Незнам од каде прозилезе оваа информација дека зелен чај можеш да пиеш до две чаши на ден. Единствено нешто кое може да ви штети е ако сте осетливи на кофеинот и ви предизвикува несоница. Исто и кај бремени жени не се препорачува дека врзува фолична киселина и ја исфрла од организмот. За сите други нема врска колку пиете. Др Оз имаше на емисија дека ако сакате да слабеете треба да пиете и до 7 чаши дневно (за мене малку претеризам) ама ете колку пример дека стручњак го препорачува во поголеми количини.
како идна докторка да ви кажам дека нема штета се додека е умерено. и искрено ви го препорачувам оној од тревки, не од кесички затоа што е по реален зелен чај а доколку го пиете тој од кесичката, не дозволувајте да кесичката остане во шолјата повеќе од 5 минути. затоа што така е поопасен, во границите на опасноста сега би сакала да ве прашам дали некоја од вас го пиела Коро Слим, чајот за слабеење?
Имав многу покачен хорестерол,триста ли апчиња не пиев,и после кога ми го препорачаа зелениот чај,си скимнав на нормала. Навистина помага,здрав е многу. Едит: Јас го пиев од тревки,се согласувам со погорното мислење,дека во кесичките го нема истото делување
Јас пијам на Koro Tea дали е добар лош пијам 1 до 2 чаши на ден со малку мед и лимон .. а сакам од кога ќе го испијам овој да си купам рефус викат дека бил подобар но сеуште не знам на која фирма да го земам .. може малку помош и дали е во ред со мед и лимо бидејќи навистина не можам бев тоа
Од зелен чај може да ослабете само ако се качите на планина и го наберете! Мала шала, ми искочи на фејсбук случајно реченицава, морав да ја споделам во темава.
Се дружам јас со зелениот чај одамна, поготово во последно време секој ден пијам по пола литро во школо, забрзува метаболизам и намалува ем апетит, ем целулит (поготово во комбинација со цимет).На почеток ми горчеше ама сега се навикнав на вкусот, дури и убав ми стана. Го користам тој од Good Nature, без шеќери, лимони или било какви ароми (само понекогаш цимет ставам).
Сакам да пијам зелен чај заради неговите дејствија. Порано го консумирав по една чаша на сабајле ама после тоа ми се вртеше во глава. Некој да не знае нешто повеќе за ваква ситуација?
Би сакала да прашам од зелениот чај на Виталиа дали се прелива со вода мала или голема лажица чај и дали чајот треба да стои поклопен или не пред да се процеди?
Белиот, зелениот и црниот чај потекнуваат од едно растение но обработката во различно доба од животот на растението ги прави разликите на чајчињава. Обработката на чајот секако не е иста. Белиот чај е најмалку обработен и има најпријатен вкус од сите 3. Црниот чај има најголемо количество на кофеин од сите три. Има поинтензивен вкус од зелениот и белиот. Мене лично црниот чај не ми е нималку убав, многу ми е тежок и ми има необичен горчлив вкус. Јас не сум љубител на шеќер па не ставам шеќер во чајот, па затоа црниот не ми се допаѓа нималку. Можеби е добар со шеќер, не сум пробала и не знам.
Филтер кесичките не чинат внатре има се и сешто...јас пијам од Виталиа околу 120 денари е 100гр Зелен чај сенча пишува на него тој е најдобар за слабеење за тие што се од Прилеп скоро во секоја аптека и Тинекс го има, но не го пиев редовно сега почнав скоро една недела секој ден по кило и пол чај на ден и малку ѓумбир во него, а исто и циметот влијаел во слабеење го ставам во кафе, па ќе видиме резултати
Јас го варам стандарт како другите чаеви ставам вода во килоипол вода 2 големи л,кога ќе зоврие го поклопувам и тоа е се.
^ Јас колку што знам не треба да зоврие водата за зелен чај. Пишува обично на кутиите на која температура треба да биде водата за секој чај.. Јас моментално го пијам овој на Franck На него пишува да се прелее со вода загреана на 70 степени. Е сега, не можеш да погодиш точно 70 степени, ни степен повеќе ни степен помалку. Ама можеш приближно. Битно е да не е зовриена, затоа што колку што сум читала, се уништуваат некои состојки.
Па кога како, тешко јас да внимавам на храна. ама и не се прејадувам многу. Еве денес издржав јадев само два пати. Пошто ме нервира вака ослабнав само стомакот ми остана -.-