Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зелена глина

Дискусија во 'Лице' започната од Maci12345, 30 април 2013.

  1. Chanell*

    Chanell* Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2016
    Пораки:
    4.393
    Допаѓања:
    32.816
    Пол:
    Женски
    Денес почнав со глина за орална употреба, и кога ми доаѓа нагон на
    подригнување
    има мирис на бензин:puke:

    Вака ли треба?
    Или ќе се испотрујам или ќе се прочистам:angel:
     
  2. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Доколку имаш суво и чувствително теме можно е. Секој од нас различно реагира на состојките и едно нешто што кај некој е успешно кај друг нема ист ефект. Поздрав.
     
  3. DESPERADO 1990

    DESPERADO 1990 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2017
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    http://www.redmondclay.com/
    Ова ти е БЕНТОНИТ ГЛИНА можеш да ја нарачаш од www.iherb.com
     
  4. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Има повеќе видови на глина: каолин (бела), бентонит (сива), зелена глина, црвена глина, потоа лилит (жолта глина), сина глина и расул (беж). Оваа која ти ја спомена бентонит има огромна апсорбирачка моќ и јас би ја препорачала за лице само за многу масна кожа или на Т зона кај комбнирана проблематична кожа. Поздрав.
     
  5. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Абе женски толку ли е скапа зелената глина? У космо гледав 1600 денари, друга нема а по аптеки барав, во ниедна немаше. Кај да барам више?
     
  6. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    10.523
    Пол:
    Женски
    По маркетите ја има (Тинекс , Рамстор ) , не е повеќе од 200 ден.
     
  7. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.736
    Допаѓања:
    14.375
    Пол:
    Женски
    Во секоја аптека има.
    image.jpeg 200гр за орална употреба- 150 ден.
    image.jpeg 500гр за надворешна употреба- 190 ден.
    Во секоја Зегин аптека ја има со сигурност, во продавниците за здрава храна и по маркетите.
     
    На marijamare19, dc15, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    @Biodevojka, каде можеме да ја најдеме црвената глина која ја употреби во маската во новото видео?
    Како за некој кој има коса склона кон често мастење, верувам дека е ефективна и ептен ме воодушеви ефектот на маската за коса, би го пробала ова дефинитивно. :)
     
    На Biodevojka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Здраво драга, ја има во Космо, а цената е 490 денари. Пробај ја мислам дека ќе ти се допадне. Направи ја како мене со мед за да нема ефект за сува коса и нанеси ја само на коренот не на врвовите. Обавезно стави ќеса и пешкир за да не се исуши и доколку имаш потреба по миењето малки масло на косата само на врвовите за да ја расчешлаш и обликуваш. Многу е важно убаво да измиеш десет пати повеќе отколку со обичен шампон. Се надевам дека ќе ти одговара. За лице склоно кон акни и проширени пори е закон глинава. Поздрав.
     
    На Nikola G, Hipster, sorbet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам, ќе ја пробам и за лице обавезно. Сигурна сум дека ќе ми се допадне, од зелената глина сум презадоволна па мислам дека и оваа ќе биде полн погодок.
    Ќе споделам импресии и во темиве за коса. :)
     
    На sorbet и Biodevojka им се допаѓа ова.
  11. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Лицето ми е океј, со по некоја бубуљичка пред добивање. Купив зелена глина пред некој месец и ја имам ставено 5-6 пати. Следниот ден магично ми се појавуваат по неколку поткожни акни што не се стискаат, и болат. Кога ќе прекинам да ставам глина пак ми е чисто лицето, ќе ставам и другиот ден пак бубуљици. А имам баш мрсна кожа. :?:
    Тоа е добра ствар? (Дали уствари го прочистува лицето) или да не ставам више?
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Мислам дека зависи од акните кои се појавуваат. Пак ти си го познаваш лицето и неговата состојба најдобро. Практикувај некој подолг период ваков третман, на пример еден цел месец и види како ќе се однесува кожата.
    Понекогаш нормално е да избијат оние акни кои биле со намера да бликнат за време на овулација или циклус, ама ако кожата околу нив изгледа воспалено и проследено со чешање, црвенила, тогаш пробај да ја „ублажиш“ маската со додавање некои масла или пак отрфли ја и најди попогодна варијанта.

    Јас ја користев како третман за акните во пределот на грбот и ми се јавуваше ваков ефект како твојот. Приметував на почетокот дека почесто ми избиваат акни, ама по некое време ситуацијата се среди. Потоа почнав да додавам маслиново масло во смесата и немав проблем со поткожни акни.
    Пробај, ако не ти се допаѓа и ако ова постојано ти се повторува, пробај да си направиш маска со сода бикарбона или пак со активен јаглен. И тие се добри за мрсна кожа.
    Пробај ја и црвената глина која ја пофали Биодевојка неодамна во видеото. Јас денес ја приготвував смесата за лице и коса и навистина ме освои од прва употреба.
     
    На Irreplaceablee и sorbet им се допаѓа ова.
  13. Irreplaceablee

    Irreplaceablee Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2016
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    10.378
    Пол:
    Женски
    Колку маслиново масло ставаше и колку пати во неделата ја користеше маската?
    Како бебешко газе ми е лицето кога ќе се измијам и немам никакви црвенила, ниту пак ме чеша, али ова со бубуљициве страшно ме нервира. ;(
     
  14. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Јас во зелената глина ставам арганово масло и вода.
    По третман кожата ми е многу убава.
     
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Јас ја користам по потреба кога-како. Сега во летниов период ја користам два пати неделно, а остатокот од годината обично еднаш во неделата.
    Можеш да додадеш 2-3 супени лажици маслиново масло (во зависност од тоа колку течна сакаш да биде смесата, со таа количина што ја користам мене 3 лажици ми се многу), исто така супер е и со кокосово масло од тегличка. Пробај па види дали ќе ти прија така. Провери го и рокот на глината за секој случај.
     
    На Irreplaceablee му/ѝ се допаѓа ова.
  16. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Денес ставив од глината на мојата коса. Го намачкав коренот и многу малку ми остана па ја ставив на долниот дел. Ја врзав во висока пунџа. Ја измив со шампон во кој ставив Бкомплекс таблети и потоа маска за коса. Кога ја сушев косата некако многу тешко ми се раздвојуваше како сеуште да беше сува од глината. Се мислам дали е од неа или можеби од таблетите во шампонот.
     
  17. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Имам зелена глина за лице и тело од Виталиа, но не ми е практично да ја чувам во ќесенцето во картонската кутија во која доаѓа. Може ли да ја ставам во тегла со пластично капаче? Знам дека не треба да се допира со метал, но што е со пластика? Имате ли некои идеи за складирање? @Biodevojka? :angel:
     
  18. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    5.194
    Пол:
    Женски
    Можеш, слободно стави ја.
     
    На Oxymoron и Biodevojka им се допаѓа ова.
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    7.081
    Пол:
    Женски
    Драга, како што веќе ти одговорија слободно стави ја. Поздрав.
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  20. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    483
    Пол:
    Женски
    Девојки , а во што ја правите маската? Јас до сега само за лице во рака , со дрвено стапче и малку вода. Сакам да направам за неколку нанесувања , ама специфично е, во пластично и метално кутивче не се ставало. Мислев во кеса за замрзнување , али мислам дека и таа е пластична. Некоја идеа???