1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зелен чај

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 6 јануари 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Мене тој зелен чај од Кам маркетите не ми е воопшто убав :tmi:

    Јас купувам ваков зелен чај со лимон од словенско производство [​IMG] и премногу сум задоволна од вкусот, а тоа што викате за забите мислам дека нема врска, мене забите ми се бели- сепак тоа со бојата на забите е повеќе генетска карактеристика, според мене :?:
     
  2. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ова го најдов на нет:

    Зелениот чај и неговото благотворно дејство за човечкиот организам биле познати уште пред 3000 години.

    Содржи многу значајни супстанции кои внесени во организмот предизвикуваат позитивни ефекти.

    Во најголем процент тие ефекти се должат на присуството на катехините, кајо и витамините; Ц, Е и А. Катехините кои се еден вид танини се застапени околу 20% и кога ќе се растворат во вода му даваат поголема моќ на чајот. Испитувањата кои се прават за да се утврди делотворноста на зелениот чај, се однесуваат на неговото инхибиторно дејство на растот и развојот на туморалните клетки, како и превенцијата од појава на рак. Како зелениот чај ќе му помогне на Вашиот организам?

    - Го намалува холестеролот, инхибирајќи ја неговата ресорпција и балансирајќи го неговото ниво во крвта или поточно односот ХДЛ/ЛДЛ.

    - Ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите, со што го намалува ризикот од појава на тромбоза.

    - Делува инхибиторно на активноста на ензимот кој се излачува од бубрезите и кој предизвикува зголемување на крвниот притисок

    - Делува инхибиторно на покачување на шеќерот во крвта, поради што е поволен и за дијабетичари

    - Го спречува растот и развојот на патогените бактерии кои предизвикуваат труење преку храна

    - Спречува појава на кариес (расипување) на забите

    - Го зајакнува имунолошкиот систем и делува антивирусно

    - Правење гаргара со него помага при проблеми со грлото и устата

    -Делува инхибиторно на хистамините (супстанции кои предизвикуваат алергиски реакции) со што ги олеснува придружните симптоми на алергиите

    Пиењето зелен чај во Јапонија и Кина е секојдневна појава, а неговото благотворно дејство се потврдува со фактот дека во областите во Јапонија, каде што многу се пие овој чај, појавата на малигни заболувања е многу ретка.
     
  3. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    го знам тоаа и јас и точно е зошто не сум отишла на заболекар повеќе од 6 месеци
    не е можно дека и е од зелениот чај
    добро на сите различно делува :)
     
  4. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Етеее си напраив зелен чај :rofl: Вака кога ќе размислам поубаво може и грешно да ми кажала таа забарката...изглеа ми љубоморела на мојата витка става :lol: :lol: :lol:
     
  5. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    И јас вакаов зелен чај пијам и најубав ми е, а има и еден со мирис на нане ама не толку убав
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Кога сме кај зелениот чај, само што си сварив еден :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.213
    Допаѓања:
    56.854
    Пол:
    Женски
    ... а јас одам да си сварам :!:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Jас па ич не можам да го пијам. Воопшто не ми е убав, имам пробано 2-3 пати од различни фирми и не ми оди ама ич. Повеќе сакам овошни чаеви, најубав ми е од мангостан. А за забите, убаво пиша Сесилија ако се генетски програмирани жолти да бидат, вие не зелен чај, не знам што да пиете пак нема да го смените тоа. Таква ако е коската, ништо не помага.

    И кога купувате купувајте од проверена фирма, немојте од некои кинески фабрики кои имаат чкљ квалитет, кои даваат вкус кога пиете исто како да пиете електроилит од акумулатор.
     
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Јас едно време го пиев чајов .. ама мајка ми не ми дава да го пијам |( .. зашо смета дека сум доволно слаба и не ми треба тоа , а јас сакам уштре маааалку да ослабам :lol:
     
  10. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    зелениот чај не е само за слабеење :)
    здрав е за пиење
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    јас си обожавам зелен чај и редовно си го пијам
    тој дури и повеќе ме расонува од кафенце а и поубав ми е
    за тие што не му го поднесуваат вкусот има на виталиа еден чај слим&фит и во неговиот состав покрај зелен чај има и уште неколку други
    така да пак пиеш зелен чај само со поовошен вкус
    овој исто не е многу скап цела ќесичка (црвена е) е околу 90 денари
     
    На MartinaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. soncicko

    soncicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    73
    значи имате право ова зелениот чај бил чудо..го пијам веќе неколку дена и ептен ми го забрза метаболизмот се чудам по 3-4 пати на ден одам во wc
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Всушност првичната намена на зелениот чај воопшто не е за слабеење, ама ете владее мислењето дека со зелен чај се слабее и така си имаат во глава голем број луѓе

    Предностите од овој чај се далеку поголеми и поразлични од слабеење. Толку многу пати имаат пишано во темава кои се позитивни ефекти ги има. Нормално, не кај секого делува исто, ама некој да се има пожалено дека умерено пиење зелен чај ми наштетило, неам сретнато. Секој што пробал да го пие редовно барем еден месец осеќа разлика во организмот, на подобро
     
  14. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски

    Оди докажи им на моиве не сваќаат |(
     
  15. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190

    мм купи си и скриј гоо :D некаде
    јас денеска си купив уште 6 кутии зелен чај
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски

    хахааа.. има скриено мајка ми јас знам каде стои и кога не се дома пијам .. хаха :D :lol:
     
  17. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Зелениот чај е навистина чудо. Го пијам наместо кафе, ме расонува и ми дава концентрација, а и ми го забрзува метаболизамот. На почетокот ми беше тешко да се навикнам на вкусот, а сега ми е океј . Му ставам лимон, и цимет. Шеќер никако :x Исто така пијам и црн чај, за кој прочитав дека го подобрува расположението :)
     
  18. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    jас секогаш го пијам со една лажичка мед
     
  19. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    внимавајте феминки ниту зелениот ниту црниот чај несмее да се конзумира во големи количини. :?: по еден од двата дневно и доволно е :*
     
  20. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    Секако го заменивте кафето со чај за да не добивате дамки на белите заби, но не бидете толку сигурни дека чајот не остава траги. Доколку сте љубителка на овошните чаеви, треба да знаете неколку работи.

    Овошните чаеви се штетни за забите па затоа подобро одберете црн или зелен чај затоа што нивните состојки ги напаѓаат бактериите во устата. Покрај тоа, 2 шолји зелен чај во текот на денот спречува создавање на киселина во устата.

    nemora da znaci nnaprotiv imam chitano deka japoncite ili kinezite pijat po 5-6 casi dnevno
    inache i jas okolu 2-3 casi pijam i ne sum umrela ziva sum .hhii. ;D