Mami moeto bebe pocna pak da mi kaka zeleno, pred da pocneme so probiotik isto kakase nekolku pati zeleno eve i sega pak otkako go zavrsivme probiotikot, neznam do sto e
Мојот кога ќе поднастине кака зелено. Стави му топло на мешето и види ако наредна кака е жолта значи настинал. Кај мене одма дава резултати.
Ke probam i so toplo na meseto i ke vidam, a i se smeni pocna edvaj po ednas da kaka dnevno a si kakase po nekolku pati
Мајки малава какаше зелено..што значи тоа ? Дали е настината некако носето како затнато да и е , подкашлува по малку , дома ние топло ама она редовно е ладна во нозете незнам зашто... сега спие неморно се буди со плачење .. утре ја носам на доктор .. што можам да и дадам до утре ,,
Нормално е од време на време да се јави зелена столица кај бебиња што се на доење (не знам вие колкави сте и со што се храните). Тоа може да е од некоја храна што ти ја имаш конзумирано, пример јас кога јадам спанаќ или марула обавезно наредниот ден бебе има зеленкаста столица. Исто така тоа може да биде знак дека бебето го цица само ткн предно млеко кое е нискокалорично и се лачи на почетокот на подојот, а не стигнува до ткн задно млеко кое е богато со масти и многу похранливо. Тоа е случај кога бебето не цица доволно долго од едната дојка т.е. не ја исцицува до крај.
Не и ги оставај ладни ноџињата,обавезно дебели чорапчиња и одозгора некои патичиња меки можно е да е настината чим кака зелено,стопли ја ако треба облечи ја повеќе,и ке се нормализира столицата нема потреба ништо да и даваш.
На повеќето бебиња им се ладни ножињата и рачињата Мојата неколку месеци какаше зелено,нити гладна,нити и беше ладно а немаше ни бактерии
Женски будни се надевам има за совет цел ден мислам да прашам и се немам време, е сега пред спиење да си пишам. Измет кај бебе од месец дена каков треба/може да биде? Читав гуглав итн, ама не сакам да кревам паника. На малово мое од пред недела дена зелено како почна да кака уште не е променето. Се доиме а пиеме и ад млекце. И кога пие и кога не пие ад е исто. Кака многу течно, а и многу мириса. Земав едни капки пробиотик денес, ама на мисла сум ако нема подобрување да одиме на лекар во понеделник. Гладен да е нема шанси, а од што и како е настанатс променава мислам к одговор не наоѓам. Весел си е, се друго е нормално, како и претходно. Што може да е што мислите?
Ако даваш ад, мое мислење ти е ич да не даваш пробиотик, бидејќи повеќето ад содржат пробиотик и можеш уште поголем "проблем" да направиш. Башка и ако има редовна столица, исфрли го пробиотикот од употреба. Течна кака кај мало бебе е нормална, тоа нека не те секира, и јас се плашев на почетокот неискусна, па сите ми велеа било проливче, било ова, било она. И зеленото нека не те загрижува, можно е од храна (грашак, боранија, марула) . Освен ако е настинато, ама имаш и погоре мислења од членки кај што зелена кака е нормална. Поздрав и без паники
Ад млекото содржи и железо, може и од него да е зелена столицата. Ама поради тоа што велиш дека многу мириса, може да е преладено. Затопли му ги ноџињата и стави топла пелена/термофорче на мешето. Моево така какаше кога му беа мраз нозете.
Како што пишала Анат.. зелена кака што многу мириса имаше ќерката кога беше настината и мислам дека беше од голтнат и искакан шлајм. Може да е од ад млеко со железо, може да е настинка, може да е зголемено лигавење пред заби вадење... некогаш може да е ненавремено сменета пелена па да оксидирала каката - тогаш позеленува. Мајката јадела нешто зелено - и тоа може да е опција. Има многу случаи кои не треба одма да се поврзат со глад.
А бе не знам кај да прашам сега, темава не е соодветна, ама ај.... Од вчера почнавме со банана, вчера четвртина, денес половина. Вчера се беше ок, а денес 2 пати се искака и погрозно нешто немам видено. Каката цела и беше со црни точкички, како ситни црни влакненца Стварно знам дека гадно е да опишувам, но не знам дали би можело да е од бананата ова? Иначе понашање на бебе е ок. Сега се мислам дали утре да и дадам пак банана, а планирав да и измешам со јаболче Не сакам да ги прашам мајка или свеки оти толку после
Истиот проблем го имаме и со столицата која од златно жолта пред десетина дена стана зелена. Бебушот напредува и тоа ептен. Докторката ја виде пеленката и рече дека таа зелена боја на столица спаѓа во нормални столици на доени деца а може да значи и дека превише цица , млекцето не се досварува па затоа е таква боја. Не значи воопшто дека е гладно
@Mari-Ja јас пак знам дека ако е зелена столицата гладно е, не сакам да те плашам може таму каде што сум прочитала било погрешно напишано, читав на еден сајт на интернет, но се сеќавам точно на кој. Сепак ако си напредува добро значи во ред е се.
Ако кака и мочка по малку и е зелено е загрижувачки повеќе, а ако полни пелени често не е страшно Убаво си кака, често?
Мамички едно прашање. 2+ сме од сабајле на бебе столицата како темно жолта со лигави кафени делови . Од како сме станати од сабајле односно од 6 саат два пати кака исто , а пред да се искака има грчеви и плаче. Обично по два пати какаме на ден а сега за 3 часа два пати. Има простор за паника или? Инаку цица и плус се дохрануваме со аптамил 3 пати по 120 мл.
Denovive kakame zeleno 8m sme a ne sme jadele nisto zeleno osven tikvica,morkov, oriz, kompir, batat, piperka zelena ama mn malku stavam, kromid, od sto moze da e taka, ne e nastinata?