И јас да додадам дека кесичката треба да биде само 4 минути во ѓезвето. Така добива многу убав вкус, бидејќи колку повеќе седи во водата, толку повеќе горчи. 4 минути, пола лажиче мед и фантазија...
можете да го мешате зелениот чај со бистар сок од јаболко (но без додаток на шекер во чајот) има убав вкус а резултатите во секој поглед се видливи ако се конзумира секојдневно. Позз до сите
Пијам веќе подолго време Зелен чај со надеж дека ќе ослабнам Јас конзумирам од оние што се во филтер кесички.Не е вкусен но јас го пијам со затнат нос и на екс без шеќер и мед.Не знам дали на некого му помогнал да ослабне,а ако на некого му успеало тоа со Зелен чај нека пише и ме интересира по колку чаши дневно е потребно да се пие за да се симне килажата?
зелениот чај не помага за симнување на килажа, туку го спречува таложењето на мастите на половината! Ако не си физички активна не верувам дека ќе ослабеш пиејќи го чајов =)
Дали е добар овој зелен чај од Biofarm пишува на ќесичето Green TEa Herbal Blend што мислите дали може да го помогне за килограмите за одражување на линијата?
Пробав едно време да бидам по активна во пиењето,ама некако не ми одеше.... А колку чаши за почеток би биле доволни???
Зелениот чај содржи премногу кофеин кој делува на нервниот систем и може да предизвика несоница и анксиозност. Мислам дека една до две чаши денот се доволни. Јас долго време го пиев, меѓутоа само по една чаша во денот затоа што поголема доза (заради кофеинот) ми предизвикуваше тахикардија.
Пожелно е по подолго време пиење на зелен чај да се направи пауза од извесно време и потоа повторно да се продолжи.
Jас го заменив кафето со чаеви, односно дневно конзумирам по две до три чаши зелен чај. Од чајот не се слабее, меѓутоа тежината која што ја имаш ја одржува. На почеток ми беше тешко да свикнам, особено со овесни снегулки и рендана јаболка, но подоцна свикнав да доручкувам и ручам со чајот. Кафе само по гости.
Јас уживам во зелениот чај..Си пијам секое утро,не го пијам за слабеење,слаба сум од секогаш! Имам прочитано дека е добар за кожата,акни и сл. добар е за тенот,косата и ви глобала за се.И баш ми е вкусен особено со лажичка мед,читам дека некои од вас го пијат со затнат нос јас просто го обожавам )))
ќе се надоврзам на претходното мислење од батерфлај.флај И јас го обожавам ЗЕЛЕНИОТ ЧАЈ!!! ЗАКОН Е!! Го пијам два-три пати дневно поради дигестивниот систем и ми делува одлично. За вкусот, не ми е баш нај нај, али ставам пола лажичка шеќер или мед и се е одлично. И мене ми е супер
и јас исто го обожавам зелениот чај, без шеќер и мед, убав ми е и така, ама сега почнав да пијам црн чај мајка ми го купила и демек бил здрав, сличен на зелениот и помагал при слабеење. Дали некоја од вас го има пиено?
јас го имам пробано еднаш и никогаш повеке мене лицно не ми се свиѓа и никаков вкус ми нема CRNI - INDIJSKI ČAJ CRNI - INDIJSKI ČAJ Crni čaj zbog sadržanih sastojaka (kofeina) djeluje stimulirajuće i okrepljujuće pa smanjuje pospanost i umor. Crni čaj možete piti i umjesto kave. Jedna šalica sadrži četvrtinu kofeina jedne šalice kave. To znači da ćete s četiri šalice čaja unijeti kofeina, koliko biste unijeli kroz samo jednu šalicu kave, a unijet ćete u organizam gotovo litru tekućine. Priprema: Ukoliko na uputama na pakiranju nije drugačije naznačeno, čajnu žlicu biljke ili filtar vrećicu pre
Еве во моментов си пијам - зелен чај од 1001цвет мислам дека е, со арома на лимон и супер ми е, ми надокнадува кофеин па не ми паѓа притисокот толку многу.
На здравје нека ти е,и јас пијам сега сабајлечки, од 1001 цвет ама обичниот,тој од лимон некако не ми мириса баш баш. Повелете феминки придружете ни се со Regenbogen
Почнав да го пијам затоа што читав дека е добар за организмот, за прочистување од слободните радикали, забрзување на метаболизмот. Отпрво ми беше тешко да се навикнам на вкусот, но сега ми е одличен. За напомена многу е важна правилна подготовка на чајот и правилно конзумирање. Водата не треба да зоврие, туку да дојде до температура од отприлика 70-80 степени, се додава кесичката и се остава не повеќе од 5 минути во водата. Не се пие врел, туку млак и се препорачува да не се додаваат никакви засладувачи. Зелениот чај од Алкалиод ми е најдобар.
Ајде на топла шолја зелено чајче, ПОВЕЛЕТЕ!!!како ми дојде добро пред почеток на учење и на ладново време!!!