чупиња да ве прашам нешто пак..имав пишано погоре за истото ама не ми одговоривте.....купив зелен чај ама уште немам почнато со ритуалот конзумација ме интересира по колку часа од пиењето настапува дејството одење во wc?
Незнам за другиве како им е мене не ме спотерува во вц не се плаши ти написе една чаша па ке видиш секој организам е различен и не реагира исто.
И мене исто не ме спотерува во ВЦ,чак сега прв пат прочитав дека може да има такво дејство. Почнав да го пијам неодамна,лично мене па и ми нема некој гаден вкус.Со изцеден лимон или портокал во него немам гајле си пијам по литро на ден. Бидејки и онака цел живот ми беше проблем конзумирањето течности во текот на денот,сега ако не друго со чајов внесувам доволно течност во организмот. Е сега дали топи масли или не, не знам. Се надевам дека ке има некој ефект од толку пиење.
и мене не ме спотерува во wc. јас демек јадам овожје насабајле и си мислев ќе ми се промени малку тоа ама слабо ни со овошјето ни со зелениот. а иначе и јас си варам од виталија (најубав зелен чај што постои) по литар можеби и повеќе во бокал и си пијам во текот на денот
И мене не те тера да одам во вц. Се е нормално. Без шеќер, без лимон гаден е. Нема некој убав вкус. Ама има квалитетни состојки и затоа почнав да го пијам. Чашата ми ја обои од бел во кремава внатре.
ако се варе подолго од колку што треба ќе биде гаден.. јас си пијам зелен чај навечер претежно и убав е. Ставам и мед да биде поубав ама го имам пиено и без и не е толку лошо
Само ќе зовре водата и посипувам. Ако не е доволно врела тогаш како бел венец ми се прави врз чајот, врз течноста. Без шеќер, ми нема некој вкус. Инаку требало да се почне да се пие по 1-2, јас некогаш и 3 пиев. Леле после главата ми тежеше. Е веќе не, по 1 бидејќи има многу кофеин.
Зна4и јас пијам зелен 4ај ама не оби4ен пошто кога одиш во аптека кажуваш зелен чај ти даваат оби4ен(исто и у супермаркети),но кога ќе кажеш зелен 4ај за слабеење ти даваат друг.Јас го пијам тај за слабеење ама не интензивно пошто ти го забрзува метаболизмо како ѓавол и постојано те тера да идеш у вц.И тоа не само еднаш после јадење него на секое јадење после тоа те тера да идеш у вц Ако сте дома и имате слободно време можете да го користите за максимално да го поминете во вц ,а ако планирете да одете некаде НИ СЛУЧАЈНО
Јас започнав да го користам зелениот чај кога започнав со вежбање. Резултатите беа добри ама вкусот не ми се свиѓа премногу [практикувам да го конзумирам без шеќер]. Забележав и подобрување во помнењето исто имам и поголема концентрација. Дефинитивно не се брише од листата на секојдневни пијалоци и покрај вкусот ама ќе поминам преку тоа
Јс од обичен си пијам, не за слабеење, да ќе пијам многу повеќе чаеви во иднина, кафето ќе го сведам на минимум. Сепак здравиот начин на живот може да помогне за одредени болести да спречат.
Здраво феминки Нова сум и имам слушнато за зелениот чај и имам читано доста од форумот па решив и јас да ви се придружам. Го имам пиено некое време но мн ми е одвратен неможам да го поднесувам ми се врти мн од него па почнав да пијам чај од магданос но нема резултати. Ве молам за помош сакам да ослабнам барем 5-6 кг
zdr jas go koristam zeleniot caj eve dve nedeli pijam po 4 casi dnevno no rezultat za slabene nema dali nekoj moze da mi odgovori po kolku vreme koristene se gleda rezultata.Inaku zeleniot caj e na MACVALgo pijam bez zasladuvane ve molam ako nekoj moze ili go ima istiot problam da mi kaze
^ Па ако не вежбате и не внимавате на исхраната се сомневам дека само конзумација на чајов ке ви помогне во намерата да ослабнете.
Ако исхраната е нормална (такозвано диетална) би требало да имаш резултат во забрзување на метаболизмот. Ама со Мацвал чаевите - тешко дека тоа ќе стани Менувај бренд, тие не чинат за ништо. Мене најдобар до сега ми се покажал на Цедевита.
so ishranata e ok na stroga dieta sum bidejci imam problemi so zeludnikot no i so dieta i so cajot nema ni malku namaluvane na tezinata imam 70 kg a treba da oslabam 15 kg a zeleniot caj na cedevita po kolku vreme koristene vi pokazal rezultat i kolku pati vo denot i kolku pievte ve molam da mi odgovorivte
Тоа што го пиеш е ок,но само од чајот тешко дека ке ослабнеш битно е што и колку внесуваш во текот на денот и колку вежбаш.Ако не си физички активна многу тешко а исто и за храната повеќе овошје и зеленчук.Леб,пржено,фаст фуд,благо,чипсови,шеќер тоа никако.И треба време и истрајност.И да ти кажам не се надевај многу само на чајот почни да вежбаш или ако не почни да пешачиш и многу битно број ги калориите до 1200 на ден.Јади и месо(пилешко,риба) но се во умерени количини.Битен е доручекот и тука внесувај јаглехидрати.Се надевам дека ти помогнав и ако имаш др прашања пиши лична порака поздрав до тебе
Јас еве почнав да го пијам неколку дена. Не ми е гаден воопшто. Полека си го пијам и не го ни чувствувам. Ќе продолжам да го пијам и ќе ви кажам дали има резултати.
^ Зелениот чај не може да направи чуда во однос на слабеењето, особено ако не се практикува вежбање и внимавање во исхраната. Пред се, пијте го затоа што е здрав и е добра замена за кафе. Не знам за вас, ама мене ме заситува, па во комбинација со житна плочка - ми заменува цел оброк. Само што, читам овде дека некои од вас го засладуваат заради вкусот, а треба да се пие чист. Ако веќе толку не можете да го поднесете вкусот, ставете во него половина исцеден лимон. Јас така го пијам и воопшто не ми е гаден. Освен тоа, лимонот е добар за согорување на мастите
Го пијам на виталија го сакам дурии тој со ѓумбир и лимон што е ама пијам пожелба 1-2 шољи ретко 3 не толку заради ефектот на слабеење кој е најголем по вежбање значи правев вака вежбав па чај супер ефект и забрзување на метаболизмот и топење на мастите . Најмногу го пијам заради балансот на оксидативните процеси во телото и антиканцерогеното дејство