^Од зелениот чај не се слабее-тој само го забрзува метаболизмот. Ако пиеш зелен чај и ако вежбаш ке слабееш! Спојлер Барем јас така знам!
Јас пијам зелен чај секое сабајле, пола саат пред доручекот. Му додавам еден цеден лимон. Се навикнав на вкусот и веќе не ми смета. Добра навика.
Јас зелен чај пијам после јадење ми го смирува стомаков и подобро се чуствувам на почетокот ми беше грд а сега не можам да замислам да промашам ден да не пијам ама мислам дека треба да направам пауза дека читав не е здраво да се пие нонстоп па ќе направам мала пауза па ќе продолжам пак. Инаку јас овој го пијам и најубав ми е.
Ме интересира дали има некакво дејство зелениот чај врз менструалниот циклус бидејќи јас од кога го пијам извесен период ми доаѓа една недела до 10 дена порано.
Мене пак ме интересира дали може да се појават бодежи во срцето од честа конзумација на чајов? Поради неговата јачина???
Значи јас го пиев чајот секојдневно по една чаша од 200 мл и не сум имала никакви проблеми со срце,стомак или било шо...позз
Јас денес започнав да го пијам зелениот чај. Сега си купив еден со лимон, па би требало поубав да е Пиев и порано, но паузирав одредено време. И да, точно е дека зелениот чај во комбинација со физички вежби е навистина делотворен. Пред 4-5месеци сакав да симнам неколку кг. и ми успеа. Ама не е само да пиеш чај и да вежбаш, мора и целосната исхрана да ја избалансираш. Јас си ставам и 1 лажиче мед, зошто инаку ми е ептен горчлив. И дома и мајка ми и братучеда ми ги натерав да пијат.
И јас нешто да напишам за зелениот чај што имам читено ни интернет. Зелениот чај е најголем резервоар за антиоксиданси ,го спречува предвременото старее на клетките,ја подобрува концетрацијата,ја ревитализира кожата,штити од акни има добар антиканцероген ефект,го штити срцето ги штити крвните садови и го намалува крвниот притисок.Се препорачува за студенти и ученици. Јас немам пробано,но уште утре во првта продавница купувам.
сакам да ослабам едно 5 - 6 кила. доколку правам вежби пијам зелен чај а и исхрана на ниво за колку време отприлика би можела да ги симнам тие килограми ? ако имате и совет плус за слабеење добро би ми дошол
jas пијам зелен чај, со лимон и малку мед, помага во слабеењето да, ама треба и да се внимава на исхраната, сега ќе пробам да го комбинирам со УН диетата, па ќе пишам за резултат
Јас пијам веќе два месеци, но вчера од професорката по билогија слушнав дека бил штетен за организмот (го покачувал притисокот) и бил дозволен само во мали количини-1 чаша на ден,а јас пијам скоро по литар.Штетно или .....што мислите?
литар ке се отруеш со толку , пиј 1 чаша преку еден ден јас така пијам ,или можеш секој ден ама по една чаша
Ја имав денови кога пиев по 3-4 шољи,ама реално не чини. Уште сум жива,здрава ама толку кофеин дневно,не е на арно....
Она што го приметив кај себе од зелениот чај кој едвај го навикнав да го пијам е дека ми го убрзува метаболизмот односно ми помага при празнењето ....но понекогаш знае и да ми прави грчеви во стомакот ( само од оној на good nature ) и мислам дека се што конзумираме во умерени количини не е штетно. Сега за сега го навикнав некако и пијам по една шолја на ден без ништо ни мед ни лимон ни шеќер...се навикнува човек. А сам по себе мислам дека доколку не внимаваме што јадеме не помага
Обожавам зелен чај, класичен, си цедам лимон во него и така ми е мн вкусен, но и без лимон можам да го пијам, а со шекер ми е некако гаден. Инаку мн е здрав, но никако повеке од една шоља дневно бидејки е мн јак. Не треба да се попарува со зовринеа вода туку кога ке има на дното на џезвето ситни меурчиња и да се држи кесичката во вода 3мин. не повеке. Не пијам никакво кафе, така да чајчиња си цепам, а зелениот ми е омилен.
Јас кога почнав да го пијам не ми беше убав ама со тек на време се навикнав. Убаво е да се пие во умерени количини, зашто во спротивно е штетно. Доволна е една чаша на ден
Јас пијам по еден литар дневно...наутро ставам во чајник две кесички и го пијам преку ден така без ништо добро мие бедејки непијам мн вода а вака знам и го гледам пред мене и го пијам не знам дали е штетно ама ете