почнав да го користам , пред 3 дена и хммммммм ке видиме што ке се случи по 14 дена , се мерев и во обем и килограми . Тоа што го осетив во овие 3 дена е дека апетитот ми е намален ама ептем , на пример , ако претходно можев за доручек да изедам една баничка со јогурт сега едвај јадам пола геврек или пола кифла . за доручек и приквечер јадам колку да не паднам во несвест заради тоа што сметам дека е малце ненормално толку да не јадеш , што значи јадам или некоја лесна супа или салата или овошје . Потребата за разноразни грицки и благо комплетно се губи ......јас се чудам како ама едноставно ми се лоши кога ке погледнам . После 14 дена ке ви пишам резултати . :up:
Денес ја испив втората кесичка. Кафето е баш по мој вкус, благо и со млеко. Апетитот ми е намален и постојано имам некој благ вкус во устата и потреба за вода. Малку ме загрижува информацијата дека кафето е повлечено од црногоскиот пазар поради пронаоѓање на активна супстанца сибутрамин која и тек како има негатвни последици. http://www.dan.co.me/?nivo=3&rubrika=Po ... 2010-02-27 Единствено што чуствувам е мала изнемоштеност и поспаност.
уххххххх сега ме исплаши ............ јас го користам веке една недела .......и...незнам што да кажам , резултати има секако , но ме плаши малце забрзаната работа на срцето што ја имам , а и омалаксаноста секако ..која сигурно е предизвикана од внесување на мало количество на храна во организмот :?
Здравствените власти во Црна Гора ја забранија продажбата на препаратот за слабеење Зелена кафа" откако во него е откриена материјата СИБУТРАМИН, штетна за здравјето на луѓето. Анализите на врвните светски лаборатории и американската Агенција за лекови и храна утврдиле дека можно од примањето на сибутрамин да има последици во организмот, бидејќи оваа состојка го зголемува ризикот од инфаркт и од мозочен удар. Агенцијата за лекови на Црна Гора смета дека можни се бројни нуспојави кај луѓето што го земаат овој препарат за слабеење особено кај срцевите болни, кај оние што имаат шеќер во крвта, проблеми со бубрезите, штитната жлезда и црниот дроб. Од Министерството за здравство на Црна Гора информираат дека сибутрамин е пронајден само во кесичките на производот "зелена кафа 800", а во капсулите немало ваква материја. Овој производ популарно се нарекува Леонтина, бидејќи познатата српска пејачка е заштитно лице на производот. Нејзини слики се на кутијата која е произведена во белградската компанија Елефант Ко Стронг Натура. Зелена кафа" е хит и во земјава. Во сите аптеките низ државата препаратот се продава по цена од околу 1.800 денари. Екипата на Вечер при посетата на неколку аптеки утврди дека во упатството на зеленото кафе" кое се продава кај нас, не пишува дека ја содржи состојката сибутрамин, токму поради што препаратот е забранет во Црна Гора. Бидејќи не се работи за лек, овој производ не е под ингеренции на Бирото за лекови. Како додаток на храната надлежни за неговата исправност се од Дирекцијата за безбедност на храна при Министерството за здравство. Според Марина Поповска-Домазетовска, директор на Дирекцијата за безбедност на храна препаратот легално е увезен и при тоа се направени сите потребни проверки за неговиот квалитет. - Производот уште при неговиот увоз е проверен и тој поседува сертификат за безбедност, заради што тој е пуштен во употреба - вели Поповска-Домазетовска. Таа појаснува дека досега од системот за брзо предупредување не им сигнализирале дека има вакви проблеми во некои земји од регионов. Поповска-Домазетовска вели дека нема место за паника, веднаш ќе се преземат дополнителни мерки за уште еднаш се провери овој производ. - Резултатите од дополнителните анализи кои деновиве ќе се направат јавно, ќе бидат соопштени, тврди Поповска-Домазетовска. Експертите предупредуваат дека супстанцијата сибутрамин влијае на намалувањето на апетитот кај оние што го земаат. Токму поради тоа можно е корисниците да заболат од булимија или анорексија. Преземено од ВЕЧЕР.
vaka i ja se mislev da go kupam ova kafe ama mng e skapo( za 2nedeli a i ne se slabee poveke od 4kg( probajte so ocet od divi jabolki sekoe sabajle na gladno srce so med pomesano i pred spienje....ovoj e od divi jabolki i ne stvara kiselini..i se slabee mng a 'skap' e samo 40-50den :up:
Ми кажаа дека Зеленото кафе било многу штетно за организмот Се губел апетитот, се повраќало, организмот не примал веќе храна, и што е најлошо се убивала некоја значајна бактерија во желудникот. За едни глупави додадени килограми не значи дека треба да си го уништите здравјето Размислете.
