Го имам пиено, кај мене го немаше посакуваното дејство а и вкусот не ми е убав така да се откажав од него ...
И јас почнав да пијам Зелен чај,еве веќе 2 недели и мене не ми е со гаден вкус.Си го пијам без шеќер со лимон по една чаша во денот.
Јас пред две години бев на Диета и ослабнав за 2 мес 18 кг. ( кој си ги вратив пак и тоа дупло ) Е сега истовремено го пиев и чајот три пати на ден, не само зелениот туку наместо вода си пиев и др чаеви ( Камилица, нане, се шо ќе ми се најдеше при рака ) ... Добар е за топење маснотии , помага ...
Почнав да пијам зелен чај, од сабајлево, се токмев неколку недели затоа што тука викавте дека е многу гаден. Воопшто не ми е гаден, ми има вкус на увин чај, а јас често го пијам ради проблеми со бешика.
Чајот не е толку гаден како што сите викаат.Можеби има чуден вкус но со тек на време се навикнувате и нема да ви биде грдо.Го пијам скоро секоја вечер.И многу пооубаво се чуствувам откако ќе го испијам,бидејќи последно време имам многу проблеми со подуеност на стомакот.
Зелениот чај го подобрува метаболизмот,доста гозабрзува и е антиоксидантен,но не очекувајте чудо и дека ако го пиете дека ќе ослабите 10 килограми за месец дена.Го пијам секој ден по три пати и да,ми помогна да ја намалам тежината и доста ми го забрза метаболизмот,но додека го пиев водев и специјален режим на исхрана па затоа се здобив со резултати.На вкус мене не ми е воопшо лош како што кажуваат некои и ми е поднослив за пиење.Покрај тоа што е добар за метаболизмот има и многу други дејствија,доколку се пие редовно се намалува ризикот од рак и срцеви заболувања.Нема штета од овај чај во никој случај,но да не се претера со конзумација бидејќи се што е претерано е штетно за организмот.
ах денеска бев кај стрина ми во кафана и погрешка наместо чај од нане си ставив зелен чај ми беше убав ама после тоа на секој 5 минути во веце кај настината уште чајот ми фалеше
Јас го обожавам зелениот чај. Има многу позитивни влијанија. Најчесто го пијам како супститут за кафе, бидјеќи содржи кофеин. Зелениот чај го забрззува метаболизмот и е идеален за одржување на витка линија. Исто така врши детоксикација на организамот. Консумирајте секојдневно!
редовно пијам зелен чај 1 саат после ручек...убав ми е особено оној пикантен од good nature или со ѓумбир од vitalia . инаку од lipton зелениот чај имав страшни болки во желудникот дека е прејак... забележав дека од зелениот чај ми се забрза метаболизмот
Најмногу почнав да го пијам за забрзување на метаболизмот. Одам по надвор буквално на 3 дена некогаш, стомакот ми се дуе како на трудница. Пробав со ленено семе, семки од лубеници, кафиња (добро тоа и онака си пијам) и нема фајде. Се надевам ќе има резултати малку, не за слабеење, туку чисто на мене подобро да ми биде.
Дали има искуство некој со КАПСУЛИ ЗЕЛЕН ЧАЈ,ги фалат многу дека се добри во топењето на масните наслаги и во слабеењето,има ли некој искуство,како ви делувале вам,како сте ги пиеле,дали сте постигнале резултати???
А колку пари е овој Зелен Чај? Ми се поремети метаболизмот последниов период. А бидејќи ретко примам течности, имам проблеми и со бубрезите. Па сакам да почнам да го пијам. Пиев баланс + као демек ама ништо, желудникот тапа.
Чајот е 20-30 денари.Само не претерувај со пиење,затоа што некаде читам дека е корисен за пиење,некаде дека е штетен.Како и да е,има на нет напишано по колку е дозволено да се пие дневно.
^Што чај може да има во тие 20-30 денари? Баш во Керфур видов за 15 денари кутија, ми падна смешно и си земав една од Хибискус колку да пробам. Леле луѓе, еден никаков вкус, една неприродна боја... наместо црвенкаста, оваа беше тегетна! Којзнае што има во него, којзнае какви вештачки бои ставиле. А пишува 100% природен чај Не купувајте било какви чаеви.
Јас за зелен чај секогаш претпочитам во ливчиња него во филтер ќесички. Појак вкус има и можеби е нешто поскап ама барем знам дека пијам зелен чај. Едно време го имаше во продавници за здрава храна, и 100 грама беа околу 50 денари. Од ливчињата не се става многу и верувајте трае долго. На виталија мислам имаат во ливчиња или во Ла Ча 100% има. Овие од филтер зелениве чаеви се жива глупост, џабе фрлени ви се парите посебно ако за слабеење или прочистување ако го користите.