака вода се става една кафена лажичка глина, се остава да отстои околу 10 мин. и се пие наутро на гладно срце. секако за внатрешна употреба консултирајте се најнапред со вашите матични лекари, кои во зависност од вашата здравствена состојба и потребите на вашето тело ќе ви го одредат вистинскиот третман и времетраење.

    [​IMG]

    ВАЖНО: веќе имам напоменато, но не е на одмет да повторам дека зелената глина треба секогаш да се зема со пластична или дрвена лажица (никако метална). Зелената глина реагира во допир со метал и доаѓа до алтерација на составот. Исто така и садовите кои се користат за да се приготват третманите не треба да бидат метални.

    Поздрав
    Вики
     
    На Vojdana, EdnaDevojka21, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Кој цена е зелената глина во Загин или Еурофарм?
     
  12. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Мајка ми ја користи и многу е задоволна, а и јас ќе ја пробам, поради црнкиве.
    Сакам ќе ми го светни лицето, ни мозолче ниту црнка да немам. :D
     
    На EdnaDevojka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EdnaDevojka21

    EdnaDevojka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    895
    Пол:
    Женски
    Ја користам веќе една недела ја земав за тоа што имам мрсна кожа на лицето и црнки на носот и забележувам некои промени на лицето и црнките на носот како да се губат ја користам 2-3 пати на ден денес заблежав кога ја ставив на лицето и после 5-10 минути лицето почна да ме пецка,што мислите треба да пецка или ? :)
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.082
    Пол:
    Женски
    Извини само едно нешто пиша 2-3 пати на ден??? Да не мислиш во неделата? Затоа што дневно е премногу 2/3 пати додека 2 пати неделно е сосема ок. Сепак не претерувај премногу често може да добиеш обратен ефект.
     
  15. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам два пати неденелно и е сосема доволно. На опаковката пишува еднаш неделно, така што не треба да се претерува. Потоа може да има обратен ефект и кожата уште повеќе да лачи мрсно.
     
  16. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Точно е дека зелената глина ја суши кожата. Затоа прво треба да знаете каква кожа имате на лицето: масна, сува, неутрална или комбинирана. За сува кожа не е препорачлива. Јас сум задоволна, меѓутоа мојата кожа на лицето е масна ☺
     
  17. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека е корисна за секаква кожа, длабоко ги чисти порите, нечистотијаta и ги одстранува мртвите клетки на кожата. Во зависност од типот на кожата може и да се додадат некои работи (но и не мора), пр. tee tree oil за мрсна кожа, мед за сува и сл. Исто така и на самата опаковка пишува по отстранувањето да се хидрира кожата, без разлика на типот.
     
  18. TheOtherMe

    TheOtherMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    97
    Пол:
    Женски
    Да , така пишува, ама кај сите со сува кожа предизвикува перутање, пукање на кожата и брчки. Тоа се несаканите дејства, и нив ги пишува ама со помали букви
     
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    322.757
    Јас користам маска од зелена глина и многу сум задоволна
    Ја собира вишокот маснотија од лицето и го прави мазно.
    Незнам дали сте читале дека маската од зелена глина содржи корисни состојки, како што се калиум, калциум, бакар...
    Некогаш за промена , во домашни услови ако си ја употребувате, можете да додадете мед и две капку маслиниво масло, па ефектот ќе биде уште подобар
     
    На TheOtherMe му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Rirri

    Rirri Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    181
    Од каде може да се купи и по која цена ?