Зелениот чај не е од типичните чаеви за слабеење. Така да не би требало да очекувате некои големи резултати само од него.Вистина е дека го забрзува метаболизмот, но нема да направи чудо и во никој случај нема да ослабните само од него. Јас пијам многу зелен чај. Не ми е гаден, не ми горчи, убав ми е, некогаш и ми е замена за кафе, и го пијам затоа што е здрав. Пијам многу долго време.И да не почнев да вежбам немаше да ослабам само од чајов. Така да не очекувајте нешто многу да ослабете. Пијте го првенствено затоа што е стварно здрав
Секој ден си пијам по пола две три шолји, тоа му доаѓа некаде пола литар. Го пијам додека е топол и му додавам само цеден лимон, ништо друго. Летно време го оставам да се излади убаво во фрижидер, а потоа му додавам листови нане, коцки лед и цеден лимон, или цели парченца лимон. Многу ме освежува во летниот период и ми е замена за сите оние сокови кои се полни со шеќери. Знам дека е многу здрав, дека е антиоксиданс и дека го забрзува метаболизмот. Многу помага и во топењето на мастите и прочистувањето на организмот. Мене лично многу ми помогна во ослободување од целулитот, пиев по еден литар на ден и во комбинација со вежби и масажи за еден месец ми го снема. Си го пиев наместо други сокови и неприродни чаеви. Незнам дали има некаква штета ако се пие повеќе?
Има. Исто е влијанието речиси како кафето. Јас имам тахикардии од зелен чај,па прекратив со пиењето воопшто,ама имам друг проблем јас,но и за оние здравите повеќе од две шољи на ден не се препорачува. Понапред на темава имаме дискутирано. Литар зелен чај бога ми... срцев удар. Од еднаш може ништо, ама на дневна основа подолг период. И не се пие ладен,во ниту еден случај. Исклучиво топол, не знам како, му се менувале својствата,па ладен речиси и да не ги има тие антиоксидантни својства,а и припремата е специфична. Се пие исклучиво свежо направен. Не се прави во зовриена вода, туку во вода пред вриење токму или ако не сте сигурно,само што ќе зоврие водата,она кога ќе почне меурчиња да се прават и да се прави пареа и да отстои само 2 минути,никако повеќе. Ги читав работиве кога бев загреана за да го направам здрава навика,ама ништо,не е за мене,не ми прија воопшто.
Аман бе јас од кафе(турско) имам тахикардии и ми се тресат рацете, ама до сега од зелен чај не сум приметила да имам, незнам зошто така... Ќе намала на една шолја дневно тогаш, имам чуено и јас дека не треба да се пие ладен ниту пак да стои многу така да кога е топол го пијам одма. Друго заборавив да кажам дека скоро секогаш го комбинирам со брусница или нане, односно во шолја од 250мл ставам една вреќичка зелен чај и една вреќичка брусница или нане, ептен убав вкус има така. Фала за инфото Лилит
Јас воопшто немам мака од зелен чај барем досега си пијам по 1 шолја во денот и тоа од онај од KAM маркет си го земам и не ми јак многу таман е !!!!!!!
Добра идеја ти е ова со мешањево,знаеш дека. И онака го продаваат со вкус на ова или она,вака барем сигурна си дека не е само арома,туку баш чајче.
Скоро секој ден го пијам .Исклучиво топол и со малку лимон исцедено ,затоа што вкусот и не му е нешто нај нај .
Нема што да е страшно, ствар укуса Инаку девојки каде можам да најдам зелен чај во кутија, не во ќесички . Ме сфаќате што сакам да кажам де
Пијам кога ќе ми текне, ама често (свесно) заборавам. Ич не ми е убав, ама па од друга страна е многу здрав Најчесто пијам на работа, зошто сите колешки пијат, па ајде и јас, заради друштво
Чаевите на Виталиа Ако не ти го отвара линкот оди на www.vitalia.com.mk таму ќе прочиташ за нивните чаеви. Иначе ги имаш по маркетите и во аптеки.
Луѓе, не претерувајте со зелениот чај, пиев јас по 4 шољи на ден, долг период, си го уништив уринарниот тракт, почнав да добивам огромни болки и на секои 5-10мин во WC. А и не знаев од што ми е, подоцна увидов. Од кога престанав со тоа, се ми се врати нормала. Сега брзо истото му се случи и на една другарка, исто и таа пиела по 4 на ден. Друга пак се онесвестила од преголема конзумација, тоа често мокрење прави да дехидрирате. Мој совет е да пиете максимум три пати неделно.
Јас пијам по литро на ден и немам никакви проблеми, често одам во вц да, меѓутоа бидејќи пијам + 2 литри вода, цедени сокови и се по ред
Јас да прашам за зелен чај во капсули што е, од која аптека го купувате, затоа што прашав во две ама го немаше...
дали е вистина дека зелениот чај те тера да слабееш?? јас не осетив ништо кога пиев.викаат дека тера по голема нужда а јас само по мала одев дека пијам 4 литри вода дневно
Мислам дека на сите ни е грешка што упорно очекуваме една работа да има ист ефект секаде. Конкретно за зелениов чај и слабеењето, чајот има низа на позитивни ефекти, една страна нема без статија за неговите бенефиции. Не можете да очекувате од 4 шолји на ден 10 кила да ослабенете, па да беше така сите манекенки ќе бевме. Чајов го забрзува метаболизамот и да, некого ќе го тера на голема нужда, некого не. Истото ви е и со кафето, има луѓе што после две голтки трчаат во тоалет, има некои што мува не ги лази. Некој ќе ги осети ефектите преку слабеење, некој на друг начин, ама ако го конзумирате редовно и тоа оној квалитетниот сигурно ќе има некакви резултати.
Па еве година дена веќе скоро секој ден. Обично со го правев наутро па го ставав во шише и го пиев во текот на целиот ден, меѓутоа прочитав дека не е добро да се остава да стои подолго време, па сега си варам по една шојла и го пијам веднаш. Ми се фаќа 2-3 шолји да испијам во текот на денот затоа што не сум во можност постојано да си го приготвам свеж. Јас пијам толку многу чај затоа што не пијам други сокови, значи само чај и вода си пијам. Исто го комбинирам зелениот чај и со други чаеви, со нане, со брусница, со камилица... зависи што имам во моментот и никако не му ставам шеќер или мед. Можеш пола лажичка ѓумбир да му додадеш во една шолја или ако неможеш да го пиеш без шеќер земи си стевиа 0 калоричен засладувач, го имаш во Тинекс и поголемите маркети.
Женски а ако измесам зелен чај со цимет и магдоноос да го направам цај тоа даи ке има некој побрз ефект на слабеенје??