Еве се за зелените и црни чаеви на алкалоид, проверено најдобри, малку скапички ама со висок стандард и плус Мade in Macedonia http://www.alkaloid.com.mk/zeleni_i_crni_caevi.nspx
Погрешно го имаш разбрано слабеењето со зелен чај. И не знам дали може да се рече дека неговата намена е баш за слабеење, па ај сега ќе го пијам една недела и оп ќе ослабам 2-3 кг. Има ефекти, не дека нема, ама треба секој ден да се пие по 2-3 шољи, плус да се внимава на исхрана, да се вежба, исл. Ќе ти го подпомогне слабеењето со тоа што ќе ти го забрза метаболизмот и ќе те прочистува, ама дека волшебно ќе те ослаби не се лажи. Али на подолг период со секојдневно пиење сигурно ќе ти помогне да намалиш тежина, тоа индивидуално е од организмот, да ти речам за месец пр 2-3 кг неможам пошо не е за сите исто... Сепак практикувај си да го пиеш секојдневно, дава добри резултати на долги стази, дали за одржување тежина, прочистување од токсини, за здравје, подобрување концентрација итн. Мене лично ми помогнал кога го комбинирав со вежбање и исхрана, ама ништо драстично. Сега го пијам ради одржување линија, ама најмногу за другите позитивни благодети.
Јас пијам 3 пати на ден зелен чај, и со време се навикнав на мирисот и на вкусот. Сега веќе не ми претставува проблем да го пијам.Немам нагони на повраќање кога ќе се напијам. Доста корисен е, ем за здравје ем за намалување телесна тежина. Сега заедно со медицинската диета го применувам па ќе видиме резултати
mi treba sovet dali ako go pijam zeleniot caj so kafeav seker i cimet ke se namalat efektite za slabeenje?
Девојки залениот чај НЕ Е ЗА СЛАБЕЕЊЕ незнам зошто сите сте запнале точно покрај огромниот број на позитивни ефекти и помага при одржување на телесната тежина. Пиј го со цимет зошто циметот е многу здрав Еве ви подетално за залениот чај : Зелениот чај е познат по тоа што го намалува холестеролот и со тоа се балансира неговото ниво во крвта. Спречува да се создаваат масни наслаги во телото и го забрзува метаболизмот. На овој начин тој помага при одржување на линијата. Зелениот чај штити од болести.Докажано е дека зелениот чај содржи корисни полифеноли, кои се многу јаки антиоксиданси кои го зајакнуваат имунолошкиот систем ,кои помагаат во борбата против ракот (го намалуваат дејството на ензимите кои овозможуваат канцерогените клетки да се населуваат во организмот и со тоа ги намалува шансите за заболување од рак. Кинеска студија која била спроведена на 6.928 жени покажала дека тие кои редовно конзумираат зелен чај имаат 12 % помал ризик да заболат од рак на дојка). Полифенолите помагаат и кај луѓето кои имаат проблем со спор метаболизам како и при диети (докажано е да при диети, луѓето побрзо губат килограми доколку наместо вода пијат зелен чај. Лицата кои пиеле зелен чај изгубиле повеќе од 7% масни наслаги отколку луѓето кои пиеле други напитоци, со ист број на калории). Зелениот чај исто така штити од срцев удар и мозочен удар (врз основа на 9 научни истражувања било докажано благотворното дејство на зелениот во превенцијата на мозочниот удар. Лицата кои пијат 2 до 3 шољи чај дневно имаат 21 % помал ризик да доживеат мозочен удар). Зелениот чај ги намалува токсините на црниот дроб вклучувајќи ги и оние од цигарите и алкохолот. Доколку редовно го конзумирате или ја перете усната шуплина со него, тој спречува појава на кариес и ги штити непцата и грлото (во студија, во која учествувале 940 мажи, било докажано дека оние мажи кои пиеле зелен чај имале појаки и поздрави забни непца) Ја намалува појавата на тромбоза, односно ја спречува аглутинацијата на крвните плочки - тромбоцитите. Може да се користи и како средство за чистење и освежување на кожата на лицето. Честото конзумирање на зелен чај може да ја зголеми јачината на коските (благодарение на катехинот кој го содржи зелениот чај) , да го стимулира растот на коскената срж, да го успори нивното распаѓање и да