Јас се откажав, после 2 испиени кесички. Почнав тешко да дишам, станав страшно нервозна и срцето убрзано ми чукаше. Читав по српските форуми дека има поделени мислења, луѓе што се презадоволни со 10ци изгубени килограми и никакви тегоби и оние како мене со негативни последици. Моја препорака до сите што се одлучиле да го пијат нека купат само една кесичка за почеток да се осигураат дека е нешто што нивниот организам го толерира и да не останат вака како мене со 12 кесички и - 1700 ден . Незнам само како наместо цел месец фитнес се одлучив да земам Зелено кафе. Нека ми е за памет..
Привремена забрана за продажба на “Зелено кафе“ Дирекцијата за храна донела времена забрана за продажба на препаратот за слабеење “Зелено кафе“ се до завршувањето на дополнителното лабораториско испитување, информира Министерството за здравство. “Исто така, Дирекцијата за храна е известена од увозникот на овој препарат дека производот „зелено кафе“ се повлекува од промет поради, засега непотврдени информации дека во истиот се содржи синтетска материја сибутрамин. Пратката „зелено кафе“е увезена како храна за посебна нутритивна употреба на 22.12.2009 година во Р. Македонија. Контролата е извршена од страна на државниот инспектор за храна, земени се примероци за лабораториско испитување и издадена согласност за царинење без право производот да се пушта во промет“, велат од Здравство. Во САД сибутраминот е регистриран како лек, а во земјите на ЕУ забранета за употреба од почетокот на оваа година. Црна Гора пред неколку дена ја забрани продажбата на “Зелено кафе“ токму поради присуството на оваа супстанца.
Zdravoooo...jas samo sto go kupiv kafeto i go zabranija! hock: pa sega neznam dali i voopsto da probam,se uplasiv da ne mi se sluci nesto pa site zboruvaat razlicno! :? koj ke mi kaze nesto za nego,nekoj koj imal dobro iskustvo pls! :roll: kissceee
вака само да ве информирам еве и за таа над мене има прашано.,да кафето е забрането не го пијте,има многу штетни хемикалии во него,имам другарки кои го пиеа и сега се со премногу опаднат имунитет,слабост во мускулатурата,колабирање од време на време,така да никако пиење многу е штетно и не пробувајте.пијте зелени чАеви ги има секаде веро тинекс сп кам од било која фирма коро цедевита и ефтини се и здрави.секогаш саат пред јадење и ке ви намали апетит и секогаш после јадење а најважно ако вежбате фитнес нешто така исто после вежбање обавезно чајче
Eve ke vi kazam edna moja slucka iako ne e so Zelen caj (ama od losoto iskustvo sto ke vi go pisam mi bese strav)iako i jas mislev da go kupam,tuku od kapsulite TURBOFAST od replek 420 denari.Esenta ispiv samo 4-5 kapsuli imislev deka ke umram narednite 2 nedeli.Srce bienje,nervoza raspolozenie na 0,tazna,placam bez pricina,mi se losese,i neznam so use ne...navistina se isplasiv bidejki em davas pari em ke si navees nesto.i togas resiv vise nisto da ne pijam ako mozam so nekoja dieta arno ako ne pak arno.Ne si gi frlajte parite bez veza oti se e toa reklama samo.Strav me faka so se stavaat vo natre pa da deluvaat tolku loso na psiho-fizickata sposobnost na organizmot
Никогаш не сум и верувала на вакви продукти. Можеби ке има ослабнување ама најчесто потоа се јавуват други здравствени проблеми. Мислам дека уште се врти рекламата за ова кафево а разбрав дека е забрането веќе. А баш примамливо звучи ама изгледа too good to be true
