Па пробај, ако не ти смета пиј. Ако се чувствуваш подобро кога го пиеш, тогаш неможе да ти наштети. Ако нешто не е во ред, ќе осетиш На сонот може да ти влијае, зависи од организмот. Сепак чај е, ништо страшно
А има ли одредено време за да се пие? Братучед ми пие по 2 пати а братучедками по 3 пати на ден али ми викаат кога и текне дека немаат рутина за него.
^Јас пијам по две шолји зелен чај после ручек. Мислам дека нема одредено време кога треба да го пиеш, пиј го кога тебе ти се пие. Ова го практикувам веќе еден месец и забележувам дека метаболизмот ми е забрзан, особено затоа што претходно сите чаеви за протерување што ги пробав кај мене не дејствуваа. Го пијам без никакви додатоци. На вкусот веќе се навикнав, а ако толку не можете да го поднесете - ставете малку рум, или пак од оние екстракти за во торта, на пример ванила. Со неколку капки ќе го измените вкусот и ќе ви биде поубав за пиење.
Јас само наутро пијам по една чаша зашто ептен ми влијае кофеинот, и ако се напијам 2 имам проблеми со спиење. Доволно ми е една. Инаку имам читано дека не се препорачува повеќе од 2 чаши дневно. Јас го пијам со лажица мед. Пробај ти прво по една па понатаму по две...
Нема врска, кога сакаш пиј го. Јас го пијам најчесто откако ќе се прејадам бидејќи ми го смирува стомакот до толку што веднаш после сум повторно гладна
Луѓе бе, чај е не е ништо страшно. Пијте кога сакате, колку сакате се додека ви одговара на организмот. Не е некоја хемија, неможе да ви биде ништо страшно од чај, ако нешто не функционира како што треба можеш да престанеш
аја не знам колку пари го земав беше поодамна ама не е скап ваљда докај 100 ден провери низ поголемите маркети и аптеките го има ама ако го земеш не претерувај со пиење доволна е една чаша на ден јас го пиев без шекер.ако случајно завидам колку му е цената ке ти пишам во лп.
мене не ми влијае врз спиењето... баш сношти во 1 пиев зелен чај дома кузнај шо ми текна и по пола сат заспав ... не дејствува кај мене изгледа
И мене на почетокот вкусот ми беше многу одбивен, но веќе се навикнав и почнав секој ден да го пијам. Најчесто пијам 1 или 2 чаши дневно.
Како и секој друг чај што е ја савам филтер кесичката во топла вода и така да постои и ставам мед и готово
Женски кај зелениот чај не чекајте водата да зоврие како кај другите чаеви. Ако го правите тоа чајот ќе има ужасен вкус. Кога ќе ги приметите оние малечки меурчиња , сипете ја водата во филџанот, доволно е за зелениот чај. По правило мислам дека се прави со некаде 70 степени.
јас порано еднаш неделно го пиев чајот ама после слушнав дека е штетен и го баталив http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=4B3D ... F0D19E48E7
Откако по АПТЕКИ се испродава чудово, се сетија да го забранат. Луѓето здрави прави, само црна дамка му ставија на катекинскиот зелен чај. Овој зелен чај од текстов е хемиски изведен и е за слабеење. Оној кој го пиеме е природен (барем така мислиме).
абе девојки па не е толку лош сум пробала и полоши работи, едноставно треба да се навикнеш. инаку, колку и да е нешто корисно ако претерате ке стане штетно. кај и да сум прочитала пишува дека зелениот чај за д аима каков било ефект треба да се дозира во 4/5 чаја дневно. една шолја би била некаде како тие за кафе поголемите не оние старите мали. А за подобрување на вкусот може мед (ако имате ептен природен без многу шеќер) или пак малку лимон. Во суштина додавањето на малку лимон го подобрува вкусот на сите чаеви вклучувајќи го и магдоносот. А да, и навистина најубав вкус има ако ја извадите водата ПРЕД да зоврие некаде на 80 степени исто како да правите нес кафе или еспресо или како и да вика
не знам кај имам прочитано, ама јас знам дека се приготвува со вода загреана на 60степени шо би дошло негде помалце од врела... го конзумирам мн долго и баш зато и мислам дека на тие степени е правилно пошо ако е со мн врела вода или пак зовриена, премногу испушта од состојките што ги има, посебно кофеин и добива мн јака золтеникаво-кафеава боја и претерано е горчлив. имам два пати пиено ко пафичите па со врела вода ми го имаа направено и беше катастрофа во уста не се редеше... а исто значи, во вода од кога ќе се стави кесичката не смее да стои подолго од 2 минути ради горенаведеното, да не е премногу јак чајот.
Незнам за вас, но мене ми е лош. Јас го пиев за да ми се регулира метаболизмот.. А тој уште толку ми го влоши. И уште од тогаш не можам да се доведам во ред. Не зборам за вкусот!