спречи појава на остеопороза (тајвански научници откриле дека високата содржина на полифеноли во зелениот чај ја одржува густината на коските и со тоа ја спречува остеопорозата. Затоа на жените, посебно во периодот на менопаузата им се препорачува да пијат зелен чај во поголеми количини) Нова студија во Јапонија ја открива врската меѓу честото консумирање на зелен чај и помалата појава на депресија... Новата студија е извршена на 1058 жители од Јапонија на возраст од 70 години. Позитивен ефект се манифестирал кај оние испитаници кои секојдневно пијат по две до три чаши, а резултатите се уште подобри меѓу испитаниците кои дневно пијат по четири чаши на зелен чај. Точниот механизам на дејството на зелениот чај врз депресијата се уште не е јасен, но ова е уште една во серијата на докажани благотворни ефекти на мултилатерален пијалок. __________________
ok fala mnogu jas inaku nesum voopsto debela imam samo kilogram - dva otpojke zato sakam da pijam zelen caj za da mi se zabrza metabolizmot no kolku so procitav ovde treba da se pie bez seker pa zatoa sakav da znam dali ako go pijam so kafeav seker i cimet ke ima pozitivni efekti. pozd
За најдобри ефекти се претпочита да се пие без додатоци. Ама ако веќе ти е неподнослив на вкус, додај му лажица мед, а можиш и цимет. Исто и циметот е добар за забрзување метаболизам, па ќе имаш плус ефект. За кафеавиот шеќер не знам, иако е поздрав од белиот јас не би ти препорачала да редиш. Првите неколку пати е грд на вкус зелениот чај, има доста остар вкус, ама со секое наредно пиење ќе се навикниш па ќе почниш да го пиеш без никакви додатоци. Во секој случај биди упорна и пиј по 2-3 шољи секој ден. Не се откажувај ради вкусот, се е до навика.
Доколку неможете да го пиете обичниот зелен чај пробајте со зелениот чај со мирис на лимон и на мед повкусен е
Од скоро и јас почнав да пијам зелен чај, ги читав мислењата и гледам дека навистина добар е во глобала за цело тело. Бидејќи сакам да го смалам стомакот секојдневно правам вежби и козумирам до 2 чаши зелен чај. Некако се навикнав на вкусот, го пијам со малку мед или со 1 лаж. шеќер, не можам без ништо.
Мене никогаш не ми бил посебно вкусен, а во последно време почна и да ми се згадува. Таман да кренам раце, го открив овој со вкус на мандарина, и се навлеков на него! Мандарината има силен вкус, и го убива вкусот на зелениот чај. Мене ми се допаѓа повеќе од било кој друг зелен чај!
Од Бугарија скоро го земав чајот. Прекрасна комбинација на јасмин и зелен чај. Јасминот му дава многу убава нота на зрела кајсија....убавини. Не сум сигурна дали го има овој чај кај нас. Во Бг го има во Била и во Метро.
Дефинитивно најубавиот зелен чај што сум го пробала Има неодолив мирис. На мене зелениот чај ми нема лош вкус. Да, малку остар е, ама не ми пречи воопшто. Некогаш дури ми е и задоволство да го пијам. Имав едни со мирис на портокал и лимон, не знам од кој производител беа, жолти и потрокалови кесички. Ама и кај трите, тоа е само мирис. Вкусот си е тој горчлив вкус на зелен чај. Пред една недела некаде земавме со цимерката еден од КАМ маркет. Еве си седи скоро цел, понекогаш онака од мерак си сварам колку само да се разочарам. Нема никаков вкус, како да пиеш превриена вода, ама битно успева да ми ја избои цела шолја, не водата, туку шолјата. Ужас Треба да идам да си купам некој подобар.
Јас го пијам без никакви додатоци и убав ми е се до навиката ,значи пробајте неколку пати и не е така лош како што го опишуваат
auu ovoj zelen caj na lipton ne da e dobar, prekrasen e !!! samo e mnogu skap, a i go nema sekade, recisi i nikade go nema, a 160 den e edno pakuvanje od 20 kesi;ki, za razlika od ovicniot sto e 60 den... jas go pijam toj na cedevita, i ne e los, mu dodavam malku med i limon
НАЈДОБРО Е ДА СЕ ПИЕ НИ МНОГУ ЖЕЖОК НИ МНОГУ ОЛАДЕН ,НА СРЕДНА ТЕМПЕРАТУРА Е ИДЕАЛЕН,ЈАС КОНСУМИРАМ НАУТРО ,ДАЛИ ДА КОНСУМИРАМ 2 ДО 3 ПАТИ?