Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зелен чај

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 6 јануари 2010.

  1. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Читајќи колку е здрав зелениот чај од вчера почнав и јас да го пијам зелениот чај на Милса оној од КАМ маркет. Ептен сум љубител на чаеви преку цела година, најверен муштерија на чаевите од Кам сум :D Сите ми се убави освен зелениот чај кој незнам зошто секогаш го одбегнував,а тој да ти бил најздрав :fubar: ама тоа тие некад касно палам.

    Сакав да ве прашам доколку знае некој колку навистина се добри овие чаеви? зошто имаат навистина ниски цени,а многу убав вкус.
    [​IMG]
     
  2. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    А да пробаш да си земеш зелен чај ама на Цедевита што е, јас еднаш земав од овие на Милса ама некако ич не убав беше, слаб и некако горчлив, а овој на Цедевита ми е баш симпатичен.
    Најдобар зелен чај ми е оној од суви листови што е, не филтер кесички ама тој многу скап е.

    Иначе го пијам често, јас земам 2-3 кесички зелен чај + една нане и ги растварам во 1,5 литар вода, и по цел ден со флашата се шетам, и за некое чудо мене чајов ми помага за слабеење, а и вака барем знам дека минимум 1,5 литар течност сум испила дневно.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  3. leo-n-tina

    leo-n-tina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    386
    Го открив најубавиот зелен чај од Виталија во ливчиња но не е чисто зелен чај ,туку зелен со лимон и ѓумбир,и стварно е малку поскап но вреди за сите пари ,а и помалку се става а аромата е појака.
    И јас со почеток на диетава почнав да го пијам не верувам дека се слабее ама за детоксикација е добар па затоа и го пијам .
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.307
    Пол:
    Женски
    Леонтинче и јас го пијам тој, јас ги пијам сите на Виталија уствари ама овој ми е одличен, многу им е убав. Овие на КАМ се гола вода, види им ја цената па види го составот и се ќе ти стане јасно. Составот на чај е претежно билка, додаваат од билкиве колку за арома, затоа читајте го составот колку има од билката, зелен чај или брусница или камилица или било што.
     
  5. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    На составот од зелениов чај од Кам пишува нефермитиран лист од зелен чај. Вкусов му е смрт фашизму! ама вагда таков треба да биде, гледам дека и многумина се жалите на вкусот. najubava2010 фалати за препораката ќе си го купам деновиве.

    Ако некој го интересира составот на дел од остантите чаеви.
    Додека на омилениов мој Брусница, се има само брусница нема :D
    - мелен цвет од хибискус 50%
    - мелена дива јаболка 30%
    - мелен плод од шипка 15%
    - природно идентична арома на брусница 5%

    Камилица
    - цвет од камилица

    Нане
    - лист од питомо нане
     
  6. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Најдобар ми е на Виталиа,и само тој го конзумирам....Виталиа се дефинитивно бр.1 на пазарот,и нивниот чај до брусница е супер...Повеќе го претпочитам оној од брусница... :)
     
    На AlicaInWonderland му/ѝ се допаѓа ова.
  7. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    ај и ваков да пробам.
    сите зелени чаеви што ги имам видено сум ги купила апсолутно никој не ми е убав
    имам земено зелен со тахебо ама и тој не го бива
    имам читано дека комбинација зелен со ѓумбир е преуба за слабеење
    обавезно купувам па ќе ви кажам дали можам да го пијам
    ете сега си направив и му ставив и кеса од портокал и цимет оти од чист ми се повраќа :( :(
     
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Зелен чај со жен-шен и зелен чај со Sencha Special на Виталија. Најубави ми се!

    И јас сум за тоа дека виталија ги имаат најдобрите чаеви. Едниствен чај од брусница, кој стварно е од брусница, 60%.

    И тој зелениот на Good Nature со нане ми е добар.

    Ма и онака кога ќе му ставам медче, се е вкусно :)
     
  9. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    11.670
    Пол:
    Женски
    Јас зелениот чај го сакам чист, без примеси и ароми на мед, лимон...
    Лично, Цедевитата ми е најгрд.
    Аја, зелениот чај и треба да има таков чуден, блуткав вкус. Имам испорбано на повеќе фирми, од кои и Милса и сите се ама баш исти. Зошто пример да фрлаш 60ина денари за Гуд Нејчр, кога и на Милса е ист.
     
    На A-j-a му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Девојки јас сум на диета. Дали е во ред доколку пијам зелен чај? И кој е најдобар за слабеење? Ве молам најискрени одговори. Парите не се важни, ќе го купам. Се ќе сторам за пустово сало да се стопи до мај. :lol:
     
  11. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Да, многу ке ти помогне. Обично се пие наутро а веке вечер ке одаш по вц :D Ти ги топи сите масти, инаку не е повеке од 100 денари :) барем во мојот град не е повеке од 100 :)
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.415
    Допаѓања:
    22.763
    Пол:
    Женски
    Јас пробав еден период да пијам зелен чај, и тоа не чист туку со мед пишува дека е на пакетчето. Ама пак ми беше никаков по вкус, горчлив, и не можев да го пијам. А тие неколку дена ми помагаше за одење во веце. Дајте некоја комбинација со него која би можела да ја пијам ? Со некој друг чај да го мешам..
     
  13. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    ^ Па можеш само обичен зелен чај, со лимон :) ептен е убаво така :)
     
  14. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    988
    Пол:
    Женски
    јас друго сакам да прашам......на пример ако се напијам од сабајле од чајот,по колку време отприлика се оди во wc? :^) важно ми е пошто одам и втора смена на работа,па да не трчам во wc на работа :^) :D :D фала ви на одговорот кој и да ми одговори ;)
     
  15. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Исцеди лимон или 1 лажичка мед.. ама така се глубат својствата. Најубаво е да се пие природен, на сила, на сила... после некое време ќе се навикнеш. И мене не ми е многу убав, ама на екс со затнат нос, ништо не се чувствува :D
     
  16. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.277
    Да, ама друго ми беше прашањето мене. :)
    Кој бренд е најдобар? Виталиа, Алкалоид ли :lol: (не се разбирам). Ама која од овие онака најмногу ѓи топи мастите? Бидејки во претходните постови девојките споменаа многу фирми и сега јас не знам која е најдобра и од која да купам. Вкусот не е важен. :)
     
  17. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    :D Oд Vиталија според мене :) Nие дома таков користиме, на мене ми се допага :)
     
  18. Bescheiden

    Bescheiden Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    193
    Се супер, само ми е чудно како може по 2-3 чаши дневно? :o Јас одвај една пијам.. а и плус, не е јак? Има и кофенин -.- цела вечер око нема да склопам..
     
  19. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Јас да ви кажам ептен пријатно се изненадив од зелениот чај на Милса (од КАМ). Еве потрошив едно цело пакетче. Цел живот мака мачам со подуеност на стомакот, ако ми верувате буквално од само една голтака вода ми се дуе ко да сум јадела за цела војска. Е сега приметив откако го пијам чајов веќе не се дујам ко балон дури и кога ќе јадам не ми се дуе стомакот туку она нормално минимално. Пијам две чаши на ден, сабајле и навечер задно со јадење. Не ми се верува дека леков мој бил за 20 денари, што испадна дека и ниската цената немора да значи дека не е добар чајот. Сега си го купив обичниот зелен чај без додатоци од Виталиа, сеуште го немам пробано, ми се допаѓа што не е во филтер кесички, па ќе видам како ќе се покаже.
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    дали имате заприметено од зелен чај да ве боли главата?????еве неколку дена пијам почесто и ме боли мн главата (мигрената)
    дали можи да е од тоа???