Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зелен чај

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 6 јануари 2010.

  1. Kitty.Smiley

    Kitty.Smiley Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2011
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    9
    Јас мислам дека 3-4 чаши се многу јас на ден пијам само по 1. :|
     
    На lola-86 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.093
    Јас пијам од Виталиа, оној во зелена кесичка, лажиче на 250 мл вода што е. 4-5 чаши е премногу, на самото пакување пишува до 3 дневно. А почнав со по една дневно, не ми е толку лош, без лимон и шеќер го пијам, затнувам нос и готово. Ми останаа некои 5-10 посто од тепачката со целулитот и сакам џам да се напраам така да ќе пијам. :^)
     
  3. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    неколку недели пијам редовно и немам замерки..
    дигестивниот систем ми во ред и повеке мокрам од вообичаеното но тоа е добро бидејки така се исфрлаат отровите од телото :)
     
  4. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    22.507
    Пол:
    Женски
    Купив Целен чај на Алкалоид со вкус на мед и лимон. Ќе се потрудам да го пијам редовно, по 2 чаши дневно. Па се надевам дека ќе ми помогне со мојов бавен метаболизам :^)
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Леле, атер заради грлото, дома немаше друг чај, испив цело мало тенџерче од прееска! Филџан по филџан, па топличко ми дојде, па ми се пушти малку гласот.... ииии отиде тенџерчето. Отпосле ми текна кои ефекти ги има чајов, и дека сега ќе дежурам на релација вц - кревет. :tmi:

    До утре, тотална детоксикација. :D

    Заборавив, затоа кокодакам на форумов во 1 и пол, се наполнив со кофеин. Сега хаха хихи хехе, до утре сабајле. Оооо!
     
    На eli25 и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.921
    Допаѓања:
    123.381
    Го мразев ,ама се навикнав на неговиот вкус.Се осеќам супер откако го пијам,навистина.Пијам една или две чаши дневно,без засладувач без ништо.
    Сега не можам да си го замислам денот без него,шубе ми е ако не се напијам :^)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. natasanina

    natasanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    9
    го пиев зелениот чај и многу омага за слабеење
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.394
    Допаѓања:
    22.507
    Пол:
    Женски
    2 дена како пијам по една чаша дневно од зелениот чај на Алкалоид, го засладувам со мед, и не е толку горчлив. Има тежок мирис, ама се трпи. Сакам да кажам, мене лично со проблемот кој го имам со бавен метаболизам многу ми помага. Пу пу да не се урочам :lol: За слабеење е многу рано да зборувам, ама за средување на столица е добар чајов.
     
  9. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Планирам да почнам да си пијам зелен чај редовно, по 1 шолја дневно, не заради слабеење, туку општо заради подобрување на здравјето. Баш пред некој ден разгледував низ маркетиве зелен чај, прво ќе си почнам да пијам ароматизиран додека да се навикнам на вкусот, па по некое време ќе си земам чист зелен чај.
    Туку, покрај оние со арома на лимон ,мед и сл. забележав Пикантен Зелен чај - го пробал некој да знае каков вкус има :?:
     
  10. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Да,имам дома таков,добар е...но највеќе го сакам класичниот зелен без никаков додаток :) еве баш сега пиев.Ми дава енергија.
     
  11. Kikaata

    Kikaata Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Аа дали може да се свари зелениот чај и со него да се исчисти лицето ?? .. Бидејќи читав дека треба ливчиња зелен чај да се стават во вода .. да поседи пола саат за чистење на лицето .. Инаку јас имам гооолем проблем со акните .. :worried: .. :)
     
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Јас порано многу го конзумирав чајот, па престанав долго време, и еве сега пак му се навртев, а лошиот вкус го елиминирам со тоа што ке му ставам малку повеќе лимон и пота може да се пие секако ;) . А сега нешто го пијам во комбинација со чај од коприва (незнам дали е штетно или не ... ) ама мене убаво ми е .

    патем Кика
    За лице ти препорачувам чај од камилица ;) Ама почесто тоа да го правиш , мене ми имало ефект. Пробај со памукче навечер и сабајле и остави да се исуши и стави си крема за лице после, ама да го правиш ова на чисто лице. Зашточајот од камилица смирува такви реакции. ;)
    пробај па кажи ;)
     
  13. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Чајчево го обожавам толку многу што си правам насабајле цело едно шишенце ( од вода 0,5) за на факс, башка после дома пак пијам!
    Не знам дали е добро или лошо што скоро 1 литар на ден конзумирам од него ама мене ми е супер, веќе се навикнав и на вкусот и воопшто не ми пречи тоа што горчи! Инаку јас го пијам на good nature зелениот чај!
     
  14. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.740
    Допаѓања:
    23.239
    Пол:
    Женски
    Јас неможам да го пијам неможам вкусот да му го поднсам :^) сега сакам да го пробам од Виталиа што е со ливчиња цели што бил (без вреќичка) ми рече една другарка дека бил далеку поубав отколку тој што е во вреќичка. Па ако можам таков да пијам :)
     
  15. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Почнав да пијам зелен чај по една шолја во денот. го пијам на алкалоид со мед и лимон...и добар е не е лош :D Вкусот му е далеку од убав, но сепак се поднесува, а најважно е што супер делува-барем кај мене, ми дава енергија и за концентрација пред учење е топ! :geek:
     
  16. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Ајде за тие што не знаете да ви откријам една тајна ако може така да се наречи за зелениот чај...
    Се подготвува на 80 степени, а не на 100, е сега нема да седиме со топломер и да гледаме кога е 80 степени туку пред да зоврие водата ставете ја кесичката и така е подобар вкусот на зелениот чај :) Пробајте!
     
  17. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Jас си го пиам зелениот чај на виталиа оној ливчиња што е во зелена кесичка ,и супер ми е пиам по 3 чаши дневно и искрено стварно помага во одржување на линиата :)
     
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Точно дека треба да се стави кесичката на 80 степени, а најлесно да одредиш коа е точно време, е кога ќе почнат на дното на ѓезвето да се прават топчиња. Ама само да се на дното, баш пред да почнат да се искачуваат и да зоврие водата.
    И во принцип се става или само мед, или само лимон, зошто и двете во комбиацја даваат непријатен вкус.
     
  19. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.740
    Допаѓања:
    23.239
    Пол:
    Женски
    И си го купив зелениот чај од Виталиа (имаше повеќе видови јас си купив Зелен чај со лимон и ѓумбир 130-140ден беше) и да ви кажам многу ми се бендиса, убав му е вкусот и сега си пијам секој ден бар по една шолја ;)
     
  20. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    леле каква навика ми стана ,сега без него неможам ,на утро пијам кафе, па одма после кафе си пијам зелен чај на алкалоид (good nature)преубав ми е без шеќер без ништо , како ми го подобре варенјето на храната ,супер е.