Па незнам, јас додека го пиев, не одев редовно во веце. И почна да ме боли стомак.. И прекинав.. одкако прекинав редовно си почнав.. А и плус 2 месеци ми каснеше. Прекинав се беше во ред. Ама на секој организам различно..
Секое утро пијам зелен чај, мене лично ми се допаѓа, некои велат дека не можеле да го пијат не им бил вкусен... Зелениот чај е добар за организмот, сум слушнала дека помагал за добра линија , ви го препорачувам на сите да го пробате, се надевам дека ќе ви се допадне доколку не сте го пробале
Мене ми кажа една пријателка дека ослабела со зелен чај и пиела два пати дневно, кога ќе стана пред да изеде или пред да се напие било што друго и една шоља навечер. Јас запнав за целулитов и еве од денеска ветив дека ќе почнам да пијам комбинирам со трчање секој втор ден на кеј, ваљда ќе биде нешто и од моиве нозе.
Го пијам кога ке ми текне,на почеток не ми се свиѓаше вкусот па почнав да го пијам со лимон и 1 лазица мед и од тогаш се заразив.Сега си го пијам најобично,со малку шеќер.Најбитно е да не се претерува,бидејки така се губат ефектите
И јас пијам зелен чај. Наутро по една или две чаши, после ручек или пред вежбање. Малку е чуден на вкус ама после се навикнуваш. Редовно одам во тоалет, но понекогаш чутвувам болки во желудникот навечер, незнам дали се од зелениот чај или пак сум претерала тој ден и сум испила повеќе. Во секој случај многу е добар и помага во разградување на целулитот комбиниран со масажа. А за слабеење сигурно помага меѓутоа јас неможам баш да издршам некоја дијета па да ја комбинирам со чајот бидејки сум мнг лакома
може некој да ми ја пише правилната подготовка на кирколина чајот.. и дали се слабее од кирколина од брусница фала однапред
Девојки ,колку пати треба да се пие...секој различно ми кажува,една колешка ми вели јас место вода го пијам по 2л.. не ли е тоа многу? Јас почнав по 2 шољи да си пијам..
Сеа зависи од чоек до чоек, ама 2л е премногу. Па ретко кој може толку вода да испие. Чај е ќе рече некој, ама силна напивка е, цел метаболизам го забрзува, бетер од кафе. Почни со две шољи дневно (од шољите од 250 милилитри, не од “бокалине“ шо сите си ги имаме за млеко, јогурт, сок )...па после недела дена можеш да зголемиш на три... Навикнувањето е битна работа, ако одеднаш почнеш со литро, можеш да се зезнеш.
јас си пиев зелен чај и воопшто не ми е гаден,и тоа без шеќер и лимон. меѓутоа на лекар ми кажаа дека предизвикувал такихардија и под итно да прекинам :/
епа тоа е бидејќи содржи кофеин и супстанција EGCG (Epigallocatechin Gallate) кои го забрзуваат метаболизмот но мене баш тоа и ми одговара, најпрво ми беше гаден и го пиев со мед но сега го пијам така без ништо, обично 2-3 шољи дневно
Велат дека се пие на гладно,пред јадење,али јас па рзбрав дека предизвикува камчиња во бубрезите така што кај нас уролозите не го препорачуваат многу,многу
jas pijam zelen caj poslednite 2 godini sekoj den po 5/6 casi i nema da oslabnete od nego kako so se misli tuku ke vi pomogne so celulitot malce a mnogu ke vi go ojaca imunitetot. na pr Sestra mi zimava nastina 4 pati a jas ni ednas. najdobar e dodeka se vari treva a ne emislki vo kesicka...pozz i pijte go cist , mene mi e preubav koga ke stanam ako ne se napijam ne mi trgnuva denot )
Го пијам кога ќе ми текне, пред некој ден 2-3 дена по ред го пиев, сега пак престанав. И го пијам без мед, шеќер, без ништо. Ми беше доста горчлив на почетокот, но сега се навикнав на него така да го пијам и немам мака