Пиев едно време па престанав, сеа го пијам околу две-три недели и нема кај мене ефекти пошто не мрднав од последно ко симнав кило. Многу сум разочарана ама не се одкажувам, еве баш сега пак ќе пијам ако не помага за слабеење важно е здраво да се пие.
Зелен чај пијам може година и пол/две без престан секое сабајле (и во моментов ја тегнам чашата), а некогаш и повеќе пати во денот (всушност само таков чај и пијам) и кај мене нема никаков ефект за слабеење, барем не е од него. Да не ве разочарувам ама ако чекате резултати само од чајот без активност и ограничена исхрана, нема никакви значајни промени во изгледот. Она што сум го забележала е дека имунитетот ми е значително подобрен последнава година, малку ми е посреден метаболизмот и полесно се вари храната. Исто така приметив дека и лицето ми е значително исчистено и далеку поздраво изгледа отколку претходно.
Јас чајов почнав да го пијам за забрзување на метаболизам и бидејќи прочитав дека делувал и на цлулит, целта не ми е слабеење. Сакав да знам дали некоја што го пие подолго време има некакви резултати кај целулитот.
Чајот како чај само нема никакви резултати. Во комбинација со сите други средства против целулит - има. Само како дел од борбата, ништо повеќе. Само од чајот нема да го снемува
Јас внимавам на исхрана веќе месец-два и вежбам на орбитрек, а планирам и да почнам да пешачам или трчам. Нормално не мислев дека само со чајот и седење ќе има ефекти Туку денес кога се мерев - килце минус Уште само едно ми остана до идеалната тежина
Јас мразам чај и отсекогаш сум мразела.Имам пиено зелен чај ама не сум приметила слабеење ама добро не го пиев постојано зошто ми се згади.А и сум слушнала дека чај се пие без шеќер за да дејството кое го има чајот биде правилно внесено во организмот.Шеќерот влијаел на чајот,нешто така.Е сега тие што пијат зелен чај нека ни кажат дали пијат со шеќер и дали и покрај тоа има резултати на слабеење?
Ја го пијам без шеќер, со шеќер нема ефект, плус шеќерот е штетен. Секој чај го пијам без шеќер. Може и мед да се стави, ама не преферирам, пре би да касна лажица мед така место да става во чај.
Денес прв пат си направив, решив да пијам повјеќе зелен чај и повејќе вода.Мислам дека колку-толку ке ми помогне за акниве
почнав да пијам па да видам дали ке ми делува на тонирање на телобо...прано мнооогу одамна ми помогна ама јас не сакам да ослабам туку некако да добијам на чистина на телото ама ме мрзи да вежбам неверојатно
Зелениот чај го гледам како помошно средство за слабеење, а не како единствена алтернатива. Конкретно, тој помогнува за исфрлување на токсините од организмот, па така го чисти организмот, се подобрува тенот, се забрзува метаболизмот, помага за постигнување повитко тело. Знам дека нема привлечен вкус, но најдобро е ако се пие чист, без ништо внатре. Јас купувам само од Виталиа, најубав ми е тој, иако е поскап, мене ми трае бидејќи пијам по една чаша дневно. (Моментално не пијам, само на вода сум).
јас пијам зелен чај скоро две недели..внимавам на исхраната и имам ефекти намален ми е обемот околу половината..но чајов го пијам со захарин..умерено нормално .малку наблажнува но мене баш ми делува..и пијам по 4 шољи..на ден..на сите они кои не му е убав вкусот на зелениот чај им препорачувам да го засладуваат со захарин..вкусен е
Јас пијам зелен чај 2пати дневно веке 1месец и по малце внимавам на исхраната и ослбев 5кг за 1 месец вака ми е супер, ем јадам се што ми се јаде ем ослабев ке продолжам вака
Zdravo na site,Jas sum nova tuka i bi sakala da go spodelm moeto iskustvo so zeleniot caj.Imav visok kg i slusnav za zelen caj.Trebase da pijam po 1,5l na den,na pocetok mi bese nazimislivo zatoa sto nema ubav vkus.Jas go mesav so edna kesicka caj od brusnica i tri kesi zelen caj na 1,5l voda,mnogu se podobri i sega seuste go pijam i toa bez problem.Oslabev 33kg za 10 meseci.Se custvuvam mnogu dobro,znaci nemam nikakvi problemi,krvnata slika mi e super.Porano probuvav so razni dieti i sekogas neuspesni,se custvuvav iscrpeno,bez energija,za razlika od sega.pozdrav
Едно прашање ако може да ми кажеше-дали има ефект ако направам зелен чај и го ставам да се лади во фрижидер па го пијам после неколку часа? Сега за во лето ми е највкусен ладен, освежува. Ама дали ефектот е ист? Благодарам
од зелен чај ослабе 33 кг за 10 месеци???? Чудно... како и да е, помага, ако не да ослабнете, да не се здебелеете јас го пијам тој од 1001 цвет, со вкус на лимон, незасладен, сум пробувала секакви, обичниот зелен чај ми е горчлив, и неможам да го пијам без мед и лимон, незнам дали е штетно што е со вкус на лимон, но добар ми е, пијампо 2-3 шолји дневно, ладен... исто така убав вкус има и тој од липтон, и цедевита, ако им ставите малце мед и лимонче... ммм
јас го пијам ладен, но не од фрижидер, го варам и после неколку часа сам се изладува, ако ми е многу топло ставам неколку коцки мраз, подобар е од леден чај