Штом има 5-6 пелени полни, не е гладно, може преладено да е. Топло на мешето, не жешко, нозете да бидат топлички. Ќе се среди.
Мојот е 4 месеци и кака подолго време потечно, експлозивно, како темно жолто-зелена боја, а каките се со лош мирис. Еве вчера излезе бактерија во урината и сега е на антибиотик. Педијатар ми рече дека тоа била причината за таквата столица. Правевме и копрокултура ама немаше таму бактерија. Направи му и копрокултура и уринокултура.
Ме замисли сега и мене. И на моето бебе каката многу му мириса. Дали ако има некоја бактерија ќе покаже на крвната слика? (пример покачени леукоцити)? Кај мене има запек и тврда зелена столица
Кај нас леукоцитите беа 9.3 а горна граница беше 9. Не знам дали овие вредности важат и за бебе. Ние истовремено правевме и крвна слика и копрокултура и уринокултура. Би требало да е покачено ако има бактериска инфекција.
Ние сме 4+ и во текот на денот има 2 до 3 столици од кои една обавезно е зелена.Од што би можело да биде?
Здраво, Ќерка ми има 2 месеци и 2 недели, и еве веќе 5 дена одприлика каките понекогаш и се зеленкасти помешани со жолто. Пред две недли бевме на контрола за килажа и за 14 дена имаше покачено само 300г. Но тогаш каката си беше чисто златно жолта боја. Сега сме во среда пак на контрола и се плашам да не има помалку покачено на тежина. Читам дека зелено можело да значи неухрането. Вака си кака 3-4 пати на ден. Од кои 2 пати прилично поголема количина. И плус мочкано.. а и сама си бара за јадење на 1.5 сат или 2 сати. Уфф... се надевам дека добива на килажа. Педијатарот рече ако во овие 2 недели повторно има само 300г, ќе требало дохрана. Се надевам ова зеленово ќе помини.. дали имала некоја ист проблем а бебето да си добивало добра килажа?
Моево мало одкако е родено скоро секој ден му се зелени јаките со малку жолто па до 38 ден од раѓање скоро 2кг покачи само со цицање , не се секирај мислам дека му е така ако се прејадување или меше го боли , ама сепак прашај си доктор .
Jas sum citala deka i pogolemo kolicestvo na laktoza pridonesuva na zeleni kaki. Nie denovi koga poveke ruckame ni se slucuva zelena kaka da izbacime.
Majki nese gleda dobro na slikata, kakata e bas zelena. Normalno li e ? Da kazam deka sme i na doenje i na AD Спојлер
Мајки бебе 6 м цица и давам овошни кашички изеде едвај пола од малите на хип,е сега вие 2-3 дена кака темно зелено и има како запек напнува се неможе да се искака, издржувам ја на памперс така се искака педијатаро е на одмор незнам кој да прашам за столицата имале ли сте вакво искуство?
И кај нас промени во каката, зелена како спанаќ а не сме јаделе спанаќ. Можно ли е од дињата што ја претерав деновиве беба да има толку зелена столица?!?! Или нема врска?!?! Инаку на доење сме, пробуваме вкусови ама зелено досега не сум дала.
Па немаше баш грчеви, напротив спокојна си беше. Изгледа пак е преладена, а од тоа најмногу се плашев...
Здраво.. пред една недела поќнавме со цврта храна...и давав прво претежно овошје.. Денес еве некако напина поќе и имасе малечки какушки мн тврди црни..со темно зелено. Што е ова дали е сериозно нешто???? Што да штавам? Дали е од што и давав два пати на ден по повеќе од 2 лајчиња храна?
Нормално е . Се случува кај повеќето бебиња кога се започнува со цврста храна. Нуди повеќе вода и почесто. Ќе се среди за некој период. А оти два пати? На почеток еднаш е само доволно. Прв ден неколку лажички, втор ден исто , трет ден даваш колку сака од иста намирница . Тогаш ја сметаш за воведена. Така на почеток. Подоцна по два дена воведував.
Здраво,бебето има 10 месеци, цица и пие Хумана како дохрана ,плус цврста храна соодветна на возраста,веќе извесен период има многу кисел мирис на столицата,ако има некоја мајка слично искувство да ми каже за можна причина
Да не е кога и даваш јогурт или к.млеко? Дунде мое кака со мирис на кисел јогурт дента кога има тоа на мени