На преглед сите што слабееле со зелено кафе Во САД оваа супстанција се употребува како лек, но кога се зема неконтролирано подолго време ги стега крвните садови, што може да предизвика покачување на крвниот притисок и оштетување на срцето, а дејствува и врз централниот нервен систем, предупредуваат лекарите Лекарите ги повикуваат на превентивни прегледи оние што го користеле препаратот за слабеење "зелено кафе", поради можни последици врз здравјето од супстанцијата сибутрамин, која беше пронајдена во овој производ. Тие велат дека оваа супстанција, доколку долго време се употребува, може сериозно да го загрози здравјето на луѓето, односно може да предизвика зависност, оштетување на срцето и на централниот нервен систем. "Сибутраминот може да предизвика оштетување на залистоците на срцето, односно да предизвика токсична валвулопатија. Оние што го користеле препаратот, може да дојдат на превентивен преглед, со кој ќе се утврди дали имаат некакви оштетувања", вели д-р Горан Николов од приватната клиника "Срце". Од Клиниката за токсикологија ги повикаа луѓето да се јават кај нив на преглед, за да им се направи детаљна токсиколошка слика и да се види како оваа супстанција им дејствувала врз организмот. "Како токсиколог, препорачувам оние што го користеле препаратот, задолжително да се прегледаат", вели д-р Андон Чибишев, директор на Клиниката за токсикологија. Илчо Захариев, директор на Бирото за лекови, вели дека супстанцијата сибутрамин во САД регуларно е регистрирана како лек кој се користи за слабеење, бидејќи во оваа земја дебелината е болест од која страдаат многу луѓе. Тој објаснува дека како лек за слабеење оваа супстанција во САД има мошне позитивни ефекти, односно им помага на луѓето успешно да се борат против дебелината. "Сибутраминот ја намалува потребата и желбата за храна. По користење на оваа супстанција, луѓето што имаат проблем со килограмите, стануваат индиферентни на храна. Исто така, оваа супстанција предизвикува ситост и таа како лек се дава на луѓе што имаат 30 до 40 отсто поголема телесна маса од дозволената", вели Захариев. Тој објаснува дека во Европа се преиспитува фармаколошкиот профил на сибутраминот, односно во ЕУ нема регистрирано лекови кои ја содржат оваа супстанција. "Сибутраминот, доколку се употребува подолго време, може да предизвика зависност, и затоа како лек се дава со паузи. Оваа супстанција дејствува на крвните садови, односно предизвикува нивно стегање, а тоа, пак, може да предизвика покачување на крвниот притисок и оштетување на срцето. Сибутраминот дејствува и врз централниот нервен систем и тука може да предизвика оштетувања", вели Захариев. Дирекцијата за храна минатата недела целосно го забрани прометот на препаратот "зелено кафе", бидејќи и лабораториски беше докажано дека содржи сибутрамин. (Е.А.)
Jas go piev kafeto i sum zadovolna znaci od toa sto pisuva se negativno za nego jas mislam deka poveke na potsves im deluva na lugeto.I dokolku go pies pravilno so dovolno vnesuvanje na tecnost i vitamini ovozje zelencuk i tn ke nemas nikakov problem.barem jas nemav!!!
Пред извесно време ги купив капсулите Зелено кафе. Не ослабев ниту килограм. Ги пиев по прописи (20 мин пред главниот оброк) 20 дена. Немаат никаков ефект. А налошо од се е тоа што од нив ми се вртеше и повраќаше. Јас советувам никој да не ги купи.
Jas bi sakala samo da go dodadam tuka moeto pozitivno iskustvo so Zelena kafa no ne i da ubeduvam nekoj deka ne e stetno. Vo momentov ja pijam vtorata kutija i navistina se custvuvam odlicno, ne custvuvam nieden od gorenavedenite simptomi, osven zedta sto voopsto ne e nisto strasno tuku naprotiv. Oslabnav 9 kg so prvata kutija za dve nedeli i sum presrekna. Nemav apsolutno nikakov apetit za jadenje, toa sto jadev bese cisto samo za da ne mi se slosi. Kafeto go pijam okolu 13h, dorucek-rucek(okolu 14h) mi e ovosje, jabolki, portokali ili mandarini, a rucek-vecera(do 18-19h) mi e supa bez fide ili pa salata. Jas spagjam vo grupata na onie koi zalat sto go zabranija kafeto Na samata kutija na Zelena kafa e navedeno deka kafeto ne se preporacuva na trudnici, doilki, deca pomladi od 16 godini, lica so srcevi problemi, lica so visok krven pritisok i dijabetes.
тие што го пијат си знаат , само се надевам дека сте доволно паметни , а сепак не се сметате за попаметни од сите доктори и оние кои ставија строга забрана за конзумирање на кафето ... Негативни последици некогаш знаат да се јават и после неколку години , имајте го тоа на ум и бидете паметни , однсоно информирајте се , нека не ве залажуваат килограмите .