Само киви од зелено и јадам од кога се породив. И без тоа можам. Ајде уште некој месец Мила и готово се ќе помине
Пред малце обилна зелена столица, цела соба замириса на "опоен" мирис, додуша цел спрат... шо може да е? да кажам дека пијам хемовит трет ден по ред за железото, првпат и е зелена столицата, до вчера регуларна златна...
Ти имаш зелен измет или некое бебе? Ако имаш ти, може да е до тие таблети што ги пиеш. Јас кога пиев од тој јагленот што е во таблети, за детоксилација, ми беше зелен изметот. Прочитај во упатството на таблетите, можеби пишува нешто.
Не е од таблетите. Да била само бојата ок, можеби и од нив е, ама мриисот укажува дека е преладено. Затопли го мешето и ноџињата, дај и пробиотик. Ќе биде во ред.
Мое бебе немаше какано 11 дена. Има 2 месеци и е на доење. 12тиот ден ја искакавме со топломерче и имаше зелена густа и леплива кака. Еве фаќа 3 ден како пак не е какана. Инаку има чести мокри пелени... Педијатарот ни е на одмор а јас сум загрижена..има многу гасови и прди(многу смрди).
Може да е од грчевите, тие се најинтензивни во 2 - 2,5 мес. штом многу прди или пак му е преладено мешето. Со топла пеленка на меше ќе го решиш тој проблем. Некаде имам прочитано и дека ако каката се задржува повеќе од 3 дена и не се исфрла тогаш ,,мириса,,. Се толерира бебиња да не какаат до 10 дена кои се на ексклузивно доење тоа значи дека добро и целосно го апсорбираат мајчиното млеко. Јади ти повеќе круши и модри сливи бар сега ги има и преку млеко ќе му олесниш.
4+meseci sme....cicame.....nekolku dena kaka zolto zeleno tecno....ispusta gasovi i creveta i gi osekam kako krkorat....nekoj da se nasol vo slicna situacija....davam probiotik ama nema efekt nekako
Zdravo majki, moeto devojce e 9 nedela i vcera i deneska premnogu place so vristenje, i ima tecna stolica, davame biogaja, deneska ednas samo se iskaka i toa se pokaka do vrat, no mnogu zelena stolica i pak vecerva vristenje i placenje. Dali ste imale vakvo iskustvo?
Мајка од недостиг на лактаза е тоа...како пењушава и мн миризлива столица...Само Coliprev капки, ќе се среди и столица и грчеви
Не. Кај мали бебиња пролив се рачуна према тоа колку често какаат, а не конзистенција, бидејќи секако нивниот измет е потечен. Доколу бебето вака се искака повеќе од 4-5 пати во еден час, тогаш е пролив. Инаку е нормална столица.
Здраво бебето е 1 месец на ад формула сме хумана 1 кака само 2 пати навечер и во текот на денот многу ретко 3 пати.. Но неќна и денес забележав зелена столица не многу дали има место за паника
Здраво мајки. Ние сме 4+ месеци и сме на ексклузивно доење, но сеуште не ни е регулирана столицата односно по излегување од болница каките му се цело време зелни и течни со повремена мукоза во истата. При крај на трети месец се случи еднаш да има светла крв во столицата и веднаш помислив дека е од Омега 3 што му ги давав заедно со Д3. Веднаш му ги прекинав и продолжив да давам само Д3. Поминаа две недели и повторно му дадов од омегата за да проверам дали е од нив и повторно имаше крв. Во консултација со педијатарот рековме да ја исфрлиме омегата, бидејќи била незадолжителна... Кога вчера при промена на пелената повторно крв и тоа повеќе од претходно. Инаку крвта не е помешана во столицата туку како слузава надвор од столицата и е со светла боја. Во консултација со педијатарот и докторка од Детска клиника ми рекоа дека всушност се работи за алергија на кравјо млеко што јас го пијам. Од вчера сум на диета без млечни производи, дури и е потребно да читам на опаковките дали можеби содржи млеко во прав и да водам дневник на исхрана. Инаку пробиотик давам одма откако се вративме од болница (Диастоп) но воопшто не приметувам да има некаков ефект. Се надевам со воведување на рестрикции во мојата исхрана ќе има подобрување бидејќи премногу ме загрижи крвта во столицата, додека докторката од Детска клиника ми рече дека нема простор за паника односно дека е многу честа интолеранцијата односно сензитивноста на бебињата на кравјо млеко. А инаку до скоро и мене ми велеа скоро сите со кои се консултирав дека е во ред да е зелена боја на столицата. Дали некоја мајка има слично искуство и дали дошла до некакво решение на проблемот? Јас искрено се надевам дека со ова ќе успееме да се средиме со столицата бидејќи уште малку доаѓа период на воведување на немлечна храна што дополнително ќе ја искомплицира работата со столицата по мое мислење...
Здраво мајки Ми треба совет бебе секој ден ми вади различна боја на столица Како и секој ден му се оброците различни во мл некогаш на 3 ч ќе испие 100ка по 3ч 180 па по 3ч знае 120 прегледи направени се во ред но не разбирам што е со столицата користам аптамил од рагање Почнавме и со вкусови но и кога ден нема да дам вкус столицата е исто Во прилог слики секој совет би ми значел
Колкаво е бебето? Според ова дека сега си почнала со вкусови од прилика треба да е 4ипол 5 месеци, и во тој период се менува столицата затоа што внесува храна и нормално е да има промена за разлика од тоа кога е само на млеко, ако бебето е весело не плаче, не се мачи, нема грчеви, а чим викаш и дека сте направиле испитувања нема потреба да се грижиш.
Neznam ama kolicinata na mleko sekogas e razlicna sto ja pie Ako ispil 100 ml po 3h 100 ml po 3h 180 ml ? Znaci dali taja promena mozi da ima zelena kaka nekogas temno zelena neznam ama probav i da ne davam vkusovi i pak istoto A do sega od aptamip ne sme imale problem Ama kolicinata sto ja pie e mn promenliva eden den samo 100tki 120ki pa nareden den znae 150 180 160 Neznam dali e toa vo red